Што предвидува договорот за прекин на огнот меѓу Украина и Русија?


Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде дополнителни појаснувања за предлогот за 30-дневен прекин на огнот што беше договорен со лидерите на Обединетото Кралство, Франција, Германија и Полска. Еве краток преглед на она што, според Зеленски, вклучува предлогот: Безусловен прекин на огнот за 30 дена, почнувајќи од понеделник, 12 мај, „во воздух, на море и на копно“. […]

Ќе му се спротивстави ли првиот американски папа на Трамп?


ВАТИКАН СИТИ — Во последните денови пред тајниот ритуал на кој беше избран првиот американски водач на Католичката црква, американскиот претседател Доналд Трамп објави извонредна макета на себеси како папа, направена со вештачка интелигенција, предизвикувајќи осуда – и малку повеќе разочарување – од црковните лидери. Тоа беше само едно од многуте Трамповски упади во конклавата […]

За папата Лав Четиринаесетти вештачката интелигенција е главен предизвик за човештвото


Папата Лав Четиринаесетти денеска ја изложи визијата на своето папство, идентификувајќи ја вештачката интелигенција како едно од најкритичните прашања со кои се соочува човештвото. На својата прва официјална аудиенција, новиот папа јасно стави до знаење дека ќе ги продолжи реформите иницирани од неговиот претходник Франциск за модернизација на папството, со цел Католичката црква да стане […]

Кремљ ги нарече „конфронтациски“ европските повици за 30-дневен прекин на огнот во Украина


 Кремљ ги обвини европските земји за контрадикторни и конфронтациски изјави откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни санкции“ доколку не се придржува кон него.  „Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Генерално, тие се поконфронтациски по природа од оние ориентирани кон […]

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани


Собрани се 10 000 евра од хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска за настраданите во Кочани. кој се одржа на 8 мај. – Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за настраданите од трагедијата во Кочани кои ќе бидат донирани, […]

Турски државјанин со капак од шахта се обидел да убие друг турски државјанин


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Ноќеска по полноќ на улицата “Метрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, во близина на Клубот на пратеници, […]

Нов протест во Кочани за правда и одговорност


Родителите, семејствата, роднините, пријателите и сограѓаните на загинатите млади во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани попладнево започнаа протестен марш низ градот. Со „Маршот на ангелите“ тие ја повикуваат јавноста на солидарност. „Бараме правда“, „Не чекајте вашето дете да биде следно“, „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“, „Прошка нема, правда за нашите ангели мора […]

Професорката со светско влијание добива признание дома – УАКС ја прогласува Мојсов за почесен професор


Во рамки на свечениот настан по повод 20-годишниот јубилеј, Универзитетот Американ Колеџ Скопје најави повеќе настани со кои ќе се одбележи 20 годишнината од постоењето на Универзитетот. “На моја особена чест и задоволство би сакала да најавам дека по повод 20 години постоење, Универзитет Американ Колеџ ќе ја додели титулата Profesor Honoris Causa на проф. […]

Памер: Македонија испорачува најдобра реформска агенда во Западен Балкан


Македонија ја испорачува најдобрата реформска агенда во Западен Балкан, оценува австрискиот амбасадор Мартин Памер. Според него граѓаните треба да бидат оптимисти, бидејќи Владата посветено работи на евроинтеграциите. Од конференцијата на Академијата за европска интеграција именувана „Патот на Македонија до ЕУ: Предизвици и можности“ Памер кажа дека Македонија веќе оди кон Унијата, трае скриниг процесот, следно […]

Индија и Пакистан се договорија за целосен прекин на огнот


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се договориле за „целосен и непосреден“ прекин на огнот. Веста ја објави на својата социјална мрежа Truth Social. „По долга ноќ на преговори со посредство на САД, со задоволство можам да објавам дека Индија и Пакистан се согласија на прекин, целосен и веднаш. Им честитам на […]

