Калас и неколку европски МНР во посета на Украина


Киев – Министрите за надворешни работи на европските земји и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, се во посета на Украина на Денот на Европа, објавија денеска Калас и украинскиот премиер Денис Шмихал на социјалните мрежи. – Денеска заедно со Украина и нејзиниот народ го славиме Денот на Европа. Затоа што во семејството се делат […]

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за кршење на тридневното примирје


Русија и Украина денеска си разменија меѓусебни обвинувања за кршење на тридневниот прекин на огнот, што еднострано беше прогласен од рускиот претседател Владимир Путин. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во изминатите 24 часа на бојното поле имало речиси 200 судири. Околу клучниот рударски град Покровское, во источниот регион Донецк, Украина одбила 71 руски напад, покажува […]

Диригентката Елена Митревска ќе биде директорка на двата хора на Данското радио


Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот силен уметнички профил, креативна визија и меѓународна кариера, таа е идеален избор за улогата, а дополнителен бонус е што таа веќе има доверлив […]

Маж фрлил вазна по сопругата – таа си заминала – одредени му се мерки за препазливост


Мерки на претпазливост му се изречени на маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата пред двете малолетни деца.  Основното јавно обвинителство од Скопје денеска соопшти дека е поведена постапка против него за кривично дело „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така […]

Јаневска: Имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации


Образовниот систем преку теми и содржини во наставните програми ги образува младите да бидат еколошки едуцирани, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска  при учеството во акцијата  Генералка викенд во Скопје кај Скопскиот аквадукт. Во акцијата денеска се вклучија, претседателката Гордана Сиљановска Давкова,  општините и Зеднициата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС,  амбасадори, волонтери […]

Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, порача претседателката


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова порача дека генералка викенд треба да има секој ден во годината, на почетокот на акцијата за чистење отпад низ државата. Тридневната акција започна од Скопскиот аквадукт, за кој претседателката рече дека треба да биде парк. – Штитејќи ја природата се штитиме себеси, а генералка викенд треба да прерасне во генералка од […]

Вучиќ доби место во задниот ред кај Путин


Многу прашина се крена околу заминувањето на Александар Вучиќ во Москва, каде што денес треба да присуствува на парадата што ја организира Русија на Црвениот плоштад, по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.Додека многумина го напаѓаа за легитимирање на рускиот напад врз Украина со одење на „Путиновата парада“, имаше и такви […]

Трамп именува водителка на Фокс Њуз за привремена главна обвинителка на Вашингтон


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп ја именуваше водителката на Фокс Њуз и поранешна обвинителка од Њујорк, Жанин Пиро, за привремена американска обвинителка во Вашингтон. Објавата дојде откако Трамп го повлече својот прв кандидат за таа функција, бидејќи ја изгуби клучната поддршка од републиканците во Сенатот, кој инаку ги потврдува таквите именувања. Откако Трамп во […]

Ди Каприо беше на Мет Гала, ама никој не го виде


Фатете го ако можете. Да, Леонардо Дикаприо беше на Мет Гала во 2025 година и не, не го видовте. Се испостави дека додека ѕвездата на Титаник го имаше своето деби на годишниот моден настан оваа година, тој одлучи да го прескокне влезот со син тепих и да се упати директно кон самата забава. Всушност, има […]

Челзи најтрофеен меѓу шесте финалисти во европските купови


Три англиски и по еден италијански, шпански и француски тим ќе играат во финалните пресметките за титулите во Лигата на шампиони, Лигата на Европа и Конференциската лига. Во финалето на Лигата на Европа на 21 мај на „Сан Мамеш“ во Билбао ќе играат екипите од англиската Премиер лига Манчестер Јунајтед и Тотенхем, на 28 мај […]

Истече мерката за замрзнување на маржите, цените се вивнаа до небо!


