Десет лица од ЈП Комуналец Кичево повикани на разговор – одлагале отпад на дива депонија!


На 04.06..2025 година полициски службеници од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава од граѓани во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, а поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 230 од КЗ на РСМ („загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“) […]

Возач од Кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил


Дваесет и осумгодишен жител на кочанското село Спанчево управувал со возило под дејство на алкохол. Според надлежните од СВР Штип  Д.Т. имал 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Во билтенот на СВР Штип се вели дека  денеска во 3:00 часот на улица „Маршал Тито“ […]

ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци


При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци, информираа денеска од ДСЗИ за МИА.  – Имајќи во предвид дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, ДСЗИ согласно член 296 од […]

Бел прав пронајден во пакет во центар на ДХЛ во Германија, 12 повредени


 Најмалку 12 лица се повредени откако во дистрибутивен центар на DHL во Германија беше пронајден бел прав на сомнителен пакет. Итните служби интервенираа утринава во складиштето во Лангенцен, Бурграфенхоф, откако повеќе работници пријавиле здравствени проблеми. Полицијата потврди дека станува збор за инцидент со опасна супстанца и испрати 100 припадници на итните служби. Неколку вработени имале […]

Бел прав пронајден во пакет во центар на ДХЛ во Германија, 12 повредени


Најмалку 12 лица се повредени откако во дистрибутивен центар на DHL во Германија беше пронајден бел прав на сомнителен пакет. Итните служби интервенираа утринава во складиштето во Лангенцен, Бурграфенхоф, откако повеќе работници пријавиле здравствени проблеми. Полицијата потврди дека станува збор за инцидент со опасна супстанца и испрати 100 припадници на итните служби. Неколку вработени имале […]

Во Општина Илинден се одржа меѓународен фолклорен фестивал „Св.Троица“


Во прекрасниот амбиент на амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден, се одржа единаесеттото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“. Организатор на фестивалот е КУД „Гоце Марковски“ од Долно Лисиче, под покровителство на Општина Илинден. Фестивалот започна со свечено дефиле, на кое сите учесници, придружувани од звуците на зурли и тапани, тргнаа […]

Норвешка воведува туристички данок поради прилив на туристи


Норвешкиот законодавец вчера потврди воведување туристички данок за да помогне во финансирањето на надградбите и подобрувањата на инфраструктурата во време кога земјата доживува вистински туристички бум што носи и сериозни последици. Новиот закон предвидува данок од три проценти на сместување, а може да се примени и на крстосувачките бродови што се закотвуваат по должината на […]

Се воведува “право на пренасочување”: ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот


Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за ревизија на прописите за правата на патниците во авиосообраќајот и за одговорноста на авиокомпаниите, јави дописникот на МИА од Брисел.   Како што соопшти Советот на ЕУ, измените имаат за цел да се воспостават поедноставни и појасни правила за подобра рамнотежа помеѓу високото ниво на заштита на […]

Лондон под притисок да ги намали енергетските трошоци пред новата индустриска стратегија


Првата индустриска стратегија на Велика Британија по осум години би можела да биде сериозно загрозена доколку Владата не понуди дополнителни мерки за намалување на исклучително високите трошоци за енергија со кои се соочува индустријата, предупредија денеска пратеници и бизнис-секторот. Министрите работат на стратегијата што треба да биде објавена следната среда, заедно со повеќегодишниот преглед на […]

Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа


Од околу два часа колку што е сега потребно да се стигне од Ресен до грчката општина Преспа, со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос, чија изградба и официјално започна од двете страни на границата, времето за патување ќе се намали на 40 минути, јави дописничката на МИА од Атина. Работите во проектот БорПрес2 […]

Беа неразделни, а потоа сè се распадна: Приказната за Трамп и Маск


Денес, многумина велат дека тоа било неизбежно. Но, како што пишува АФП, не толку одамна, американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот могул Илон Маск беа речиси неразделни. Во ноември, АФП објави статија во која се прашува: Колку долго може да трае брамансата меѓу Трамп и Маск? „Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, го следи новоизбраниот […]

Од Клиничкиот центар на Србија во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани


Последните два пациента кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во дискотеката во Кочани денеска беа отпуштени.Се работи за Ангела Бошковска (24) и за Андреј Георгиев (23) кои попладнево ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна реконструкција, јави дописникот на МИА од Белград. Третманот на нивните повреди ќе продолжи […]

Македонија вечерва ја пречекува Белгија во мундијалските квалификации


Македонската машка фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот Благоја Милевски се очекува да имаат поддршка од околу 25.000 гледачи од трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во дуелот против главниот претендент за водечкото место во квалификациската група Ј. По двата […]

На денешен ден почна да се емитува една од најпопуларните серии од почетокот на 2000-тите.


На 6 јуни 1998 година, ХБО премиерно ја прикажа првата епизода од „Сексот и градот“, која стана неопходен дел од популарната култура низ шест сезони, два филма и едно продолжение во форма на нова серија. Серијата првично беше поздравена како контроверзна, но и иновативна поради отвореното прикажување на женската сексуалност, пријателството и секојдневниот живот на […]

Десет екипи обезбедија пласман на Светското првенство. Две се дебитанти


На Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе учествуваат 48 екипи, а десет учесници веќе обезбедија пласман. Покрај домаќините, САД, Канада и Мексико, своите места на Светското првенство ги обезбедија и бранителот на титулата Аргентина, Јапонија, Јужна Кореја, Иран, Нов Зеланд, Узбекистан и Јордан. Од нив, Узбекистан и Јордан се дебитанти. Светското првенство ќе […]

Важен соработник го напушта Фараж


Зија Јусуф ненадејно поднесе оставка од функцијата секретар на Реформ УК (Reform UK), партијата предводена од поранешниот европратеник и Брегзитер, Најџел Фараж. Јусуф, кој ја презеде функцијата секретар само неколку дена по минатогодишните општи избори, ја објави својата оставка на X. „Повеќе не верувам дека работата за доведување на Реформ УК на власт е добро […]

Импичмент, Епштајн и огорченост: Жестока битка на Трамп и Маск на социјалните мрежи


Илон Маск повика на импичмент на Доналд Трамп и се потсмеваше на неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, додека американскиот претседател се закани дека ќе ги откаже федералните договори и даночните субвенции за компаниите на Маск, во вонредна расправија на социјалните медиуми што избувна меѓу поранешните сојузници во четврток. Влошувањето на нивниот некогаш […]

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите


Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што го потресе Кочани, во нелегален угостителски објект без соодветни технички услови, општината почнува со поостар пристап кон справувањето со бесправно изградените објекти. Корисниците на овие објекти добија рок од 30 […]

Нетанјаху: Израел активираше палестински кланови во борбата против Хамас


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „активирал“ некои палестински кланови во Газа во борбата против екстремистичкото движење Хамас. Тоа е прво јавно признание дека Израел поддржува вооружени палестински групи во Газа, организирани околу влијателни семејства, кои имаат одреден степен на контрола врз делови од енклавата и во минатото често имале судири со Хамас. Изјавата […]

Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти


Најмалку четири лица загинаа во нападите на Русија со беспилотни летала и балистички ракети „Калибар“ врз Киев во текот на ноќта, додека масовни воздушни удари беа пријавени и во други региони на Украина, соопштија украинските власти. „Потврдено е дека четири лица загинале во главниот град“, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на „Телеграм“, додавајќи дека […]