Во КЈП „Водовод“ – Кочани доби фотоволтаичен систем за струја и за намалување на загубите на вода


Комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани доби комплетен систем за производство на електрична енергија од сончевата енергија што ќе се користи за потребите на станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци. Системот со капацитет од 600 киловат часови се реализираше во рамки на проектот „Намалување на загубите на вода во системот за водоснабдување и […]

Пуштањето на првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид ќе доцни две недели, сега рокот е 10 јули


Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, а до крајот на месецов и експресната делница Дреново-Фариш, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во одговор на новинарско прашање при посета на Битола, Мицкоски рече дека реализацијата на четирите автопати во изградба (Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово и Прилеп Битола) во должина од […]

Маск ги објави резултатите од тестот за дрога


Американскиот мултимилијардер Илон Маск ги објави резултатите од својот тест за дрога на социјалните мрежи X. „LOL“, напиша Маск, споделувајќи фотографија од резултатите од тестот, кои покажаа дека е негативен на која било од тестираните дроги. Потсетуваме дека The New York Times неодамна објави дека Маск земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки за […]

Најбрзиот човек на светот пристигна во Белград: Вучиќ го виде Болт


Повеќекратниот олимписки шампион, јамајканскиот атлетичар Усеин Болт, ќе биде амбасадор на специјализираната меѓународна изложба EXPO, која ќе се одржи во Белград во 2027 година, објави денес српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ им изјави на новинарите во Палатата на Србија дека EXPO ќе има неколку амбасадори на брендот, но дека еден од нив ќе биде Болт […]

Се ожени синот на Џорџ Сорос, Рама беше на свадбата


Хума Абедин (48), политички стратег и поранешна блиска советничка на Хилари Клинтон, и Алекс Сорос (39), син на милијардерот филантроп Џорџ Сорос, ја крунисаа својата љубов овој викенд на елегантна церемонија во нивната резиденција во Вотер Мил (Water Mill). Двојката одржа заедничка церемонија која ги комбинираше муслиманските и еврејските обреди, почитувајќи го културното наследство на […]

Мицкоски не верува многу во зборовите на Радев, бара дела од Софија


  Премиерот Христијан Мицкоски бара од Бугарија дела, а не зборови, какви што кажа бугарскиот претседател Румен Радев вчера во Тирана. Мицкоски денеска од Битола изјави дека тоа што го зборуваат претставници на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата […]

Студентите во блокада поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на повредените од пожарот во Кочани


Белград – Студентите кои се во блокада денеска поднесоа кривична пријава до Првото основно јавно обвинителство во Белград против претседателот на Србија Александар Вучиќ, обвинувајќи го дека „поради рејтинг“ ги посетил повредените од пожарот во дискотеката во Кочани, во Клиничкиот центар на Србија. „Не сакаме политички конфликти, не бараме одмазда, туку одговорност“, порачаа студентите пред […]

Сијарто беше во Скопје, а по една недела Муцунски отиде во Будимпешта


  Размената на посети меѓу членови на Македонија и Бугарија оди на брза лента. Минатата недела унгарскиот министер за надворешни работи беше во Скопје каде што потпиша договор за стратешко партнерство со Тимчо Муцунски, а денеска македонскиот шеф на дипломатија е во Будимпешта. Тој е учесник на меѓународната конференција „Будапест глобал дијалог 2025“ во организација […]

Поднесен предлог за спомен-парк со 14 клупи на местото каде беше модуларната болница во Тетово


Иницијативата „Нула“ денеска заедно со семејствата на 14-те починатите во пожарот во модуларна болница поднесе предлог барање во Општина Тетово на тоа место да се направи спомен-парк со 14 клупи. Предлогот е доставен до градоначалникот на Тетово Билал Касами, до претседателот на Советот на Општина Тетово Наим Исмаили и до министерот за здравство Азир Алиу. […]

