Трамп му рекол на Нетанјаху да ја заврши војната во Газа


  Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивниот телефонски разговор вчера дека сака да види крај на војната во Газа и дека нападот врз нуклеарните постројки на Иран е забранет, објави израелскиот Канал 12, без да ги именува изворите. Во пораката без преседан од […]

Британија воведе санкции против двајца крајнодесничарски министри на Израел


  Велика Британија заедно со Австралија, Канада, Нов Зеланд и Норвешка воведоа санкции врз двајца министри од израелската влада, Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич, главно поради поттикнување насилство врз Палестинците во нивната кампања за преземање контрола врз новите населби на Западниот Брег. Бен-Гвир, министерот за безбедност во коалициската влада на Бенјамин Нетанјаху, и Смотрич, министерот […]

Првите компресивни облеки пристигнуваат на 16 јуни – ги обезбеди „Сапорт Кочани“


„Сапорт Кочани“ вечерва на социјалните мрежи објави дека се обезбедени  првите компресивни облеки за пациентите со изгореници од пожарот во дискотеката „Пулс“,  а пристигнуваат на 16 овој месец.    Додаваат дека следните денови ќе дојдат повторно експерти да земат мерки за следните пациенти, за кои исто така ќе бидат обезбедени компресивни ракавици.   „Support Kocani […]

Музичка „Фантазија“ со филмовите од „Дизни“ во изведба на Македонската филхармонија


„Фантазија“ е насловен овогодишниот традиционален концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи в петок, на 13 јуни, со почеток во 20. 30 часот. На програмата е музиката од анимирани филмови од продукцијата на „Дизни“, а диригент е Тимоти Редмонд од Велика Британија. Како солисти ќе настапат сопранистката Биљана Јосифов, тенорот Денис Димоски и бас […]

(Видео) Кочанскиот градоначалник бара министерката за финансии да дозволи отворање на градинката


Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, преку социјалните мрежи упати апел до власта поврзан со отворањето на долгоочекуваната градинка во градот, за чие отворање пред периодот на локалните избори, тој веќе две недели ја барал министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, но вели дека не добил ниту одговор на барањето за средба. „Како КРИЗЕН градоначалник, се […]

Ципрас и Заев им ја доделија Преспа наградата за мир на режисерите на документарниот филм „No Other Land“


Документарниот филм „No Other Land“ што го прикажува уништувањето на палестинската заедница на окупираниот Западен Брег, ја доби наградата за мир Преспа за 2025 година на Институтот „Алексис Ципрас“, а Палестинецот Басел Адра и Израелецот Јувал Абрахам наградата ја примија од Алексис Ципрас и Зоран Заев на маргините на Втората меѓународна конференција посветена на демократијата […]

Општина Илинден го уредува туристичкиот локалитет Бучинско Езеро


Општина Илинден континуирано работи на урбанизирање и модернизирање на сите населени места. За таа цел во завршна фаза е урбаното уредување на просторот околу туристичкиот локалитет Бучинско Езеро во населеното место Бучинци. Овој проект е предвиден во Стратешкиот план на Општина Илинден за периодот 2022-2026 година. Станува збор за простор каде граѓаните на општина Илинден […]

„Траги врз песок“ од Бојан Стефановски – конечно, книга-водич за успех и во Македонија


  Кончено, книга-водич за успех на менаџери за продажба, инспириран од врвните спортски тренери, и во Македонија. „Матица македонска“ ја објави книгата „Траги врз песок“ од Бојан Стефановски. Книга во којашто се обединети белетристиката, фактите и мотивациските пораки – книга што треба да ја има и да ја прочита секој што сака да успее.  – […]

ЕУ одобри 80 милиони евра за реформи во Црна Гора


Министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, денес стави потпис на финансиски спогодби со Европската Унија, во вредност од 80 милиони евра. Договорите се однесуваат на повеќегодишни програми за заштита на животната средина, вработување и социјална инклузија, објави агенцијата Мина. „Потпишавме два важни финансиски договори во вкупна вредност од над 80 милиони евра”, […]

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11, две деца се по потекло од БиХ


Универзитетската болница во Грац соопшти дека едно возрасно лице им подлегнало на повредните здобиени во масакрот во училиштето БОРГ, со што бројот на жртвите се искачи на 11. Меѓу убиените се двајца млади луѓе по потекло од Босна и Херцеговина – 17-годишна студентка со иницијали К.Ј. и девојка Х.А., која почина од повредите. Во училиштето […]

