Малолетници избоделе 55-годишник пред џамија во Студеничани


Вчера во 1 часот  Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот  во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица. На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со […]

Грузија ја затвори својата канцеларија за врски со ЕУ и НАТО


  Одлуката на Грузија да ја затвори својата информативна канцеларија за евроатлантските врски е „уште еден чекор во погрешна насока“, изјави Комисијата, во услови на влошување на врските на Тбилиси со Западот. Државната канцеларија официјално се затвори во средата, откако работеше две децении во зграда облечена со знаме на Плоштадот на слободата во Тбилиси. Нејзината […]

Момче и девојче паднале од велосипед – со повреди пренесени в болница


Вчера, на пладне, во СВР Битола е пријавено дека на ул.,,4-ти Ноември’’ во Битола малолетник додека управувал велосипед паднал на коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Добрушево, битолско, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Грчки медиуми: АЕК се соочува со опасноста да биде исклучен од Европа


„Официјално: АЕК службено го губи натпреварот со Алкалоид, а со тоа и европската титула“; „АЕК службено изгуби од Алкалоид-сериозна опасност да биде исклучен од Европа“; „АЕК на хартија го загуби финалето во ЕХФ Европскиот куп од Алкалоид“; се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната одлука на ЕХФ, според која Алкалоид е победник на […]

Објавен јавен повик за финансиска поддршка за набавка на трактори


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го објави јавниот повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, наменет за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на трактори. -Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со континуираната поддршка за модернизација на земјоделскиот сектор. Денеска се […]

И Росен Жељасков се изјасни: Спорот со Скопје не е билатерален, рамката е европска


  Едногласноста на бугарските европратеници и декларацијата на Бугарското национално собрание се многу јасен показател за ставот на Бугарија во однос на нацрт-извештајот за напредокот на Македонија кон членство во Европската унија (ЕУ), изјави бугарскиот премиер Росен Жељасков денеска во собранието. Ќе се држиме до овој став, без да го претвораме ова прашање во билатерално, […]

АХВ воведе засилени мерки на надзор по појава на ново жариште на болеста чума кај малите преживари во соседна Албанија


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари, особено во регионот на Западна Македонија, со цел спречување на внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава. Од АХВ посочуваат дека е засилена контролата на движењето и транспортот на животни од видовите овци и кози […]

Бекам ќе добие титула витез


Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам ќе добие витешка титула, откако се најде на списокот почесни службеници по повод роденденот на британскиот крал Чарлс. Бекам, кој е носител на Орденот на Британската империја од 2003 година, ќе добие дополнително признание за неговата фудбалска кариера и за неговиот придонес во […]

6 јуни во историјата – Денот Д: Сојузниците се истоварија во Нормандија


  На 6 јуни 1944 година, врховниот командант на сојузниците, генерал Двајт Ајзенхауер, даде зелено светло за најголемата амфибиска воена операција во историјата: Операција „Оверлорд“, сојузничката инвазија на северна Франција, попозната како Денот Д. До зори, 18.000 британски и американски падобранци веќе беа на теренот. Беа мобилизирани дополнителни 13.000 авиони за да обезбедат воздушно покривање […]

„Тој е булдог“: Човекот кој стои зад спектакуларната акција „Пајажина“ на Украина


  Васил Малјук, кој се слави дека ѝ „удрил шлаканица в лице“ на Русија веќе имаше серија големи успеси како шеф на безбедносната служба пред неверојатниот напад со дронови на руските авио бази За оние кои го познаваат Васил Малјук, шефот на Безбедносната служба на Украина (СБУ), не беше изненадувачки што неговата изјава со која […]

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД


Европската Унија денеска изрази поддршка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), по вчерашната одлука на САД за воведување санкции кон четворица негови судии.   Претседателката на Европската комисија порача дека ЕК целосно ги поддржува Меѓународниот кривичен суд и неговите службеници.   – МКС ги повикува на одговорност сторителите на најтешките злосторства во светот и овозможува да […]

Вистината за Кочани: СДСМ прашува за потеклото на пиротехниката, за ВМРО-ДПМНЕ тоа било „брутална злоупотреба“


СДСМ денеска на прес конференција посветена на трагедијата во Кочани, фокусот го стави врз потеклото на пиротехниката, која, според досегашните сознанија, беше причина за избувнување на страотниот пожар. Од партијата обвинуваат дека сопственик и одговорно лиценца на фирмата која ја набавила пиротехниката е лице од блиското опкружување на Мицкоски од Струмица „Зошто во ниту еден […]

Утре сончево и многу топло


Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во југоисточните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 […]

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври


Парламентарните избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври, соопшти денеска министерката за внатрешни работи во техничката влада, Јудит Ојтермарк, по состанокот на Министерскиот совет. Овој датум претходно беше предложена од Државната изборна комисија како најран можен термин по падот на Владата. Според Ојтермарк, одлуката е „комбинација на темелност и брзина“, со оглед дека […]

Во понеделник отворање на 25. Недела на италијанскиот филм


Од 9 до 14 јуни 2025 година ќе се одржи XXV издание на „Неделата на италијанскиот филм – ITALIAN SCREENS“. Организиран од италијанската амбасада во Скопје, во соработка со Италијанскиот културен институт во Белград и Кинотеката на Република Северна Македонија, фестивалот е под покровителство на проектот ITALIAN SCREENS, проект за поддршка на интернационализацијата на италијанскиот […]

Димитров: Во текстилниот сектор работат 25.000 работници, се очекува намалување на нивниот број за уште 5.000


 Македонските текстилни конфекции се соочуваат со недостиг на порачки од страна на традиционалните германски партнери. Ангел Димитрова од Организација на работодавачи вели дека порачките, односно налозите се драстично намалени. Посочува дека македонските конфекции работат на помали налози, во кои има по стотина парчиња, бидејќи нарачки кои поради малиот обем конфекциите од Бангладеш, не ги прифаќаат. […]

ММФ ѝ препорачува на Романија зголемување на ДДВ и прогресивен данок


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ препорачува на Романија зголемување на ДДВ на 21 отсто, воведување на прогресивен данок на доход со две стапки, како и намалување или целосно укинување на здравствените придонеси, со цел намалување на буџетскиот дефицит. Ова е наведено во извештајот на ММФ насловен „Даночна комбинација за фискална одржливост и правичност“, цитиран од […]

Полицијата во Србија продолжува со апсењата: Досега приведени 18 за напад врз студентите


Припадниците на полицијата во Белград во акцијата за идентификација и приведување на учесниците во инцидентот во Студентски град, уапсија уште седум лица – Ч.Р. (2002), Р.С. (2003), Н.Б. (2003), Т.С. (2002), В.Р. (2003), Н.В.(2002) и А.Г.(2003) поради сомнение дека учествувале во групата која го нападна студентот Милош Павловиќ и неговите пријатели во Студентски град во […]

Максим Димитриевски ќе биде кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Куманово


  Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков изјави дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек и оти со сигурност може да каже дека ќе имаат свој кандидат за Куманово – Максим Димитриевски кој е и актуелен градоначалник.  -Во моментот преговорите се во тек. Но она […]

Дојава за бомба во градското собрание на Загреб – лажна е


Полицијаташтотуку потврди дека ја прегледала целата зграда на градското собрание на плоштадот „Стјепан Радиќ“ во Загреб и дека дојавата за бомба е лажна. Некои вработени се евакуирани. Полициската управа на Загреб претходно потврди за „Индекс“ дека е примена дојава за можна експлозивна направа.