Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одбележа Денот на жените инженерки


Со силна порака за поддршка, инспирација и системски промени, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одбележа Светскиот ден на жените инженерки – 23 јуни, со посебен настан што ги обедини жените од секторот: од студентки до експертки, од практикантки до професорки, од млади инженерки до докажани, влијателни жени во инженерството, се наведува во […]

Белата куќа: Трамп ќе изврши притисок на самитот на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе изврши притисок врз другите земји-членки на НАТО да ги зголемат своите трошоци за одбрана на пет проценти од БДП кога утре ќе оди на самитот на одбранбената алијанса, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. -Една од главните теми на дискусија ќе биде овој праг од пет проценти […]

Објавена листа на најбезбедни земји. Исланд на врвот, Македонија со пад од четири места


Додека светот е потресен од насилство и нестабилност, најновите податоци од Глобалниот индекс на мир (GPI) покажуваат дека од оваа година просечното ниво на глобален мир се влошило за 0,36 проценти. Ова е 13-то влошување на мирот во последните 17 години, при што 74 земји бележат подобрување, а 87 влошување на мирот. Исланд останува најмирната […]

,,Таков каков што сум’’ – автобиографска книга на Кочо Анѓушев на македонски и на англиски јазик


Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач. Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев, во соработка со Арс Ламина, и е негова […]

ИЈЗ со препораки за претстојниот топлотен бран


Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни 2025 година, Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи на население во услови на високи амбиентни температури. Покрај другите, за ранливи категории на […]

Предлог-законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници го поминаа комисискиот филтер


Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 33 седница ги усвои Предлог законите за вработените во јавниот сектор, за административни службеници и  за стручно усовршување и обука на административните службеници во прво читање и ги даде на понатамошна собраниска постапка. Министерот Горан Минчев во своето обраќање од говорницата ги образложи Предлог законите пред […]

Жерновски: Македонија со ВМРО-ДПМНЕ стана тажна приказна во друштвото на Орбан


  Од моето досегашно искуство на политичката сцена, ова е најлошото владеење што сум го видел, а верувам и општеството во Македонија, од времето на плурализмот – со најлоши перформанси. Сведоци сме на драматичен пад на квалитетот на владеење на сите нивоа – од централната власт, преку локалната, па сè до дипломатската мрежа, рече Андреј […]

Арсовска повторно од Чаир: Небезбедно! Зграда од 12 ката со 50 стана


Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата над 50 станови незаконски градени сега со обид да се прикажат дека се од 2011, со нелегален приклучок на струја, нелегален приклучок на вода и МНОГУ ЗАКАНИ!, сподели актуелната градоначалничка Данела Арсовска. ,,Дрскоста оди до таму што денес копаат булевар за диво да се приклучат на водоводна и […]

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан


Специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дејм Карен Пирс, во коментар за претстојниот есенски самит на Берлинскиот процес во Велика Британија, порачува дека целта на нејзината земја е да им се помогне на земјите од регионот да ја завршат евроатлантската интеграција и да обезбедат подобар, постабилен и попросперитетен живот за своите граѓани. Текстот […]

ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна


На територија на Скопје, по предходна пријава на граѓани беше пронајдено младо женско куче, на возраст од приближно една година, затворено во напуштен автомобил – без вода, храна или провев, изложено на екстремни температури и во загрижувачки услови. Благодарение на навремена реакција, животното е извадено и моментално е во процес на опоравување. Се работи на […]

Полуматуранти од Гостивар го бојкотираа квалификацискиот тест за упис во медицинското училиште


Дваесет и три завршени основци го бојкотираа квалификацискиот тест за упис во средното медицинско училиште и не полагаа. Нивните родители се револтирани, бидејќи како што кажаа, нивните деца ги исполниле условите и со максимален резултат од 75 бодови, а не беа примени во јунскиот рок за насоката медицински сестри во Средното медицинско училиште во Гостивар. […]

Зеленски пристигна во Велика Британија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Велика Британија денеска за да разговара за одбраната на Украина и како да се изврши поголем притисок врз Русија, изјави неговиот портпарол. -Исто така, ќе разговараме за нови и моќни чекори за зголемување на притисокот врз Русија за оваа војна и за запирање на нападите, напиша Зеленски на „Х“ […]

Нафтата на 100 долари? Тоа сценарио сега не изгледа толку неверојатно


Пазарите на нафта влегуваат во нова фаза на неизвесност откако САД се приклучија на војната меѓу Иран и Израел, а експертите предупредуваат за троцифрени цени. Инвеститорите внимателно го следат одговорот на Техеран на американските напади врз неговите нуклеарни постројки, а министерот за надворешни работи на Иран предупредува дека неговата земја ги задржува „сите опции“ за […]

Ќе се евакуира уште едно семејство од Израел, граѓаните да се воздржат од патувања на Блискиот Исток


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека утре од Тел Авив ќе биде евакуирано уште една семејство, мајка и три деца. Воедно, Министерството апелира до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена. По минатонеделното безбедно враќање на осум македонски државјани од […]

Се укинува Агенцијата за промоција на туризмот, вработените преминуваат под Министерството за култура


Предлог-измените на Законот за туристичка дејност во прво читање го поминаа комисискиот филтер во матичната Комисија за култура и туризам. Членовите на Комисијата дадоа поддршка на предложените измени и ги проследија на понатамошно читање.  Со предложените измени се укинува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што вработените и се останато преминува под надлежност […]

Словенечки стручњак протетичар ќе им помага на повредените во Кочани


Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски денеска се сретна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Шпела е во работна посета на земјава за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Во Македонија […]

Ќе се проширува Европскиот фронт


Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт Блерим Беџети денеска на прес-конференција најави дека коалицијата ќе се зголемува, но не само со политички партии. Уште еднаш ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори, притоа обвинувајќи за деградирање на албанскиот јазик и игнорирање на законот за употреба на албанскиот јазик.  На новинарско прашање поврзано за […]

Поскапуваат горивата за денар до денар и пол


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 […]

Јапонски ресторан во главниот град на Перу прогласен за најдобар во светот во 2025


Наградите, кои често се нарекуваат „Оскари на иновативната гастрономија“, беа доделени на свечена церемонија во Торино, Италија. Maido, сопственост на готвачот Мичухару „Миче“ Комура, е познат по Nikkei кујната – уникатна фузија на јапонска техника и перуански состојки, што резултира со оброци кои се културно богати, модерни и незаборавни. „Гастрономијата има моќ да остварува соништа“, изјави Комура. Топ […]

УВ-зраците не се само на плажа: При силно сонце, проверете ги бенките


Пред нас се сончеви денови, кожата е изложена на сонце и важно е да проверите како ви изгледаат бенките. Сите ги имаме, но во одредени ситуации можат да станат опасни. Најголемата опасност од нив е кога ќе развијат меланом – најсериозниот и најмалиген карцином на кожата и со најголема смртност од сите кожни малигни болести. […]