И покрај забраната, угостителски објект во Делчево кој бил дивоградба си работел


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и Б.Т.(46) од Делчево, сопственичка на објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против З.Т.(49) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. – На 24.04.2025, […]

9 јуни во историјата – Во Битката кај Тулуз беше запрено напредувањето на муслиманските сили кон Европа


  Битката кај Тулуз, водена на 9 јуни 721 година, е клучен момент во раната средновековна европска историја, означувајќи ја првата голема победа на христијанските сили над Маврите, муслимански освојувачи во западниот дел од континентот. Битката се водеше помеѓу франачките сили под водство на војводата Одо од Аквитанија и муслиманската војска на Умајадскиот калифат, предводена […]

„Комунална хигиена“ казнета со 88.000 евра од Општина Аеродром


По долг период на трпение и многубројни укажувања, Општина Аеродром изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија, соопштија денеска од оваа скопска општина. „Оваа санкција не е политичка, туку институционална како резултат на утврдени […]

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 11 јуни со завршен збор на одбраната


Обвинителството денеска започна со завршен збор за случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во кој обвинителката Жаклина Трајковска повеќе од четири часа ги презентираше доказите изведени во текот на процесот според кои обвинителството смета дека се докажа вината за кривичните дела што им се ставаат на товар. Завршнот збор на Обвинителство продолжува […]

Дали месото треба да се мие пред готвење?


Многу луѓе се прашуваат дали месото треба да се мие пред подготовка. Многу луѓе се придржуваат до некое непишано правило, па затоа секогаш го плакнат месото под млаз вода пред готвење, но се поставува прашањето, дали ова е воопшто неопходен чекор? Месото може да содржи разни бактерии и вируси, и ова е една од главните […]

Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат


Вкупно 10,2 отсто од лицата во ЕУ кои во 2023 година биле на возраст за пензионирање се уште работеле, при што дури 56,4 проценти од нив биле самовработени, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.  Според дефиницијата на ЕУ, за самовработени се сметаат оние лица кои вршат профитабилна дејност за сопствена сметка, според условите […]

Ментално исцрпуваат: Овие две растенија не треба да се чуваат во куќата


Доколку сте љубител на собни растенија, избегнувајте ги овие две. Монстера и Дифенбахија Овие две растенија носат лоша енергија и се сметаат за енергетски вампири. Експертите истакнуваат дека монстерите и дифенбахиите ја исцрпуваат менталната сила на нивните сопственици и внесуваат раздор во врските. Никогаш не треба да ја чувате Дифенбахија достапна во куќата ако имате […]

Обвинителката во завршните зборови на судењето за Вања и Панче: Убиство на дете е сурово и монструозно


  „Убиство на дете не е само чин на суровост и бруталност туку директен напад врз човечноста и општеството“, рече обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска во завршните зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче, што се одржува денеска. Обвинителството смета дека нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое не им сторило ништо на […]

Новиот министер за здравство е освежување за владата, рече премиерот Мицкоски


  Во Собранието денеска во рамки на 54. седница се расправа по владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. Премиерот Христијан Мицкоски во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем. Ова именување доаѓа по оставката на Арбен Таравари […]

Иран се заканува дека ќе ја открие најважната тајна на Израел: Имаме ризница, ќе објавиме сè


Иранскиот министер за разузнавање изјави дека неговата земја има обемна колекција на класифицирани израелски документи и планира да ги објави во блиска иднина. Според државните медиуми, овие документи детално ја опишуваат нуклеарната програма на Израел, односите со надворешната политика и одбранбените капацитети. Израелската влада сè уште не ги коментирала овие тврдења, а тие доаѓаат во […]

Почнува јунската едиција на Перформанс Платформа Фестивалот во МКЦ


Локомотива – Центар за нови инивијативи во културата и уметноста со огромно задоволство ве кани да ја проследите јунската едиција на Перформанс Платформа Фестивалот (ППФ) 2025 кој ќе се одржи од 9 до 12 јуни во Младинскиот културен центар – МКЦ во Скопје.   Performance Platform Festival (PPF) 2025 ќе се организира во две изданија: едното […]

Во битката на титаните механичката совршеност на Синер потклекна пред човечката генијалност на Алкараз


  На крајот, изгледаше сурово да се сака повеќе. Погледнете ја состојбата на овие мажи: изнемоштени и разбушавени, вовлечени на место на дивост и лудило, на ментална атрофија и физичка ужаснатост. Вие, од друга страна, ги поминавте последните пет и пол часа седејќи на вашиот кауч, јадејќи грицки и прејадувајќи се од најдобриот спортски театар. […]

Дизелот минимално поскапува


Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Цените на бензините останува непроменети, додека ЕУРОДИЗЕЛ-от поскапува за 1 денар. Така ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по цена од 66 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74,5 денари, и на ЕУРОСУПЕР 98+ останува 76,5 денари. Поскапува и екстра лесното масло за […]

Украинците оштетиле уште два моќни авиони во напад длабоко во Русија


  Украинските сили тврдат дека оштетиле два борбени авиони за време на ноќна операција на аеродром длабоко во Русија, пишува „Гардијан“. Една недела по операцијата „Пајажина“, за време на која беспилотни летала погодија руски бомбардери способни да носат нуклеарно оружје, Генералштабот на украинската армија ги објави резултатите од новата операција. Според извештаите, специјалните сили извршиле […]

Министерот Љутков ги посети националните културни установи во Битола


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во придружба на градоначалникот Тони Коњановски денеска оствари посета на дел од националните културни установи во Битола. Љутков изјави дека за време на посетата на НУ Народен театар, НУ Центар за култура и НУ Завод и Музеј-Битола бил информиран за состојбите во националните установи и да направиме, како […]

Трагедија: Гостиварец почина по убод од пчели


Синоќа од Медицински центар Гостивар било пријавено дека 43-годишниот Р.К. од гостиварското село Калиште, кој бил донесен кај нив со алергиска реакција која настанала поради убод од пчела, починал при на укажувањето на помош. На 08.06.2025 во 21.11 часот во ОВР Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив за укажување медицинска помош бил […]

До 20 јуни аплицирање за поддршка за почнување сопствен бизнис


Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули денеска официјално го објавија отворањето на јавниот повик за мерките 1.1 и 1.2 од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кои имаат за цел поддршка на самовработување на невработените лица регистрирани во Агенцијата за вработување. Мерката 1.1 е наменета […]

Вучиќ сега сака да разговара: ново обраќање со јагоди и црешни пред него


  Александар Вучиќ, претседателот на Србија, повторно се обрати до јавноста преку видео на својот Инстаграм. Во ново видео обраќање од терасата на зградата на српското претседателство, по вчерашните избори во Заечар и Косјериќ, Вучиќ ги поканува сите на разговори, со чинии со цреши и јагоди пред себе. Тој нагласи дека ќе биде добро дури […]

Општина Ѓорче Петров дава субвенции за велосипеди


Објавен јавен повик за доделување субвенции за купување нови велосипеди на жителите на Општина Ѓорче Петров за 2025. Вредноста на субвенцијата изнесува 50% од вкупната цена на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, вклучително и данок на личен доход – информираат од Општината. „Право на користење на средствата имаат жителите на Општина […]

Се запали склад за градежни материјали во скопска Гази Баба


Пожар избувна вчера во склад за градежни материјали во скопска Гази Баба.  – На 08.06.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во склад за градежни материјали, сопственост на О.Б.(55) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил […]