Руските власти го уапсија опозиционерот Лав Шлосберг затоа што повикал на прекин на огнот


  Руските власти во вторникот го уапсија и поднесоа кривична пријава против Лав Шлосберг, висок член на опозициската партија Јаблоко, за наводно „дискредитирање“ на вооружените сили на Русија. Полицијата изврши претреси и заплени лични електронски уреди од домовите на Шлосберг и неговата сопруга, неговиот 96-годишен татко и локалната канцеларија на Јаблоко во северозападниот град Псков, […]

Повторно украдени бисти на починати на гробиштата во Бутел


Крадци украле бисти со ликови на починати лица од гробиштата во Бутел. Според информациите на МВР, В.С.(73) и Љ.Г.(66), двајцата од Скопје, пријавиле дека во периодот од 01.02.2025 до 09.06.2025 од две различни гробни места на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден алат биле одземени две бисти со лик на починати лица. Се […]

Оливера Ќорвезироска добитничка на „Рациновото признание“ за 2025, почесното за Намита Субиото


Добитничка на „Рациновото признание“ за 2025 година е Оливера Ќорвезироска за делото „Три Марии“ во издание на „Арс Ламина“. Признанието ќе и биде врачено на 12 јуни на сцената на Театарот во Велес во рамки на свеченото отворање на годинашните 62. Рацинови средби. Наградата е плакета и паричен износ од илјада евра во денарска противвредност. […]

Во хотел во Скопје пронајдена почината 24-годишна охриѓанка


Вчера, околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината 24-годишната Г.Ј. од Охрид, вработена на рецепција за казиното. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент не е формалност, вели Мицкоски


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека најголем дел од европратениците, пред сѐ оние кои се залагаат за вистинските европски вредности, му дале шанса на Предлог-извештајот за земјава, чие гласање Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 4 јуни беше одложени за 24 овој месец. Доколку не биде изгласан и тогаш, нагласи Мицкоски, […]

Противпожарната бригада на Град Скопје опремена со ново современо возило и дрон за гасење пожари


Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје од денеска ќе располага со ново современо и уникатно возило целосно развиено во Македонија и дрон за гасење на пожари, а беа промовирани и новата генерација пожарникари. Влатко Николовски координатор на проектот на Бригадата на денешната презентација на проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“ го […]

На театарскиот колектив во земјава му недостига заедништво и комуникација – одекна порака на МТФ „Војдан Чернодрински“


Три претстави се на програмата на фестивалот на петтиот ден – „Парови“ на Драмски, „Бура“ на Прилепскот театар и независната „Ла Макбет“ на „Хибрид продукција“. – Сите ние како уметници сме одговорни да дадеме поддршка на нашите колеги од Прилеп за да добијат нов театар, дали преку петиција или друга форма. Капитализмот нè направи себични […]

Премиерот му дава уште една шанса на директорот на Инспекторатот за јазици


  Премиерот Христијан Мицкоски му дава уште една шанса на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи, откако во Собранието тој одби на новинарите да им одговори на македонски јазик. Мицкоски раговарал со него и не верува дека тоа ќе се повтори, но нагласи дека ќе биде разрешен директорот доколку се повтори. Вицепремиерот […]

Сиљановска-Давкова го потпиша Договорот на ОН за заштита на водите


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на третата конференција на Обединетите Нации за океанот којашто се одржува во Ница, го потпиша Договорот според Конвенцијата на ОН за правото на морето за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност на области надвор од националната јурисдикција. Целта на Договорот е преку зајакнување на меѓународната соработка и […]

СДСМ го нарече Мицкоски лицемер кој нема граници


  Опозициската СДСМ реагира на последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски поврзани со трагедијата во Кочани и револтот на родителите на загинатите. „Мицкоски е невиден лицемер, навечер ги навредува родителите, нарекувајќи ги политичка партија, а наутро вели ‘заедно сме’. Врв на ароганција и дволичност тоа што Мицкоски ја демонстрира не само кон родителите во Кочани, […]

Одбележувње на Денот на воздухопловниот ВИНГ


Со воена свеченост која се одржа во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, припадниците на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од составот на Командата за операции (КО) го одбележаа, 10 Јуни – Денот на единицата, ден кој симболично го одбележува првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и кој денес е институционален белег на […]

Герасимовски убеден дека ќе победи во Центар, за следниот мандат најави нова општинска зграда


Актуелниот градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, е убеден дека по втор пат ќе ја добие довербата на центарци, заради сработеното но и многуте планови од интерес на граѓаните. На работната средба со новинарите, Герасимовски посочи дека во изминатиот период општината, раководена од него, работеше и работи транспарентно и отворено, и секогаш е достапна за […]

Колабораториум во Битола за зелена транзиција и одржлив развој


 Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола е домаќин на експерти од академската заедница, бизнис и граѓанскиот сектор кои дебатираат на тема „Зелена транзиција – паметни патишта за одржлив развој“, колабораториум со серија иновациски процеси специјално дизајнирани за поттикнување на соработка и креативност. Според универзитетскиот професор д-р Мимоза Богданоска Јовановска, раководител на просторот за колаборација, станува збор за […]

Невидена трагедија во Грац: Најмалку десет мртви во училиште меѓу кои и напаѓачот


  Најмалку 10 лица се убиени и потешко повредени во пукотница во средно училиште во австрискиот град Грац, близу словенечката граница, соопштија властите. Градоначалничката на Грац, Елке Кар, изјави дека претпоставениот напаѓач и неколку ученици се меѓу жртвите во нападот, најсмртоносниот во повоената историја на Австрија. Локалните медиуми објавија дека нападот започнал околу 10 часот […]

Пожар во затвор во Сплит, неколку затвореници хоспитализирани


Пожар избувна синоќа во затворот „Билице“ во хрватскиот град Сплит, а неколку затвореници беа хоспитализирани поради вдишување чад, соопшти локалната противпожарна служба. Пожарот, кој избувна во една од ќелиите околу 21:30 часот, беше главно изгаснат од затворските службеници пред пристигнувањето на пожарникарите. Шестмина пожарникари евакуирале дел од затворениците, а неколкумина биле пренесени во градската болница […]

Мицкоски со ЕУ работи на голем проект за Кочани, пак обвинува за некрофилија


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека случајот со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ нема да го политизира, туку како што рече како Влада ќе сторат сѐ што е во нивна моќ за семејствата на настраданите и за Општина Кочани. Тој најави дека наскоро ќе го објават и проектот кој е планиран за градот и […]

Пуштено во употреба реконструираното одделение за патни исправи во МРТ


  Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваа на пуштање во употреба на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ. „Прошетката тука ме наврати на година дена наназад кога во овие нечовечки, нехумани услови македонските граѓани ги вадеа своите патни исправи, а тоа не […]

Системот „Сејф Сити“ ќе биде пуштен во употреба од 01.01.2026 година, најави Тошковски


Долгоочекуваниот систем „Сејф Сити“, кој треба да донесе подобрување на културата во сообраќајот, ќе почне да се имплементира од 1. јануари 2026 година, соопшти министерот Панче Тошковски. Системот, кој предвидува камери кои ќе детектираат сообраќајни прекршоци од секаков вид, во следните месеци ќе биде и официјално законски импелментиран, со оглед дека треба да се сменат […]

Зеленски: Русија изврши еден од најголемите воздушни напади врз Киев


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија во текот на ноќта извршила еден од своите најголеми воздушни напади врз Киев, користејќи 315 дронови и седум ракети, кои погодиле и други делови од земјата. „Руските ракетни напади и дронови од типот ’Шахид‘ ги поткопуваат напорите на САД и другите земји за принудување на Русија кон […]

Се реконструираат четири улици во населбата Лисиче


В. Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со стручни екипи од општината денеска изврши увид во реконструкцијата на улиците „Димитар Македонски“ и „Лавчанска корија“, а наскоро ќе почне обновување и на улиците „Ернест Телман“ и крак од „Арх. Сотир Томовски“ во населбата Лисиче. Вкупната должина на улиците изнесува 1.200 метри, односно 7.250 м2 […]