Почина хрватскиот џезер Матија Дедиќ, син на Арсен Дедиќ и Габи Новак


  Познатиот музичар Матија Дедиќ почина во Загреб на 53-годишна возраст. Тој беше еден од најпознатите хрватски џез музичари. Тој е син на познатите музичари Арсен Дедиќ и Габи Новак. Веќе на петгодишна возраст, Матија почнал да свири класична музика, а во 1997 година дипломирал џез на Академијата за уметности во Грац. Од Грац се […]

Лудило на Ролан Гарос: Алкараз спаси три меч топки и го победи Синер во епски меч


  Додека се соочуваше со мачната реалност на заостанувањето од три шампионски поени против најдобриот играч во светот, Карлос Алкараз ја започна својата подготовка за сервис од почетната линија на теренот „Филип Шатрие“ со длабок, долг здив. За повеќето други играчи во историјата на тенисот, немаше причина да се верува во друг исход освен пораз. […]

Мицкоски ги обвини гневните родители од Кочани дека правеле политичко движење


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека имало скриена агенда и манипулација со темата за трагедијата во Кочани и маката, тагата и непреболот на родителите на загинатите деца.  И тоа го нарече некрофилија на СДСМ. Тој рече дека „едно граѓанско движење преминува во политичко движење“. Па ја споменуваше судбинатае на девојчето Тамара од Велес, убиството […]

Црна Гора ќе почне да склопува дронови за Украина


  Црна Гора ќе почне склопување на дронови на своја територија и ќе ја предаде првата серија уреди на Киев како воена помош, објави „Комерсант“. Владата на земјата забележува дека создавањето производство на беспилотни летала ќе ги зголеми капацитетите на црногорската армија во рамките на НАТО, како и дека ќе ја зајакне одбранбената способност на […]

Илјадници луѓе се собраа во Мадрид на протест против владата на Педро Санчез


  Десетици илјади луѓе се собраа во центарот на Мадрид за да протестираат против владата на шпанскиот социјалистички премиер, Педро Санчез, и да бараат предвремени општи избори, бидејќи неговата партија, неговата администрација и неговото семејство продолжуваат да бидат оптоварени со низа обвинувања за корупција. Неделниот протест, свикан од опозициската конзервативна Народна партија (ПП) под слоганот […]

„Вашингтон пост“: Илон Маск и министерот Скот Бесент се степале во Белата куќа


  Тепачка избувнала во Белата куќа помеѓу милијардерот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск, и американскиот министер за финансии Скот Бесент, изјави за „Вашингтон пост“ поранешниот советник на американскиот претседател и подкастер Стив Бенон. Инцидентот се случил на 17 април во еден од ходниците на претседателската резиденција на САД, објасни тој. Конфликтот избувнал по […]

Партиски листи за вработување во РЕК „Осломеј“


  Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци. Последен таков случај е РЕК „Осломеј“, обвини СДСМ. Свиркачи до СДСМ доставиле интерен список за вработување на 50 лица во РЕК „Осломеј“. „На списокот има членови на општински комитети, но и роднини на активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Без јавен […]

За Владата биле непримерни изјавите на родителите од Кочани за одговорност на функционерите


  Гневот, револтот и големото незадоволство што вчера го искажаа родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ за време на нивниот марш во Кочани биле поврзани со некаква политичка заднина. Тоа го тврдеше денеска портапорлката на Владата, Марија Митева. Вчера родителите побараа оставки од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче […]

Набавува ли МВР сомнителен софтвер за прислушување?


  СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа на старите патеки за прислушување на новинари и активисти. Потпретседателот на партијата, Методија Илиевски, денеска- на прес-конференција изјави дека на почетокот на мај оваа година МВР потпишало договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкуање и шпионажа на телефонските уреди. Софтверот „Селебрајт инсајтс про” како и […]

Путин почна да се плаши од колапсот на цените на нафтата


  Руските власти стравуваат дека во втората половина од годината ќе има вишок на понуда на пазарот на нафта, што ќе доведе до понатамошен пад на цените, изјави за Ројтерс извор запознаен со напредокот на преговорите во рамките на картелот ОПЕК+, чиј член е Русија. На последниот состанок, на почетокот на јуни, ОПЕК+ се согласи […]