Откако на 30 април заврши владината мерка за замрзнување на трговските маржи за основни производи, цените во малопродажбата во Северна Македонија доживеаја остар скок. Потрошувачите сега се соочуваат со драматични поскапувања, особено кај свежото овошје и хигиенските производи. Во одредени супермаркети, цената на килограм цреши достигна 1359 денари, цитроните се продаваат за 130 денари, а […]

Што се крие во едно име? Зошто новиот папа избра да биде Лав XIV


Зошто првиот Американец избран за папа, водач на 1,4 милијарди римокатолици во светот, го избра Лав за свое папско име? Роберт Превост, кој стана папа Лав XIV на 8 мај, избра име што го користеле 13 други пред него. Какво е значењето на името „Лав“ во папската историја? И зошто роден во Чикаго, кој голем […]

Левица тврди: Власта ќе ја либерализира трговијата со оружје, за профит ќе ја загрозат безбедноста во државата


Левица обелоденува дека, како што велат, екстремно неспособната владејачка гарнитура до Собранието доставилан предлог од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за измени на Законот за оружје по скратена постапка, со кои дополнително се либерализира трговијата со оружје! „Со скандалозните измени се предвидува физичко лице да набавува до 500 куршуми годишно, со што драстично се подигнува […]

Владата ја прифатила иницијативата на ЛДП за референдумско отповикување на градоначалници


Либерално-демократската партија соопшти дека Владата ја прифатила нивната идеја за  референдумско отповикување на градоначалници – предлог што ЛДП подолго време го застапува и промовира преку јавни настапи и трибини. „Ваквата идеја станува реалност со ново предложените измени на Законот за локална самоуправа, кои денес влегуваат на комисиска расправа во Собранието. Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, […]

Турски државјанин уби странски студент во Штип


Полицијата го уапсила турскиот државјанин кој избега ноќеска откако со пиштол застрела и уби друг странски државјанин во Штип, соопшти Основното јавно обвинителство Штип. Најден бил и пиштолот и во текот на денов осомничениот убиец ќе биде на распит пред обвинител. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршел увид во кафе-барот каде се […]

Андоновски: Ги забрануваме првите 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вчера гостуваше во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, каде што соопшти една новина, а тоа е првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. „Би сакал да истакнам една новина, го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн […]

Global Azure Skopje 2025: Хуманитарен ИТ настан со поддршка на семејствата од Кочани


Македонската .Net заедница и Macedonian IТ-Pro User Group со гордост го најавуваат годишното локално издание на глобалниот настан Global Azure Skopje 2025 кој истовремено се одржува во над 50 држави ширум светот. Локалниот настан во Македонија ќе се одржи на 10ти мај во InnoX Innovation Center во Скопје. Овој настан е дел од најголемата светска мрежа на настани поддржани од Microsoft […]

Викенд хороскоп: Кој ќе сретне важна личност од минатото, а на кого се ќе му се преврти наопаку


Дознајте што ви подготвуваат ѕвездите овој викенд, со каква среќа ќе имате во периодот од 9 до 11 мај 2025 година! Викенд хороскопот за периодот од 9 до 11 мај 2025 година открива колку ѕвездите се поволни за секој знак од Зодијакот и на кои работи треба да поработат на полето на љубовта и семејството, […]

„Prime Capital powered by Adora“ — компанија основана од македонски капитал и визија, сега дел од светските финансии


New York SEC го акредитираше Prime Capital powered by Adora како прва инвестициска консултанска компанија со Македонски капитал со седиште на Вол Стрит Со формирањето на “Prime Capital powered by Adora” на Волстрит во Њујорк, компанија основана од македонски основачи и капитал за првпат добива своја институција во срцето на глобалната финансиска сцена. Како прва инвестициска консултантска компанија […]

Без струја корисници во Илинден, Арачиново и Карпош


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа за денеска е најавен времен прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од корисниците во општините Илинден, Арачиново и Карпош.  РЦУК Скопје најави дека без струја денеска од 08:00 до 10:00 часот бе ќе бидат корисниците од ФРЕШ ФАРМ село Мршевци,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, Фото солар, Сити Феш, Мец […]