Лагард: ЕУ да се откаже од правото на вето и да ја искористи шансата за „глобално евро“


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард во колумна за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times) предупреди дека Европска Унија премногу често се парализира себеси дозволувајќи им на поединечните земји-членки да ги блокираат итно потребните реформи. – Не смее повеќе да се дозволи едно вето да им застане на патот на колективните интереси на другите 26 земји-членки, […]

Конференциска лига: Противници од Сан Марино, Белорусија и Црна Гора за Вардар, Работнички и Силекс


Трите македонски екипи кои избори настап во Конференциската лига – Вардар, Силекс и Работнички, ги дознаа противниците во воведното коло со жрепка која попладнево беше извлечена во седиштето на УЕФА во Нион. Освојувачот на македонскиот Куп, Вардар, во 1. квалификациско коло за противник ќе го има претставникот од Сан Марино, Ла Фиорита. Работнички, кој како […]

Општина Штип инкасираше околу 31 милион денари од данок на имот


Општина Штип до денеска наплатила околу 50 отсто од предвидените средства, кои граѓаните ги плаќаат за данок за имот. Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип вели дека ако се направи споредба со претходната година, до 30 мај 2024 година беа нaплатени 30 отсто од предвидени 54 милиони денари за таа тековна година. […]

Судир на два танкера во Ормускиот теснец: Оган и чад се гледаат на километри оддалеченост


Танкерите „Фронт Игл“ и „Адалин“ се судрија во Ормускиот теснец, предизвикувајќи пламен и евакуација на екипажите кои се безбедни. Двата танкера со вкупен капацитет од повеќе од 460.000 тони сурова нафта се судрија поради пречки во GPS навигацијата на двата брода. Голем пожар избувна по судирот на танкерот „Адалин“, за кој се вели дека претрпел […]

Прва изложба на откупените и подарените дела на Националната галерија  во Чифте амам, во фокус легатот на Лазар Личеноски


Националната галерија на Македонија на 19.6.2025 година (четврток), во објектот Чифте амам во 20 часот ќе ја отвори групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“. Како што укажува и самиот наслов, овој проект се однесува на откупените и подарените дела на колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва […]

Овчите сипаници најчесто акутно заразно заболување во мај


Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ со вкупна инциденца од 49,1 на 100.000 жители. Во текот на мај се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за […]

Сиљановска: Изјавата на Радев не ми беше упатена мене


  Претседателката Гордана Сиљановска–Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев во однос на ветото и преговарачката рамка, но нагласи дека тоа не значи дека се согласува. Јас, нагласи таа, тоа го истакнав во текот на разговорот. „Апсолутно репликата, ако така може да се каже, не ми е упатена […]

ДПМ го одложи доделувањето на наградите на тематскиoт конкурс на  „Празник на липите 2025“


Штуро помина веста во пошироката јавност дека поради одредени некохерентности во изборниот процес (жирито е тајно), изборот на наградените и доделувањето на наградите на конкурс на тема „Помеѓу пејзажот и бетонот“, при затворањето на манифестацијата „Празник на липите 2025“  ќе се одложат за датум што ќе биде дополнително одреден од страна на Управниот одбор на […]

Владимир Лапе, препознатливото лице на македонскиот журнализам, почина на 79 години


  По кратко боледување на 79 години денеска почина Владимир Лапе, долгогодишен новинар и доајен на македонското новинарство. Роден е во Скопје во 1946 година. Со новинарство започна да се занимава уште од студентски денови во средината на 60тите години во редакцијата Млади за млади во тогашното Радио Скопје, а потоа и како еден од […]

Ни една третина не е сработено од булеварскиот влез во Битола


  БИТОЛА – По речиси една година, ни една третина не е сработено од реконструкцијата на влезот на Битола од страната на Прилеп за булеварско современо решение. Рокот за изведба истекува за 7-8 месеци, ама крајот не се гледа. Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Битола рече дека објективно не е задоволен како се […]

Црвениот крст изврши последна исплата на финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани


Во рамките на апелот на Црвениот крст на РСМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани во периодот од 16.03.2025 до 16.06.2025, вкупно се собрани 153.931.166,00 денари. Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на настрадани од пожарот во Кочани. Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени се средства на […]

Велешанец нападнал девојче, се заканувал на полицијата со секира и тесла


Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а и шест кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение […]

Азербејџан ќе ја засилува соработката со Македонија за снабдување со гас


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји и беше нагласена потребата за дополнително продлабочување на меѓусебната соработка. Официјалната посета што се реализира од 17 до 19 јуни 2025 година претседателот Гаши ја оствари на покана на претседателката на […]

Тоа што трае е родено во имагинација: Награден конкурс за уметници до 35 години


Сликари, вајари, фотографи, како и дигитални, визуелни и мултимедијални уметници од седум земји од регионот се поканети да се пријават на уметничкиот конкурс и даучествуваат на изложбата со наслов „Тоа што трае е родено вo имагинација“, организирана од регионалната правна пракса Karanović & Partners. Темата на конкурсот е интерпретација на процесот што води до трајност […]

Собранието ја донесе Фискалната стратегија 2026-2030


Собранието денеска во рамки на 53. пленарна седница ја донесе Фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2026 – 2030 година и измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, а заврши расправата за измените на Изборниот законик и дополнително ќе се гласа и за измените и дополнувањата на Законот за основното образование. Фискалната стратегија […]

Париз ја повика Москва прво да склучи мир со Украина откако Русија повика на мир на Блискиот Исток


Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ја осуди, како што ја нарече, „неконтролираната жестокост и цинизам“ на Русија и ја повика Москва да склучи мир во Украина пред да понуди помош како посредник за мир на Блискиот Исток. „Смртоносен напад во Украина од страна на режимот на Владимир Путин, чија суровост и цинизам не […]

Досега поднесени 13.000 апликации за упис во средно


Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година. Апликации можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе […]

Софија и Скопје во нова спирала на влошување на односите


  Односите меѓу Македонија и Бугарија повторно влегоа во спирала на недоверба и заострување. Има две причини за тоа – извештајот на Европскиот парламент за Македонија, за кој Софија го обвини известувачот Томас Вајц дека бил пристрасен. И второ, пресудата на претседателот на сега згаснатиот клуб „Иван Михајлов“ од Битола. Оваа условна казна затвор за […]

Морган Стенли, Сити банк, ЏП Морган, Дојче Банк… Еве од кои банки се бараат пари за брзата пруга


Министерството за финансии денеска испрати до 22 меѓународни финансиски институции и странски комерцијални банки барање за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10. Станува збор за финансиски институции од Европа, САД, Јапонија и Обединетото Кралство, од кои дел се институции со коишто земјата  и претходно соработувала на одредени проекти. Поконкретно барањето […]

Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација


Македонската кошаркарска федерација денес го промовира Марјан Илиевски во нов селектор на сениорскиот национален тим. Илиевски на чело на македонската репрезентација доаѓа на местото на Александар Јончевски. На денешното официјално претставување пред медиумите, новиот селектор најави макотрпна работа со цел подобрување на состојбата во која се наоѓа македонската кошарка и за тоа побара време и […]