Рафуна и Азески разговараа за нормализирање на протокот на прехранбени производи на македонско-косовската граница


Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од […]

Откриена унгарска шпионска мрежа во Украина, анализирале терен за воен упад


За прв пат во историјата, украинската СБУ откри унгарска шпионска мрежа која дејствувала во Закарпатија. Агенти од унгарската воена разузнавачка служба беа фатени како собираат информации за локалната одбрана и јавното расположение — во случај на воено распоредување на унгарска војска. Двајца осомничени, поранешни војници, се соочуваат со доживотна казна за предавство. Испаѓа дека унгарската […]

УЈП: Фискалните каси да имаат точни адресни податоци, локација и редовно да се одржуваат во овластени сервиси


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовински плаќања дека се должни  за секое работно место каде што се врши прометот да воведат и користат фискален систем на опрема, задолжително да издаваат фискална сметка за секој извршен промет и редовно да ги одржуваат и сервисираат фискалните […]

Чаби Алонсо потврди дека заминува од Баер


Чаби Алонсо (43) го потврди своето заминување од Баер Леверкузен. Шпанскиот специјалист ќе го предводи клубот во преостанатите три натпревари од Бундеслигата, а потоа ќе го напушти клубот со кој сензационално ја освои Бундеслигата и Купот минатата сезона. Се очекува следната дестинација на Алонсо да биде Реал Мадрид, кој се бори за титулата во Ла […]

Трамп: Царините од 80 отсто за Кина се чинат фер


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека царините од 80 проценти за кинеските стоки „изгледаат фер“, додека претставниците на двете земји се подготвуваат за разговори во текот на викендот за ограничување на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот. Американскиот министер за финансии Скот Бесент и главниот трговски преговарач Џејмисон Греет ќе се сретнат со […]

За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари


 Од вторникот до вчера, во близина на малиот грчки остров Гавдос, што се наоѓа јужно од Крит, во пет одвоени случаи биле откриени и спасени 270 мигранти, а уапсени петмина криумчари. Во текот на вчерашниот ден, во морскиот дел на 40 наутички милји јужно од Гавдос, чамец со 66 лица побарал помош, а веднаш интервенирале […]

Извлекувале пари од МОН со фиктивни екскурзии иако во училиштето немало ученици


Директорка на средно училиште во Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука и две фирми од Куманово со нивните сопственици се сомничат дека го оштетиле буџетот за повеќе од 530.000 евра откако распишале два тендери за превоз на ученици во време кога училиштето се реконструирало и немало настава со физичко присуство, информираше Министерството […]

Предлогот градоначалници да се менуваат со референдум помина на собраниска комисија


Предлог-измените на Законот за локална самоуправа со кои меѓу другото се предвидува преку референдум да се отповикуваат градоначалници и да се  воведе комунална полиција на ниво на општина денеска поминаа на матичната Комисија за локална самоуправа. Министерот за локална самоуправа Златко Перински посочи дека измените се направени низ инклузивен процес, а во изработката билe вклучени […]

Кејт Мидлтон ги врати туфните на пролетната модна сцена


Принцезата Кејт изгледаше ангелски додека денес оддаваше почит на споменот на оние што се бореа во Втората светска војна. Британското кралско семејство се собра на служба за благодарност за да ја одбележи 80-годишнината од Денот на победата во Европа, во Вестминстерската опатија. Настаните за Денот на победата во Европа започнаа на 5 мај, со посебна […]

Муцунски во Украина со министрите на ЕУ


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, на покана на украинскиот министер Андри Сибиха и високата претставничка на Е, Каја Калас, престојуваше во еднодневна посета на Лавов, каде што учествуваше на Министерскиот состанок за формирање на Специјалниот трибунал за злосторствa против Украина и на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ. Муцунски беше единствениот […]

Љутков од Венеција: Архитектурата зборува преку „Strada Brutalissima“


Од Осака до Венеција, преку „Борис Трајковски“. Министерот за култура и туризам е неуморен со своето присуство на глобални и домашни културни настани. Со претставување на проектот „Страда бруталисима“ денеска во изложбениот простор „Арсенале – Сале д’Арми“  во Венеција, беше отворен  македонскиот павилјон во рамките на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – Венециско биенале за […]

