Што ги чека канцеларот Мерц и неговата екипа?


Не одеше како што замислуваше Фридрих Мерц. Новиот канцелар е првиот во историјата кој не успеа во првиот круг од гласањето во Бундестагот, бидејќи некои членови на владејачката коалиција не гласаа за него. Сепак, тој беше избран во вториот круг. Ова ќе го отежни создавањето нова коалиција која нема време за губење. Новата влада сака […]

Операцијата против Хутите САД ги чинеше над милијарда долари


Вашингтон –  Американската воена операција против јеменските Хути ги чинеше САД повеќе од милијарда долари, објави Ен-БиСи, повикувајќи се на двајца американски функционери запознаени со трошоците. Од 15 март, кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја започна воената операција против јеменските Хути, позната како операција „Суров јавач“, Пентагон врз оваа група употреби околу 2.000 бомби […]

Свечено отворање на македонскиот павилјон на 19. Меѓународна изложба на архитектура во Венеција


Во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми (Sale d’Armi) во Венеција, денеска свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија во рамки на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia. Проектот „STRADA BRUTALISSIMA”, под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од Ана Рафаиловска, Невенка Манчева […]

Папата Лав Четиринаесетти денеска ќе ја одржи својата прва голема миса


Рим– Новоизбраниот папа Лав XIV денеска ќе ја одржи својата прва голема миса како понтиф на Католичката црква во Сикстинската капела, соопшти Ватикан. Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, им изјави на новинарите дека папата ќе се појави и на балконот на базиликата Свети Петар за пладневната молитва в недела. Кардиналот од Чикаго, Роберт Френсис Превост, […]

„Црвен се барјак развева“ – изложба на Кирил Пенушлиски за македонската народна борбена поезија и нејзината интерпретација во ликовните дела


Во Националната галерија во Чифте Амам вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Црвен се барјак развева“ од проф. д-р Кирил Пенушлиски, македонски историчар на уметност. „Црвен се барјак развева“ e изложба која ја обработува македонската народна борбена поезија и нејзината интерпретација во ликовните дела на македонските уметници. По повод изложбата, ќе биде печатена […]

Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова. Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без […]

Бајден вели дека „презема одговорност“ за враќањето на Трамп во Белата куќа


Вашингтон – Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера изјави дека презема дел од одговорноста за реизборот на Доналд Трамп во Белата куќа. – Да, преземам, бидејќи, гледајте, јас бев на чело и тој победи. Значи, знаете, јас преземам одговорност, рече во интервју за американската телевизија Еј-Би-Си. Бајден ги отфрли тврдењата за намалување на неговата когнитивна […]

Со премиера на „Риголето“ почнуваат 53. „Мајски оперски вечери“


Со палење на фестивалскиот оган и изведба на операта „Риголето“ од Џузепе Верди, вечер во 20 часот, во Националната опера и балет (НОБ) ќе бидат отворени 53. „Мајски оперски вечери“, еден од најзначајните културни настани во земјава што ќе трае до 31 мај. – Стремејќи се секогаш кон тоа, вам, нашата верна публика, да ви […]

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“


Со чистење на околината на Скопскиот аквадукт во кое ќе се вклучат 200 волонтери денеска официјално почнува еко акцијата „Генералка викенд“, единствен масовен еколошки настан, не само во земјава, туку и на целиот Западен Балкан, во организација на „Мен енд Маунтен“ во соработка со бројни спонзори. Акцијата е поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и […]

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион


 Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветно летало, односно соодветен владин авион и не треба да се симнуваме на ниво соседните држави да не собираат со нивните авиони кога треба некаде да одиме со заеднички делегации, смета директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски. -Лирџетот со кој сега располагаме […]

Деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“


Денеска се навршува деценија од оружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани […]

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде ќе наврнат од 20 до 30 литри на квадратен метар, а во […]

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност


Брисел – Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова ера на просперитет, мир, демократија, солидарност и соработка на Стариот континент.  На 9 мај се чествуваат две годишнини – завршувањето на […]

Митскиот стадион „Ацтека“ се реновира за Мундијалот 2026


Мексико Сити –  Градските власти на мексиканската престолнина Мексико Сити објавија дека отворањето на реновираниот митски стадион „Ацтека“ ќе се одржи во март следната година. Стадионот ќе биде преименуван во „Естадио Сиудад де Мексико“,. На „Ацтека“ стадионот, кој беше домаќин на мундијалските финалиња во 1970 и 1986 година, ќе биде одигран првиот натпревар од Светското првенство […]

Англиско финале Тотенхем – Манчестер Јунајтед во Лига Европа


Манчестер – Англиските прволигаши Манчестер Јунјатед и Тотенхем ќе играат во финалето во Лига Европа на 21 мај во Билбао. Ова е епилогот од синоќешните реванш полуфинални натпревари во кои Манчестер јунајтед го елиминираше Атлетик Билбао со вкупен резултат 7-1, додека Тотенхем го исфрли норвешки Бодо/Глимт со вкупен резултат 5-1. Манчестер Јунајтед ја задржа предноста од […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 9 мај 2025 година, 128-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 237 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 20 минути, а ќе зајде во 19 часот и 41 минути. Денов трае 14 часа и 21 минути.  Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на април 2025 година изнесувале 4.771,2 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,3%), по што следуваат монетарното злато (13,4%) и валутите и депозитите (11,2%).

Објавена е табела со цените на природниот гас во Европа, еве каде е Македонија


Домаќинствата во Европската Унија платија највисока цена на природен гас во втората половина од 2024 година откако Европскиот завод за статистика објавува податоци, а во табелата е вклучена и Македонија. Според податоците, потрошувачите во нашата земја плаќаат речиси највисока цена за природниот гас. Поскапо плаќаат во Шведска, Италија, Ирска и во Лихтенштајн, ако се одземат […]

Кина ќе ги одржи првите игри со хуманоидни роботи: трки, фудбал и танцување


Настан наречен Светски спортски игри на хуманоидни роботи, натпревар во кој ќе учествуваат хуманоидни роботи, ќе се одржи во Пекинг од 15 до 17 август. Ова ќе претставува значаен чекор во интегрирањето на роботиката во апликациите од реалниот свет. „Чајна дејли“ објавува дека натпреварот ќе биде дел од Светската конференција за роботи и ќе стане […]

Трамп му честиташе на папата Лав XIV: Прв американски папа, каква чест


Актуелниот американски претседател Доналд Трамп му честиташе на папата Лав XIV, чие вистинско име е кардинал Роберт Франсис Превост, преку неговата платформа „Truth Social“. „Честитки до кардиналот Роберт Франсис Превост, кој штотуку беше назначен за папа“, напиша Трамп. „Голема чест е да се сфати дека тој е првиот американски папа. Каква возбуда и каква голема […]