Во скопската зоолошка градина починале две лами


Советникот во Град Скопје, Дарко Кирков, алармира дека во скопската Зоолошка градина повторно угинале животни – овој пат две лами, при што тврди дека институцијата го прикрива случајот. Според него, поморот трае со години, а состојбата ја опишува како „вистински хорор“. „Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години. Ја нареков куќата на […]

Мел Б се омажи за фризерот Рори Мекфи по 6 години врска


Мелани „Мел Б“ Браун и Рори Мекфи го разубавуваат својот заеднички живот. Ѕвездата на „Спајс Грлс“, позната како Скари Спајс, официјално се венча со своето момче со кое беше во врска шест години за време на романтична церемонија во криптата на катедралата „Свети Павле“ во Лондон, Англија, на 5 јули. Заедно со фотографија од двете […]

Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички


Според податоците од  платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози. Како што стои во соопштението на Народна банка, во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со […]

Во Саудиска Арабија изминатите години зголемен е бројот на егзекуции


Во најновиот извештај на „Амнести интернешнал“ (Amnesty International) се наведува дека изминатите години во Саудиска Арабија е регистриран зголемен број на извршување на смртни казни. – Од јануари 2014 година до јуни оваа година, Саудиска Арабија егзекутирала 1.816 лица. Речиси секој трет егзекутиран бил осуден за кривични дела поврзани со дрога, наведува АИ. Во извештајот […]

Кина складира огромни залихи на никел


Кина складира огромни количини никел, користејќи ниски цени за да ги зголеми своите резерви на металот, кој е клучен за нерѓосувачки челик и батерии за електрични возила, во услови на ескалација на трговската војна со САД. Се проценува дека Пекинг купил до 100.000 тони никел за своите државни резерви од декември, според две лица запознаени […]

Историски момент во НБА: Седум клубови разменија играчи, Дурант во Хјустон


Договорена е најголемата размена во историјата на НБА во однос на бројот на вклучени тимови. Дури седум клуба учествуваа во огромната размена во која Кевин Дурант и Клинт Капела се селат во Хјустон Рокетс. Заедно со Рокетс, во размената се вклучени и Финикс Санс, Атланта Хокс, Бруклин Нетс, Голден Стејт Вориорс, Лос Анџелес Лејкерс и […]

Мајкл Даглас од Карлови Вари: „Парите влегоа во демократијата како профитен центар“


Мајкл Даглас, кој е на Филмскиот фестивал во Карлови Вари за да претстави новореставрирана копирана верзија на класикот на Милош Форман „Лет над кукавичјото гнездо“, зборуваше на фестивалот за своите стравови за демократијата во САД под администрацијата на Трамп. Кога беше прашан на прес-конференција за состојбата на политиката во неговата татковина, добитникот на Оскар рече […]

Во оваа земја можете да купите куќа со три спални соби за помалку од 50.000 евра, и ќе живеете како бог (ВИДЕО)


Ако барате земја каде што можете да купите имот по цена на нов автомобил, тогаш вашиот прст речиси сигурно ќе застане во Југоисточна Азија – поточно, во Тајланд. Оваа земја, позната по своите пријателски домаќини, прекрасна природа и ниски трошоци за живот, е сè попопуларен избор за странците кои бараат нов почеток или добра инвестиција. […]

Машко тело пронајдено во Вардар кај Велес – не знаат кој е


Вчера напладне, Итната медицинска помош го известила Секторот за внатрешни работи Велес дека во реката Вардар, на влез во Велес, во близина на местото викано Бентот, е пронајдено починато машко лице, чиј идентитет сè уште не е познат. „Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на […]

Скопјани, само во еден ден, потрошиле 140 олимписки базени со вода


ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја информира јавноста дека и покрај секојдневните апели и превземање мерки, продолжува енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови, што во просек изнесува над 350.000 м3 на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Скопјани во еден ден потрошиле 140 олимписки базени со вода […]

Отворена нова сензорна соба во средното училиште „Панче Арсовски“


 Нова сензорна соба, дизајнирана според потребите средношколците со попреченост е отворена во средното училиште на град Скопје „Панче Арсовски”, со цел подобрување на инклузивноста во образовниот процес. Оваа иницијатива, како што соопшти Град Скопје, е дел од посветеноста на градот за поттикнување инклузивна средина за учење во сите наши скопски средни училишта. Сензорната соба во […]

Еве како се подготвуваат полнетите пиперки во Унгарија: Не додаваат вода и користат посебна состојка


Иако изгледа едноставно да се полнат пиперките со месо и ориз, постојат неколку трикови и чекори што треба да се следат за да бидат совршени секој пат. Првото нешто што можете да го „надградите“ е сосот во кој се готват. Наместо да додавате вода, користете супа или вишок бистра супа од месо и зеленчук. Дополнително, […]

Скапа храна, иако Албанија го држеше рекордот за уделот на земјоделството во Европа во 2024 година


Албанија се соочува со парадокс, каде што цените на храната по првпат во историјата го надминаа просекот на Европската Унија, иако, истовремено земјата има најголем удел на земјоделството во цела Европа. Најновите податоци од Евростат покажаа дека секторот „земјоделство, рибарство и шумарство“ придонел со 17,9% во создавањето на вкупната економска вредност на Албанија во 2024 […]

Издадена забрана за капење и пливање во битолската акумулација „Стрежево“


Јавното претпријатие „Стрежево“ издаде забрана за капење, пливање и задржување во истоимената вештачка акумулација. Одлуката за строга забрана за капење во објектите на хидросистемот е донесена поради опасност по живот од нагло полнење и празнење на системот и опасност од вшумукување во цевководот. Од ЈП „Стрежево“-Битола во јавно соопштение до јавноста нагласуваат дека нема да […]

Во центарот на Белград се урна дел од настрешница 


Во Кнез Михајлова 10 во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на настрешница, јавува Н1 Србија. Ова најверојатно се случило во текот на ноќта, а жена која работи во продавницата за парфеми изјавила за Н1 дека сè било во ред во текот на денот. Властите поставиле црвена лента на која пишува […]

Трамп: Испраќаме писма за царини до сите земји


Соединетите Американски Држави ќе испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и царини почнувајќи од денес, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Во април, Трамп воведе основни царини од 10% за увоз од речиси сите трговски партнери, по што следеше бран повисоки, таканаречени реципрочни тарифи за поединечни земји врз основа на трговски дефицити. Потоа […]

Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце нормализиран


Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран. Укината е и забраната за товарните моторни возила и за автобусите, соопшти МВР Сообраќајот на оваа делница синоќа поради пожарот над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот, кој се прошири, беше пренасочен за патнички возила, а беше воведена забрана за товарни моторни возила. МВР […]

Израелската армија ќе испрати покани за регрутација до 54.000 ултраортодоксни еврејски студенти


Израелската армија најави дека ќе испрати 54.000 покани за регрутација откако Врховниот суд пресуди дека воениот рок е задолжителен за сите, вклучително и ортодоксните Евреи. Израелскиот Врховен суд минатата година го поништи децениското ослободување од армијата за ултраортодоксните студенти, политика воведена кога ултраортодоксната заедница беше многу помал дел од населението отколку што е денес – […]

Најмалку 17 повредени луѓе при рускиот напад врз Харков


Вкупно 17 луѓе се повредени во денешниот руски напад со дронови врз Харков, објави на Телеграм шефот на воено-административната област Олег Синегубов. – Седумнаесет жртви во овој момент. Во Шевченковскиот округ – 12 жртви, од кои две се деца. Во Слобидско – пет жртви, од кои едно е дете. Сите специјализирани служби работат на терен, […]