Маричиќ: На Денот на Европа Албанија и Црна Гора имаат причина да празнуваат, Македонија не


 За време турнејата на Марта Кос, еврокомесарката за проширување на Европската Комисија, таа соопшти дека овие две земји, Албанија и Црна Гора, практично до крајот на мандатот на оваа актуелна Комисија се очекува да станат членки на Европската Унија.За останатите земји, истакнувајќи ја посебно Северна Македонија, Кос рече дека се тажна приказна на Западниот Балкан. […]

„Толку ли брзо нѐ заборавивте?“ – Залепениот за бандера бара помош за жртвите од Кочани, му загинале пет другари


Момчето кое денеска со часови беше залепено за бандера на плоштадот во Скопје, се симна и прозборе пред јавноста. Тој, својот револт го насочи кон јавноста, која според него многу брзо заборавила на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во дискотеката во Кочани. Момчето Мартин рече дека донациите во последно време се намалиле а […]

МАИ ги додели признанијата на Саемот на книга, Црвенковска авторка на годината, „Перископ“ е најдобрата едиција


Писателката Билјана С. Црвенковска е авторка на годината, „Перископ“ е најдобрата едиција, во издание на „Бегемот“, романот „Тони“ од Румена Бужаровска, дизајнирана од Небојша Гелевски има најдобра корица, а Александар Маџаровски со јутуб-каналот „Читачот“ е најдобар промотор на читачката култура за 2025 година. Ова се одлуките на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) која денеска ги […]

Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на матичната собраниска Комисија


Предлог-измените на Законот за локална самоуправа со кои меѓу другото се предвидува преку референдум отповикување на градоначалник и воведување на т.н. комунална полиција на ниво на општина денеска го поминаа собранискиот филтер на матичната Комисија за локална самоуправа.  Министерот за локална самоуправа Златко Перински посочи дека измените се направени низ инклузивен процес, а во изработката […]

Џанбатиста Вали ќе добие француски орден за дизајнерското мајсторство


Париз- Се најавува како незаборавна Недела на модата во Париз за Џамбатиста Вали овој јули, кога ќе биде воздигнат од витез во офицер на Редот на уметностите и книжевноста, како признание за неговиот ангажман на полето на модата.  Наместо два настани, тој одлучи да го комбинира промовирањето на неговата колекција висока мода за есен 2025 […]

Овој град воведува строги правила за издавање станови на туристи: Казни до 50.000 евра годишно


Виена, некогаш модел на прифатливи станови во Европа, се соочува со се поголем проблем за претворање на становите во туристички апартмани. Градот одговори со воведување ригорозни мерки – ограничување на изнајмувањето на три месеци годишно, задолжителна регистрација и драконски казни за прекршителите. Виена беше исклучок меѓу европските метрополи кога станува збор за кирии и поволни […]

Млад човек се залепи за бандера на плоштадот во Скопје – ќе каже зошто, кога ќе се соберат повеќе новинари


Герила акција во моментов на плоштад Македонија – човек стои залепен со селотејп и вели дека чека новинари да дојдат за да каже што прави тука. Денеска напладне, непознат маж, со самолеплива лента се залепи за бандера во близина на фонтаната, привлекувајќи големо внимание од минувачите. Човекот вели дека нема да каже ништо додека не […]

Пресудата за Васил за случајот со Фросина Кулакова ќе биде изречена на 13 мај


Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13 месецов. На судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Васил Јованов призна вина, а адвокатот на семејството Кулакови, побара највисока казна.  Јованов е осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката […]

Од 2026 ќе се доделува „Златен глобус“ за најдобар подкаст


Златните глобуси воведуваат нова категорија – Најдобар поткаст – почнувајќи со 83-тата церемонија на доделување награди, која ќе се одржи во 2026 година. Засега, познати се само основни детали за критериумите според кои ќе се избира најдобриот поткаст. Организацијата објави дека секоја година 25-те најдобри поткасти ќе бидат избрани во потесен избор, а шест од […]