Зеленски: Орбан ја користи Украина за изборни цели


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за унгарскиот портал „Валас онлајн“ (Valasz Online) го обвини премиерот на Унгарија, Виктор Орбан дека користи пропаганда против Украина за внатрешнополитички поени. – Тој (Орбан) ја користи Украина за изборни цели. Тој не разбира дека ова ќе има многу посериозни и поопасни последици. Со тоа што не ни […]

Со концерт на „Леб и сол“ на Хераклеа, на 26 јуни, започнува Битолското културно лето „Бит фест“


Со концерт на македонската музичката група „Леб и сол“, на 26 ти јуни, во античкиот локалитет Хераклеја, ќе започне 17 издание на Битолското културно лето. На денешната прес конференција, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека „БИТ ФЕСТ“ оваа година ќе трае до 31 август и ќе содржи културни содржини кои ќе бидат вистинска […]

Доктор Катерина Паниќ – Мирчовска нов в.д. директор на Општа болница – Кочани


По барање на повредени пациенти од трагедијата во Кочани, доктор Катерина Паниќ – Мирчовска е нов в.д. директор на кочанската општа болница, потврди попладнево за МИА, заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Тој рече дека пациенти барале таа да биде таму, во текот на нивната рехабилитација. – Вчера го потпишав решението. Таа е ставена како […]

Општина Струмица распиша јавен повик за избор на членови за Организациониот одбор на Струмичкиот карневал


По одржувањето на двете јавни дебати посветени на формата, изборот и начинот на функционирање на идниот Организационен одбор на Струмичкиот карневал, денес официјално се распишува јавниот повик за избор на членови.   Сите граѓани – ентузијасти, креативци и вљубеници во карневалската традиција – се повикуваат да аплицираат и со своето учество да придонесат во организацијата […]

Нови згради никнуваат по Центар, имаат ли капацитет училиштата?


Училиштата во Центар засега имаат капацитет, што кога ќе се вселат зградите кај „Треска“ и кај „Холидеј ин“ Во скопската Општина Центар во догледна иднина ќе се доселат илјадници нови граѓани, веројатно повеќето млади со деца, а капацитетот на осумте основни училишта е ограничен. Сепак, градоначалникот Горан Герасимовски уверува дека за сите нив ќе има […]

Хаос во Калифорнија, Трамп испраќа нови трупи во „авторитарен“ потег


  Околу 700 американски маринци беа на пат кон Лос Анџелес во вторник откако Доналд Трамп ги мобилизираше претходниот ден како одговор на протестите поради рациите врз имигрантите. Претседателот, исто така, го удвои бројот на членови на Националната гарда на 4.000, во вонредна мобилизација на трупи против жителите на САД што лидерите на Калифорнија го […]

Горан Марковиќ е новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком


Горан Марковиќ ќе стапи на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2025 година. Тој е менаџер со богато искуство, со повеќе од 20 години на лидерски позиции во телекомуникациската индустрија, стекнато на различни меѓународни пазари.  Во текот на својата кариера, Горан бил на високи раководни позиции во две од водечките интернационални […]

Страв и солзи на очајните родители пред учиштето во Грац: „Синот ми се јави и рече оти мисли дека ќе умре“


  По пукањето во средното училиште БОРГ во Грац, пред блиската сала АСКО владееше паника. Таму беше поставен кризен центар за родители на ученици, а многумина плачеа додека чекаа вести за своите деца. Атмосферата беше тешка, полна со страв, а кризните тимови им помагаа на очајните родители. Една мајка сподели со медиумите застрашувачки момент за […]

Бесплатно возење за средношколците во автобусите на ЈСП и за летниот распуст


Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз, дека и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст. „Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во […]

10 јуни во историјата – Толстој се преправи како селанец и тргна на аџилак


  На 10 јуни 1881 година, грофот Лав Толстој тргнува на аџилак во манастир преправен во селанец. Толстој веќе ги имаше напишано неговите две најголеми ремек-дела „Војна и мир“ (1865-1869) и „Ана Каренина“ (1875-1877). Рускиот благородник беше зафатен од духовна борба и се чувствуваше растргнат помеѓу неговата одговорност како богат сопственик да ја подобри состојбата […]