ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во Комисијата за хартии од вредност


 Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија што ја направил Државниот завод за ревизија. ДРЗ контатирал дека било извршено бришење од сметководствената евиденцијата на расходуваните движни ствари по попис, без одлука на Владата и без спроведување на постапка […]

Албанија ќе реновира 745.000 станбени згради за зајакнување на енергетската ефикасност


Албанската парламентарна комисија за економија и финансии даде зелено светло за Предлог-закон за енергетска ефикасност во станбените згради, кој предвидува реновирање на 745.000 објекти, јави Албанската радиотелевизија. Целта е да се постигнат нула емисии од станбениот фонд во Албанија до 2050 година. Зградите планирани за реновирање се протегаат на површина од 60 милиони квадратни метри. […]

Ги доби ли премиерот двете илјадарки да купи 62 свеќи


Транспарентната влада не објави информација дали премиерот Христијан Мицкоски ги добил двете илјадарки што му ги остави на улица таткото на загинатиот музичар во трагедијата во Кочани. Парите беа наменети да купи 62 свеќи и да оддаде почит на сите што го загубија животот во кочанскиот крематориум. Порaката не беше ни политичка, ниту партиска, а […]

Роберт Кенеди Џуниор го распушти Одборот за вакцини поради судир на интереси


Американскиот секретар за здравство, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, го распушти експертскиот советодавен одбор за вакцини, што традиционално ги водеше препораките за вакцини на федералната влада, нагласувајќи дека групата е „преполна со судири на интереси“, јави Си-ен-ен. Целиот 17-член Советодавен комитет за имунизација (ACIP), што ги советува Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) за […]

Во Белград денеска и утре голем подготвителен состанок за Експо 2027


Првиот состанок за планирање на меѓународно учество на специјализираниот саем Експо 2027 Белград ќе се одржи денеска кога претставници од повеќе од 140 земји учеснички ќе имаат можност да ги посетат работите на градилиштата.  Повеќе од 140 земји го потврдија своето учество, со 350 делегати. Во главниот град на Србија веќе пристигнаа највисоките претставници на […]

Спалети со победа се збогува од италијанската репрезентација


 Репрезентацијата на Италија синоќа во Реџо Емилија ја победи Молдавија со 2:0 во натпревар од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026. Натпреварот беше последен за италијанскиот селектор Лучијано Спалети на кормилото на репрезентацијата, кој на 8 јуни соопшти дека си заминува од националниот тим. Головите ги постигнаа Џакомо Распадори и Андреа Камбијасо. Во паралелен натпревар […]

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст


За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го […]

Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Без струја дел од жителите од неколку општини


 Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат жители од неколку населени места.  Без струја во период од 9:00 до 10:00 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. 20 во село Бразда, Општина Чучер Сандево. Од 9:00 до 12:00 часот, без струја ќе […]

Американски „Ф-16“ собори врвен руски ловец „Су-35“ за прв пат во Украина


  Борбениот авион „Ф-16“, пилотиран од украински пилот, собори руски „Су-35“ кој се движеше кон него, објави воениот дописник на „Билд“, Јулијан Репке. Ова е прв познат случај американски авион испорачан на украинските воздухопловни сили да победи руски противник во борба, и тоа посовремен. „Понижувачки“, коментираа кинеските воени експерти кои го следат конфликтот. Група украински […]

Пентагон ќе испрати 700 маринци во Лос Анџелес


  Повеќе од 700 маринци стационирани од Центарот за воздушно-копнени борбени операции на Маринскиот корпус во Калифорнија се мобилизирани за да одговорат на протестите во Лос Анџелес, според три лица запознаени со ова прашање, и ќе се приклучат на илјадниците војници на Националната гарда кои беа активирани од претседателот Доналд Трамп во текот на викендот […]

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов доби 30 дена притвор


  На струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов Кривичниот суд му одреди мерка притво од 30 дена по барање на обвинтелството. Мерката му е одредена поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото. „Оваа мерка нема логика, тој и досега беше под мерки, со одземена патна исправа и со јавување во суд. […]

Инфлацијата пак забрза: Храната од април до мај поскапела за 4,1 отсто


  Завршија мерките и инфлациската спирала почна да се откочува. Државниот завод за статистика соопшти дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година се зголемени за 3,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,6 %.                   Зголемувањето на […]

Станале директори на училишта со фалсификат сертификати за англиски јазик


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави и против В.Г.(37) и 41-годишната Д.Д.Г., двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавените набавиле лажни сертификати за познавање на англиски јазик и ги употребиле на 15.01.2024, односно на 01.06.2023 при аплицирање […]

Стојкоски: Арсовска се обидува да создаде несигурност во јавноста, не е точно дека ќе се градат хемиски фабрики


Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, ги демантираше ставовите на градоначалничката на Град Скопје за наводна изградба на хемиска фабрика на територија на општина Ѓорче Петров, a смета дека ова се обиди на градоначалничката на Град Скопје да создаде хаос меѓу граѓаните. „Тоа што се повикува на изградба на некакви си хемиски фабрики, со […]

Претседателот на Црна Гора ја потпиша спорниот договор со ОАЕ за туризам и недвижности


Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ денеска потпиша указ за прогласување на контроверзниот Договор за соработка меѓу Црна Гора и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во областа на туризмот и недвижностите, иако тој и дел од црногорското општество не го одобруваат, објавија црногорските медиуми. Дел од невладиниот сектор, опозицијата, како и самиот Милатовиќ, сметаат дека документот е спротивен […]

Мицотакис: Грција е предводник во промоцијата на поморската безбедност


Грција е предводник во промоцијата на поморската безбедност. Безбедниот поморски домен промовира глобална политичка стабилност, економска стабилност, безбедност на снабдувањето, одржлив развој и благосостојба на сите луѓе. И ние, како меѓународна заедница, треба да направиме повеќе за да ја зајакнеме поморската безбедност, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на третата Конференција на ОН […]

Во прилепската болница прва сложена операција на рака, втора во државава


Тимот на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница, под менторство на д-р Игор Мерџаноски од Клиниката за трауматологија од Скопје, ја изведе првата операција во болницата, втора во земјава, спасувајќи му ја функционалноста на левата рака на 37-годишен пациент од Прилеп. Ова е зафат на ортопластика со вметнување имплант. -Со директорот на прилепската болница направивме операција […]

МВР: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, меѓу нив и Крмзов, предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра


МВР попладнево соопшти дека поднело кривична пријава против Р.К.(56) , З.К.В.(30) и В.П.(29), од Струмица за „злосторничко здружување“, за „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“ против дваесет други лица и 15 правни лица. Со наведените дејствија, како што се посочува во соопштението, пријавените оствариле противправна имотна корист во вкупен износ […]

„Сапорт Кочани“ до премиерот: Не убивајте го ентузијазмот на луѓето


  Организацијата „Сапорт Кочани“ која помага на семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски порача властите да не ја саботираат нивната работа и да и да лепат политички етикети. Мицкоски на вчерашната прослава на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Велес изјави дека „едно граѓанско движење за поддршка […]