Пицула: Вучиќ речиси ништо не прави за приближување на Србија кон ЕУ


Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „речиси ништо“ не презема за Србија формално да напредува кон членство во ЕУ. Во поткастот „Први глас“ на хрватскиот портал „Телеграм“, Пицула оцени дека Србија заостанува во исполнувањето на „т.н. фундаментални барања, како што се функционална демократија, правна држава, владеење […]

Најмалку 60 загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа


Најмалку 60 лица загинале од утрово во израелски напади врз Појасот Газа, јави ДПА повикувајќи се на палестински медицински извори. Министерството за здравство, контролирано од Хамас, соопшти и дека има десетици повредени. Израелската армија засега не објавила информации за нападите, а бројките не можат да се потврдат од независни извори. Според локалните извештаи, бројот на […]

Маж со автомобил удри во група луѓе во Пасау, Германија


Маж се заби со автомобил во група луѓе во јужниот германски град Пасау, јави ДПА. Полицијата не ја исклучува можноста за намерен напад. Засега не е познато колку лица се повредени, ниту каква е тежината на нивните повреди. Градот Пасау се наоѓа на границата меѓу Германија и Австрија, околу 150 километри источно од Минхен.

„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија


 Бугарското Министерство за правда соопшти дека во голема полициска операција 75 стари лица биле евакуирани од два нелегални центра за нега во селото Јагода во источна Бугарија, поради екстремно лошите услови во кои биле чувани. „Некои од нив имале врзани нозе и биле под дејство на седативи. Биле заклучени во соби без чаршафи на креветите, […]

Американката Гоф ја победи Сабаленка и го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата


Американката Коко Гоф попладнево ја победи Белорусинката Арина Сабаленка во финалето на Ролан Гарос со 6:7 (5:7), 6:2 и 6:4. Мечот во Париз траеше 2 часа и 40 минути. Гоф забележа 3 аса, направи 8 двојни грешки и реализираше 9 од 21 брејк топка. Сабаленка имаше 2 аса, 6 двојни грешки и реализираше 6 од […]

Тинејџерка од Скопје загина на автопатот Скопје – Тетово


Во несреќен случај вчера животот го загуби 19-годишна девојка од скопското село Семениште, каде што на регионалниот пат Скопје-Тетово патничкото возило „бмв“ во кое таа се наоѓала излетало од патот и се превртело. „На 06.06.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.20 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, […]

Најмалку седум мртви во масовниот руски напад врз Украина по операцијата „Пајакова мрежа“


Русија изврши масовен напад со ракети и дронови врз Украина во текот на ноќта, таргетирајќи го главниот град Киев, големите градови и западните региони на земјата. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, нападот резултирал со 80 повредени и седум загинати, вклучувајќи и спасувачи. „Циничен руски напад врз обични градови. Повеќе од 400 дронови, над 40 ракети… […]

МД „Илинден” побара од европратеникот Винче и од ЕФА да го поддржат Извештајот за Македонија


Македонското друштво „Илинден” – Тирана побара од Лорант Винче, европратеник на Унгарскиот демократски сојуз од Романија и претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), да го поддржи Извештајот за нашата земја во Европскиот парламент. -Во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, македонското друштво „Илинден“-Тирана бара да го усвоите Извештајот за напредокот на […]

Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери


Украинска воздушна офанзива со беспилотни летала минатиот викенд оштетила приближно 10 отсто од руските стратешки бомбардери, соопшти генерал-мајорот Кристијан Фројдинг од германската армија. Фројдинг, кој ја координира германската воена помош за Киев и е во постојана комуникација со украинското Министерство за одбрана, изјави дека при нападот биле погодени најмалку десетина летала, вклучително и Ту-95 и […]

Франција: Четири лица загинаа во пожар во Ремс, предизвикан од електричен тротинет


Четири лица загинаа во пожар во десеткатница во францускиот град Ремс, за кој се претпоставува дека избувнал поради дефект на батеријата од електричен тротинет, соопштија локалните власти. Тринаесетгодишно момче загинало откако скокнало од прозорец на четвртиот кат каде што избувнал пожарот во петокот наутро. Во истиот стан било пронајдено изгорено тело, за кое се претпоставува […]

Висар Ганиу може да стане „Артан Груби момент“ за Мицкоски


Ловот по дивоградби на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дојде толку неочекувано за македонската јавност што ги најде неподготвени владините партнери – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“. Данела како некаква македонска варијанта на Јованка Орлеанка, или како осовременување на митот за Сирма војвода, оди од градилиште до градилиште, од зграда до зграда и со нејзиното „убиствено“ […]

Русија испраќа дополнителни сили во Суми заради засилување на офанзивата


Руското воено раководство одлучи да ја зајакне офанзивата во регионот Суми со испраќање дополнителни сили, вклучувајќи две бригади на морнаричката пешадија (40-та и 177-та) и два полка на територијалната одбрана на Руската Федерација. Овие сили, заедно со 155-та бригада на морнаричката пешадија, вршат притисок врз украинските одбранбени линии во селата Варачине и Мала Корчаивка. Според […]

Одбојка: Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025


Машката одбојкарска репрезентација на Македонија попладнево во Братислава загуби од Финска со 0:3 (20:25, 15:25 и 19:25)5:19) во првиот натпревар од годинешното издание на ЦЕВ Европската Златна лига.  Со денешната победа Финците ја продолжуваат позитивната серија во меѓусебните пресметки. Капитенот Никола Ѓорѓиев го заврши мечот со 12 поени, еден помалку освои Александар Љафтов, додека Филип […]

Дигиталното евро ќе создаде милијарди евра трошоци за банките


Воведувањето на дигиталното евро би можело да ги чини банките помеѓу 18 и 30 милијарди евра, според истражувањето на консултантската фирма PwC. Истражувањето на PwC, нарачано од Европската асоцијација на кредитниот сектор (ECSA), покажа дека трошоците за прилагодување за група од 19 банки треба да изнесуваат малку повеќе од две милијарди евра. Ова би значело […]

За две недели регистрирани 71 случај на лептоспироза во Кантонот Сараево


Две недели по прогласувањето на епидемија на лептоспироза во Кантонот Сараево, регистрирани се 71 заболен, соопшти Заводот за јавно здравје на Кантонот Сараево. Две лица се хоспитализирани во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), а досега нема пријавено смртни случаи. Епидемијата на ова заразно заболување беше прогласена на 23 мај. Од вкупно пријавените случаи, […]

Ивановски: Ги повикуваме сите кои се во можност да ни дадат поддршка


Македонската Дејвис куп репрезентација ги одработува подготовките во пресрет на претстојните мечеви од Третата Европска зона од Дејвис куп натпреварувањето. Нашиот национален тим ја има улогата на домаќин, откако Македонската федерација (МТФ) е организатор на годинашново издание во оваа зона.  Селекторот Горан Шевченко изминативе денови работи со групата млади тенисери, каде предводник е Калин Ивановски, […]

По Брегзит, В.Британија користи инвестициско портфолио како надворешнополитичка алатка


По Брегзит, Обединетото Кралство сè поинтензивно го користи инвестиционото портфолио како алатка на надворешната политика, настојувајќи да ја преформулира својата глобална улога. Еден од најновите примери за ваквиот пристап е стратешкото партнерство со Република Македонија, кое предвидува британска поддршка од 5 милијарди фунти преку UK Export Finance, пишува американски Newsmax. Соработката го опфаќа развојот на […]

Почувствуван земјотрес со епицентар 290 километри југоисточно од Скопје


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска регистрира серија земјотреси со епицентри во Република Грција. Според досегашните податоци, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил почувствуван во југоисточниот дел […]

Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда


Тоа што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда. Европската идеја не смее да се сведува на билатерални уцени, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервјуто за Независната балканска новинска агенција (ИБНА) и ја истакнува посветеноста на Владата на европските реформи на патот кон ЕУ, но и нагласува […]

Трамп за нападите врз Украина: Му дадоа причина на Путин да влезе и да ги бомбардира


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина самата го испровоцирала нападот на руската армија врз Харков преку воената операција со кодно име „Пајакова мрежа“. Прашан дали оваа украинска акција го променила неговото мислење за адутите на претседателот Володимир Зеленски, Трамп одговори дека токму таа операција му дала причина на рускиот претседател Владимир Путин да започне […]