Холандија не се откажува од израелски ракети за нови воени бродови


Холандското Министерство за одбрана избра израелски систем за оружје за два нови повеќенаменски помошни бродови. Одлуката е донесена поради растечките повици во Претставничкиот дом за бојкот на израелското оружје поради војната во Појасот Газа, објавија холандските медиуми. Вршителот на должноста државен секретар за одбрана, Гејс Тојнман, му пишал на Претставничкиот дом дека израелскиот производител на […]

Беше само прашање на време: WhatsApp воведува реклами


  WhatsApp воведува три нови рекламни функции што ќе го променат начинот на кој се користи популарната апликација за пораки. Компанијата, исто така, ветува дека приватните пораки на корисниците нема да бидат допрени. Платформата во сопственост на Мета нагласува дека новите реклами нема да се прикажуваат во приватни разговори, ниту пак содржината на тие пораки […]

Израел вели Иран е блиску до нуклеарна бомба. Разузнавањето на САД тврди дека е со години далеку


  Кога Израел минатата недела ја започна својата серија напади врз Иран, тој исто така издаде голем број сериозни предупредувања за нуклеарната програма на земјата, сугерирајќи дека Иран брзо се приближува кон точка од која нема враќање во својата потрага по нуклеарно оружје и дека нападите биле неопходни за да се спречи тој исход. Но, […]

Во Волково ќе се реконструира пат кон железничката станица


Од Општина Ѓорче Петров информираат дека утрово бил извршен теренски увид во Волково, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на патот на пруга, крак на улица „100“, со продолжение на улицата што води кон железничката станица. – Создаваме навремени услови за подостапен пристап до јавниот транспорт во овој дел од општината. Подобрата […]

Лисици во подножјето на Водно и Козле – не кревајте паника


Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со малечки), како и на други места низ Скопје. Апелираме до граѓаните да не креваат паника – овие животни не се опасни и не напаѓаат луѓе. Лисиците, како и многу други диви животни, сè почесто се […]

Влае и Бардовци без вода за пиење


Корисниците од населбата Влае се без вода за пиење од 11 часот, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што појаснија од претпријатието, причината е изведување водоводен приклучок на улицата „Франце Прешерн“. Прекинато е и водоснабдувањето за корисниците од населбата Бардовци. Како што појаснија од претпријатието, изведување технички зафат во пумпна […]

Околу 2 милијарди денари се вложуваат во училишта


Во образовната инфраструктура има инвестиции од околу две милијарди денари, кои опфаќаат повеќе проекти, меѓу кои училишта, спортски сали, студентски домови,…, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Битола во врска со она што Владата го прави за подобрување на инфраструктурата во образованието. -Што се однесува до Министерството за образование имаме инвестиции […]

Мицкоски најави нови мерки по растот на цените на прехранбените производи


Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи. Во изјава за медиумите дадена во Битола, Мицкоски не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот. – Се консултираме со екпертската јавност, […]

На „Бехтел и Енка“ досега се исплатени вкупно 301,08 милиони евра за коридорите 8 и 10д


Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани,  а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.  Според Извештајот, […]

Диџеј Армин ван Бурен на 3 август во Битола -музички спектакл на стадионот “Петар Милошевски“


Ова лето, на 3 август, Битола ќе биде домаќин на еден од најголемите музички настани во историјата на градот. На Градскиот стадион „Петар Милошевски“ ќе настапи светската музичка ѕвезда и еден од највлијателните диџеи на сите времиња – Армин ван Бурен, во организација на Авалон продукција.  -Настапите на Армин се уникатни и од музички аспект […]

Се отвораат осум тениски терени во Гази Баба


Градоначалниот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за изградба на нов спортски терен на најсовремена тартан подлога кој се гради во Ченто кај старата полициска станица. Со ова започна реализацијата на новиот проект: Изградба на осум спортски терени на тартан подлога во населените места низ општина Гази Баба. Во мојата […]