Протести во Калифорнија: Трамп ја ангажираше Националната гарда


  Доналд Трамп во саботата одобри распоредување на 2.000 војници на Националната гарда во Лос Анџелес, откако репресијата против имиграцијата прерасна во масовни протести втор ден по ред, а полицијата во опрема за немири употреби солзавец врз минувачите. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, во изјава за Икс рече дека федералната влада „се обидува да ја […]

Колумбија: Претседателски кандидат застрелан во глава, се бори за животот


  Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе се бори за живот во болница откако беше застрелан во Богота. 39-годишниот сенатор, кој се кандидира за претседателските избори во 2026 година, е член на опозициската конзервативна партија Демократски центар, основана од поранешниот претседател Алваро Урибе. Двајцата мажи не се во роднинска врска. Според соопштението на партијата со кое […]

Сиљановска ќе оди на конференција за океаните во Ница. И ќе зборува за океаните


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оди на уште една меѓународна конференција, овој пат за океаните, што треба да се одржи во Ница, Франција. И ќе зборува за зачувување на океаните. Според соопштението на најзиниот кабиент, таа е од денеска на Конференција на Обединетите нации за океанот. Кабинетот на претседателката за да му даде поголема важност на […]

Левица: Николоски го обвинуваше „Стентон градба“ за криминали со СДСМ, сега му доделува тендери


  Министерството за транспорт, предводено од Александар Николоски, минатата година во декември склучило договор со контроверзната битолска компанија „Стентон градба“ за ископ на глина од 2.300.000 евра, соопштува Левица. Според партијата, скандалозното во овој тендер е што токму министерот Николоски додека беше во опозиција обвинуваше дека СДСМ со делење криминални тендери на оваа компанија, Битола […]

Лекарите препорачуваат да не се излегува на сонце од 11 до 17 часот


  Избегнување престој на сонце од 11 до 17 часот, носење лесна, широка облека во светли бои, капа со широк обод и очила за сонце, како и престојување во климатизирани простории кога е можно, се само некои од препораките на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по најавите за порастот на температурите во земјава. Препораките се […]

Еурофарм Пелистер го победи Врадар и ја одбрани шампионската титула


Еурофарм Пелистер го победи Врадар и ја одбрани шампионската титула Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион на Македонија. Битолчани вечерва во Скопје го совлада Вардар со 32:30 и стигнаа до трофејот. Победата пелистерци ја обезбедија во второто полувреме. Првото им припадна на домаќините со 17:15, а имаа и пет гола предност (15:10). Сепак, во вториот дел […]

Родителите од Кочани ја нарекоа Сиљановска „маќеа“ и побараа оставки од неа, Мицкоски и Тошковски (Видео)


  Гневот во Кочани не стивнува, туку се зголемува. На денешниот протест „Марш на агелите“ на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс на 16 март се излеа толку многу лутина, гнев и разочарување кон највисоките претставници на властите во Македонија каков што не беше забележан досега. Родителите се гневни на досегашната истрага и […]

Ќе има сериозни последици: Трамп го предупреди Маск да не финансира демократи


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека технолошкиот магнат Илон Маск ќе се соочи со „сериозни последици“ доколку финансира демократски кандидати за да се спротивстават на републиканците кои го поддржуваат неговиот сеопфатен закон за даноци и трошење. Во телефонски разговор за Ен-Би-Си Њуз, Трамп не прецизираше какви би биле тие последици, велејќи само: „Ако го направи […]

Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис


Кина е подготвена да го забрза процесот на разгледување и одобрување на извозот на ретки минерали за компании од Европската Унија, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија. Во соопштението се наведува дека до 5 јули Пекинг ќе донесе одлука во врска со царините за увоз на алкохолни пијалаци од ЕУ. Истовремено, завршна фаза достигнале и […]

Сè повеќе германски пензионери работат за да преживеат


Според податоците на Федералниот завод за статистика, 1,1 милион лица над 67 години биле редовно вработени во Германија во 2024 година. Ова е за 51.000 повеќе од претходната година и највисока бројка досега забележана, пишува Дојче Веле. Во споредба со 2004 година, бројот на вработени лица на возраст за пензионирање е речиси четирикратно зголемен. Пред […]