Нетанјаху отпатува во САД заради договор за прекин на огнот во Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху замина за Вашингтон на неколкудневна посета, во време кога се интензивираат обидите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложници. – Ова е моја трета средба со претседателот Доналад Трамп од неговиот избор пред шест месеци, изјави Нетанјаху на аеродромот Бен Гурион. Трамп претходно рече дека […]

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел


Преговорите во Катар за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел заврши без резултат, изјавија два неименувани палестински извори. Според нив, првата сесија индиректни разговори во Доха не успеа бидејќи „израелската делегација немала вистински овластувања за да постигне договор со Хамас“. Разговорите продолжија вчера пред третата посета, во рок од шест месеци, на израелскиот премиер […]

Смртниот биланс од поплавите во Тексас се искачи на 82 лица, меѓу кои и 28 деца


 Катастрофалните поплави во Тексас однесоа најмалку 82 животи, меѓу кои 28 деца, додека операциите за пребарување на исчезнати девојчиња од летен камп продолжуваат трети ден, а стравувањата од нови нагли поплави предизвикаа дополнителни евакуации. Шерифот на округот Кер Лари Лејта изјави дека само во неговиот округ загинале 68 лица, вклучувајќи 28 деца. Гувернерот на Тексас, […]

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025. Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а заедно со амандманската расправа трае десет дена. Поднесени се над 200 амандмани.  Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат […]

Муцунски во работна посета на Хаг, средби со Велдкамп и бизнисмени


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Хаг, каде ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп. – Централни теми во разговорите ќе бидат напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Холандија, како и иднината на процесот […]

Трамп: Тажно е да се види како Илон целосно ја губи контролата


Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите Држави најдобро функционираат во двопартиски систем. Еден ден откако Маск ја ескалираше својата расправија со Трамп и најави формирање нова американска политичка партија, републиканскиот претседател беше прашан за тоа пред да се качи на Ер […]

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека секоја земја што ја поддржува политиката на сојузот БРИКС, која е спротивна на интересите на САД, ќе се соочи со дополнителна царина од 10 проценти. „Секоја земја што се усогласува со антиамериканските политики на БРИКС ќе плати дополнителна царина од 10 проценти. Нема да има исклучоци“, објави Трамп […]

Студентите во блокада најавија нови протести утрово низ Белград


Студентите во блокада најавија за денеска од 7:00 до 10:00 часот нови блокади низ Белград. „Има метеж во градот? Белград на барикади“, објавија студентите во блокада на социјалните мрежи. До доцна синоќа – веќе седми ден – блокади имаше низ Белград, Ниш, Ужице, Заечар, Нови Сад, Нови Пазар, Чачак… Блокадите на протестите во градовите низ […]

Во Владата состанок на Советот на странски инвеститори


Во Владата денеска ќе се одржи третиот состанок на Советот на странски инвеститори, со учество на претставници од компании со странски капитал во државава и владиниот економски тим. За темите и заклучоците од состанокот на прес-конференција ќе информира премиерот Христијан Мицкоски. 

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда


Топлотниот бран со температури до 41 степен продолжува и во следните два дена, а освежување продор на посвежа воздушна маса од север се очекува од задутре. Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најави сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната […]

Ситуацијата по пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени ниту материјална штета


Министерството за здравство соопшти дека по пожарот што синоќа зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост. -Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните […]

Путин: Ерата на либералната глобализација е зад нас, свртете се кон сопствените валути


Рускиот претседател Владимир Путин им порача на лидерите на БРИКС дека ерата на либералната глобализација е застарена и дека иднината им припаѓа на брзорастечките пазари кои треба повеќе да ги користат своите национални валути за трговија. Путин се појави на самитот во Рио де Жанеиро преку видео врска бидејќи се соочува со потерница од Меѓународниот […]

Хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода на пожарот кај Блаце


Во седум налети хеликоптер на МВР исфрли 10 тони вода за гаснење на пожарот во реонот на Блаце, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, информираа вечерва од МВР.  Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК се вклучија во активности за гаснење на […]

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите. Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа […]

ЦУК: Активни пет пожари на отворено заклучно со 21 часот


Активни се пет пожари на отворен простор заклучно со 21 часот, од вкупно 22 регистрирани денеска. Еден е ставен под контрола, еден е локализиран, а 15 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Има активни пожари во општините Прилеп, с. Бешиште (приземен во мешана шума), Македонски Брод, с. Црешнево (деградирана дабова шума и […]

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари


Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека направени се промени кои ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле. Покрај опремата која е набавена за спречување на пожарите, посочува дека во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари. – Македонската интервентна пожарна единица, […]

На  Тур де Франс украдени 11 велосипеди. Еве колку чини секој


Францускиот тим Кофидис имаше 11 велосипеди украдени од камион пред втората етапа од Тур де Франс, објави тимот. Велосипедите беа украдени од камион паркиран на околу 150 метри од хотелот во Бонд, веднаш до аеродромот во Лил каде што престојуваше тимот. „Вратата на камионот беше пробиена и 11 велосипеди беа украдени и покрај безбедносните мерки […]

Пожар во населбата Геге, евакуирана Психијатриската болница Бардовци


Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека е под контрола пожарот во населбата Геге во општина Ѓорче Петриов кој се проширил кон населбата Бардовци и зафатил дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.  – Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на […]

Бројот на загинати во поплавите во Тексас достигна 70


Бројот на загинати во катастофалните поплави што го погодија Тексас достигна 70, а уште десетици лица се водат како исчезнати, соопштија властите на таа американска сојузна држава. Потврдена е смртта на најмалку 59 лица во округот Кер и на осум други места во централен Тексас. Во округот Кер, 38 од загинатите се возрасни, а 21 […]

Има понуди за финансирање на брзата пруга, вели Мицкоски


Премиерот Христија Мицкоски потврди дека има понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорт 10, за кои рокот за доставување завршува утре.  Да, има, рече Мицкоски, во гостување на ТВ Сител, порачувајќи дека пругата ни е потребна веднаш затоа што ќе останеме изолирани ако не ја изградиме и модернизираме.  Министерсвото за финансии има […]