Реза Пахлави, синoт на соборениот ирански шах, вели дека промената на режимот е единственото решение


Последниот наследник на иранската монархија, Реза Пахлави (64), денес ги повика западните земји да прифатат дека падот на сегашниот режим во Иран е неопходен за воспоставување траен мир и стабилност во регионот. „Сега е време да се застане на страната на иранскиот народ. Не ги повторувајте грешките од минатото. Не му давајте на овој режим […]

Иранците потврдија напади врз американските бази во Катар и во Ирак


Иранската државна радио-телевизија потврди дека иранската армија лансирала ракети кон американски бази на Блискиот Исток, поточно во Катар и во Ирак. Според американски медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Луаил, вториот по големина град во Катар. Најмалку 10 ракети е ипукани кон Катар и најмалку една кон Ирак. Како што беше нагласено, Корпусот на […]

Оваа недела на Скопско лето- oд концерти до претстави


На 23.06.2025г. (понеделник) ќе се одржи јубилеен концерт на „Баклава“ со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан.  Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера. На концертот ќе бидат изведени песни […]

Пожар во отпад за пластика и гуми, црн облак од дим го покри Куманово


Гори отпад за стари автомобили, гуми и пластика, кој се наоѓа на ул. „Индустриска“ во Куманово, јавува Kumanovonews. Од Противпожарната единица Куманово, за Кумановоњуз кажаа дека отпадот се запалил околу 18 часот, и нивни екипи од цела смена, со три противпожарни возила и десетина пожарникари се на терен. Местото го обезбедуваат и полициски службеници од […]

Израел сака да ја заврши војната со Иран: Дипломатски план се крие зад американските напади


Израел сака наскоро да ја заврши војната со Иран, изјавија израелски и арапски претставници за „Волстрит џурнал“, обидувајќи се да го искористи нападот на САД врз клучните нуклеарни постројки за да се приближи кон крај на конфликтот. Израел очекува да финализира список на воени цели во Иран во наредните денови, што би можело да го […]

„Скај њус“: Експлозии се слушаат над главниот град на Катар


 Sky News објави дека експлозии моментално се слушаат над главниот град на Катар. Како што наведуваат, новинската агенција Ројтерс објави за серија експлозии над Доха, главниот град на Катар. Истото го откри и Axios, кој тврди дека шест балистички ракети биле испукани од Иран кон Катар. Footage showing surface-to-air missiles launched from Al Udeid Air […]

Зошто портокалите најчесто се продаваат во црвени мрежести кеси


Кога купувате, веројатно сте забележале дека овошјето како портокали и мандарини често се продава во црвени мрежести кеси. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Технологот за храна Мигел А. Луруена откри зошто популарното овошје речиси секогаш се продава во одреден вид пакување. „Дали сте забележале дека портокалите секогаш се продаваат во […]

Економски профили: Израел и Иран – судир на идеологии, но и бројки


Додека воените конфликти меѓу Иран и Израел продолжуваат, важно е да се разбере не само геополитичката, туку и економската скала на силите што се во сè поотворен конфронтациски однос. Иако често се дискутира за воената моќ и стратешките позиции, подеднакво е важно да се анализираат економските основи на овие две земји, бидејќи токму економијата го […]

За Георгиев, извештајот на ЕП за Македонија не е меѓународно правно обврзувачки


Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Република Северна Македонија нема меѓународно правно обврзувачка природа. Ова го изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев пред бугарските новинари во Брисел, каде што учествуваше на вонреден состанок на неговите колеги. – Го почитуваме ЕП и неговите извештаи. Секоја земја-кандидат за членство во ЕУ мора да ги […]

Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка


Катарските власти привремено го суспендираа воздушниот сообраќај низ целата земја, соопшти попладнево Министерството за надворешни работи, откако Иран се закани со одмазда за американските напади врз неговите нуклеарни постројки. „Надлежните органи објавуваат привремено суспендирање на воздушниот сообраќај во воздушниот простор на земјата, како дел од низа мерки на претпазливост преземени врз основа на развојот на […]

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“


Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето „Гостивар“ во Гостивар (медицинска сестра на албански наставен јазик), денеска полагаа квалификациско тестирање. Оваа селекција се прави бидејќи за конкретните образовни профили се пријавиле […]

Цените на нафтата остануваат под 77 долари, фокусот е на Ормутскиот теснец


Цените на нафтата паднаа под 77 долари на меѓународните пазари, додека сите очи се насочени кон Ормутскиот теснец, а инвеститорите се плашат дека Иран би можел да одговори на американските напади со блокирање на транзитот. На лондонскиот пазар, цената на барел попладне беше за 32 центи пониска отколку на крајот од тргувањето на крајот од […]

Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека ја следи ситуацијата, и го повика Министерството за енергетика на САД да продолжи со потрагата по сопствени нафтени ресурси. -Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Ве гледам! Не сфаќате дека она што […]

Нова Предлог одлука за именување на членови на Советот на АВМУ, Зиријета Јајага на местото на Нафије Селмани


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска едногласно усвои Предлог-одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) со која во предложениот состав на Советот за кој претходно беше завршена расправата, но Собранието не го усвои, се предлага на местото на Нафије Селмани, дипломиран професор по […]

Министерот Муцунски на Самитот на НАТО во Хаг


На покана на Генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, соопштија од Министерството. На првиот ден, министерот Муцунски ќе учествува на работната вечера во форматот Совет НАТО–Украина, заедно […]

Руско разузнавање: Српска муниција се составува во Чешка и Бугарија и се испраќа во Украина


Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР) денеска издаде ново соопштение во кое тврди дека муниција произведена во одбранбени компании на Србија, главно за тешки системи со голем дострел, се испраќа во земји на НАТО во форма на делови, а дека склопувањето и опремувањето на муницијата се одвива првенствено во Чешка и Бугарија, пренесоа белградските […]

Ќоку: Законот за правична застапеност утре поминува на Влада и се очекува наскоро да дојде во парламентарна процедура


Координаторот на пратеничката група на Влен Беким Ќоку, денеска, на прес-конференција во законодавниот дом порача дека нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните наесен, откако претходно координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт Блерим Беџети ги повика владејачките Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори, притоа обвинувајќи ги за деградирање на албанскиот јазик и […]

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани


Денеска се одржа седница на Комисијата за политика демографија и млади која што беше свикана од страна на претседателот на собранието, Африм Гаши врз основа членот 126 кој е решение беше задолжена пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ таа да ја води оваа седница. Меѓу другите точки на дневен ред се најде и точката на предлог-законот […]

Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник


Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две полнолетни лица, татко и син, осомничени за кривично дело насилство, како и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата, поради брутален напад врз маж во селото Батинци. Според обвинителството, 41-годишниот татко, заедно со своите синови – едниот 18-годишен, а другиот 15-годишен, дошле пред домот на […]

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби


 Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“.  Со нив работат лекари специјалисти од Клинилата за пластична хорургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија. -Престојот на […]