Американ колеџ одбележува 20 години визија и посветеност на квалитетно образование по светски стандарди


Денес, со свечен настан на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), официјално започна одбележувањето на јубилејот – 20 години УАКС. На настанот се обратија претседателката на одборот на директори и проректор за настава на УАКС, професор доктор  Венера Крлиу како и ректорот на УАКС професор доктор Марјан Бојаџиев. Како што беше истакнато, препознатливо за УАКС е тоа што […]

Кинеските компании купуваат европски пристаништа – Брисел почнува да се загрижува


Европа станува нервозна околу тоа кој ги поседува нејзините пристаништа, со зголемена вознемиреност предизвикана од преголемото присуство на кинеските фирми низ поморските порти на блокот.Комесарот за транспорт Апостолос Цицикостас во четврток им рече на лидерите во индустријата дека европските пристаништа мора „да ја преиспитаат безбедноста… и повнимателно да го испитаат странското присуство“. Тоа беше еден […]

Одбележана десетгодишнината од настаните во Диво Насеље во Инџиково


Пред споменикот на херојот Горан Стојменовиќ во населеното место Инџиково денеска се оддржа настан за одбележување на 10 годишнината од настаните во кумановско Диво Насеље, кои се случија во 2015 година. На настанот, како што информираат од општина Гази Баба, пред присутните се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на општина Гази Баба […]

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го поддржа предлогот за безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина и порача дека ЕУ е подготвена да воведе дополнителни санкции против Русија, доколку примирјето биде прекршено. „Топката сега е на теренот на Русија“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“. „Подготвени сме да го […]

НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата


Браната Три Кланци на реката Јангце во Кина, најголемата хидроелектрана во светот, предизвикала мерливи промени во ротацијата на Земјата, соопшти НАСА. Огромната количина вода во акумулациското езеро со капацитет од 39 кубни километри ја променила распределбата на масата на планетата, успорувајќи го денот за 0,06 микросекунди и предизвикувајќи поместување на Земјината оска за околу 2 […]

Андоновски го отвори хекатонот „Кликни безбедно“


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го отвори хакатонот “Кликни безбедно” иницијатива која е во организација на МКСафеНет, проект во рамки на Министерството за дигитална трансформација. Андоновски во своето воведно обраќање на присутните им посака добредојде на првиот младински GOVTECH хакатон во Македонија. „Со овој […]

Гугл ќе плати 1,4 милијарди долари поради нарушување на приватноста во Тексас


Компанијата „Гугл“ постигна договор со Тексас и се согласи да плати 1,375 милијарди долари поради обвинувања за прекршување на законите за заштита на приватноста на корисниците, соопшти државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон. Спогодбата опфаќа две тужби кои се однесуваат на три производи на компанијата и наводното прекршување на законите за заштита на потрошувачите во […]

Со премиера на „Риголето“ отворени Мајските оперски вечери


Со премиера на операта „Риголето“ од Џузепе Верди, синоќа во Националната опера и балет беше отворено 53. издание на Мајските оперски вечери. Операта се одржа под диригентската палка на Џанлука Мартиненги, а режисерот е Пјер Франческо Маестрини од Италија. -Италијанскиот режисер Маестрини постави филмски динамична, драматуршки прецизна инсценција, збогатена со импресивна сценографија на Гилермо Нова и автентични костими […]

Левица: Место да го казни Бојан Христовски за лажен сертификат, Владата ги укинува сертификатите


Наместо фалсификуваниот ТОЕФЛ сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христовски, да биде повод за институционално расчистување со неписменоста и фалсификатите во државната управа, Владата избра да го легализира проблемот.  На 38-та седница, Владата донела срамен заклучок со кој ги задолжува министерствата да подготват измени на законите со цел задолжителноста на меѓународно признат јазичен сертификат за […]

Тошковски за истрагата околу Кочани: Сега се сослушуваат сведоци


Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, […]