Руските дезинформации „експлодираа“ по посетата на европските лидери на Киев (ВИДЕО)


Додека лидерите на Франција, Германија и Велика Британија патуваа со ноќен воз до Киев за да ја поддржат Украина и да предложат прекин на огнот, Кремљ го направи она што најдобро го знае: нападна со теории на заговор и со дезинформации, кои го пробија таванот. Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, тврдеше […]

НАСА: В година праќаме мисија на Марс?!


Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација (НАСА) размислува за мисија на Марс веќе в година. Тоа би било голема промена во приоритетите и може и да го забрза временскиот распоред за пат до Црвената планета и да го зајакне успехот на Илон Маск. Тоа, исто така, ги навестува намерите на Доналд Трамп да му даде приоритет на […]

Кавадарчанец со 2,52 помили алкохол во крвта возел, па излетал од патот


На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци. Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го […]

ЕУ воведува нови стандарди за заштеда на енергија и пониски сметки за струја


Европската Унија воведе нови стандарди за ограничување на потрошувачката на енергија од страна на електричните апарати, чија цел е заштеда на струја и пониски сметки за потрошувачите, информира денеска портпаролката на ЕК за климатска акција и енергија Ана-Кајза Итконен.  – Ажурираните ограничувања за потрошувачка на енергија на електричните апарати во режим на подготвеност почнаа да […]

Патот Кичево – крак со село Цер од денеска целосно затворен за сообраќај од 10 до 16 часот


Од АМСМ информираа дека патниот правец Р2337 Кичево – крак со село Цер од денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај од 10 до 16 часот поради изведување на градежни работи на пат  (асфалтирање). Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Дошол Путин или не дошол, Зеленски ќе оди во Истанбул на 15 мај


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски одлучи да отпатува за Истанбул на 15 мај на разговори со Русија, дури и ако Москва отфрли 30-дневен прекин на огнот, изјави украински функционер запознаен со ова прашање за американскиот медиум „Аксиос“. Зеленски претходно изјави дека Киев ќе се согласи да продолжи со директниот дијалог со Москва доколку Русија престане […]

Основците од Карпош ќе учат како да се однесуваат со врсниците со попреченост


Во организација на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош и невладината организација „Пркос“, денеска во ООУ „Димо Хаџи Димов“ се одржа промотивен настан во чии рамки беа презентирани печатени материјали и информативно видео од едукативен карактер, наменети за основците од Карпош. Станува збор за брошура, постер и промотивно видео насловено како „10 […]

(Во живо) Протест на полицијата


Дел од припадниците на полицијата денеска излегоа на протест, за работничките права за полицајците, за пресметка на платите…  Членови на Независниот синдикат на полицијата денеска напладне излегоа на протест пред судовите во Скопје, на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, барајќи да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените […]

Муртезани – Вајц: Уставните измени се неопходни


Клучните аспекти од пристапниот процес, вклучително и имплементацијата на Реформската агенда, уставните измени, текот на подготовките за отворањето на преговорите по кластери, како и значењето на меѓуинституционалниот и меѓупартиски консензус за успешно справување со реформските приоритети, беа главни теми на денешната средба во Брисел на министерот за европски прашања Орхан Муртезани со известувач на Европскиот […]

Ирска и Шведска имаат најмногу победи, а ова се најубавите песни на Евросонг


Утре (13 мај) во Базел, Швајцарија, во арената Санкт Петербург Јакобшале ќе започне 69 -то издание на музичко -телевизискиот фестивал Евросонг на кој ќе настапат претставниците на 37 земји. Втората полуфинална вечер ќе се одржи на 15 мај, а финалето во сабота на 17 мај. Македонија трета година по ред, не учествува на престижниот музички […]

Битката за директор на училиште во Битола донесе и приказни за тоа дека наставничка тепала ученичка


  БИТОЛА – Бура од реакции се крена во битолската јавноста по веста на полицијата дека наставничка во повеќе наврати тепала ученичка во основно училиште во Битола. Случајот во полиција го пријавил таткото на малолетното девојче пред три дена. Во исто време наставници од ОУ „Тодор Ангелевски“ на социјалните мрежи го открија школото каде се […]

Бензинот поскапува, дизелот поевтин


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 % во однос на одлуката од 05.05.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната […]

Концерт на Владо Јаневски на 8 август во Охрид


Поп-ѕвездата Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен концерт на 8 август, во неповторливиот амбиент на Античкиот театар во Охрид, во организаџиј на Прагма продукција. Во уникатниот амбиент на еден од најубавите простори во државата, ќе оживеат балади кои се дел од колективната емоција – „Црно Тиквешко“, „Евергрин“, „Некогаш и Негде“, „Тајна отровна“… песни со кои растевме, […]

Талибанците го забранија шахот


Талибанските власти во Авганистан привремено ја забранија играта шах, наведувајќи загриженост дека играта би можела да биде форма на коцкање. Како што објавија официјалните лица, забраната останува на сила до понатамошно известување, односно додека не се утврди „дали шахот е во согласност со исламскиот закон“. Шахот е најновиот во низата спортови што Талибанците одлучија да […]

Да се дислоцираат пловните објекти од јавните површини од крајбрежјето на Охридското Езеро


Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Според локалните власти, доколку сопствениците самите не ги отстранат пловните објекти поставени на […]

Полната месечина во Скорпија најсилно ќе влијае на овие три хороскопски знаци: Активноста на божествениот астероид ја нагласува моќта


Полната месечина во Скорпија ќе го достигнува својот полн сјај денес на 12 мај, а нејзиното присуство на нашето темно ноќно небо е потсетник дека работите не се секогаш онакви какви што изгледаат. Полната месечина во Скорпија е една од најмагичните во годината, бидејќи нè повикува да нурнеме длабоко во себе. Ако останеме на површина, […]

Молдавија го зазеде местото на Македонија во плановите на ЕУ, вели Бојан Маричиќ


  Поранешниот вицепремиер за евроинтеграциии, Бојан Маричиќ, вели дека Македонија е излезена од групата успешни приказни во Европа и како што оцени еврокомесарката Марта Кос е влезена во графата „тажна приказна“. „Во моментот, за наша жал, Македонија е излезена од групата на успешни приказни и е ставена во групата на овие приказни коишто се во […]

Се изработува студија за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица


 Министерството за животна средина и просторно планирање започнува со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв и суштински чекор во процесот за нејзино прогласување за заштитено подрачје, согласно Законот за заштита на природата. Иницијативата за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје е поднесена од страна на општините Струга и […]

Преброени 31 отсто од гласовите на албанските избирачи, во убедливо водство партијата на Рама


Според официјалните резултати објавени од  албанската Централната изборна комисија,  до денеска претпладне, избројани се гласачките ливчиња од 1.624 гласачки места или 31,07 отсто од вкупно 5.225 на колку што се гласаше во текот на вчерашниот ден. Податоците од до сега преброените гласачки ливчиња потврдуваат дека Социјалистичката партија, која е во коалиција единствено со партијата на […]

ДУИ: Владата станува моноетничка


Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека о заминувањето на уште еден албански партнер од Владата политичкото мнозинство останува „целосно без легитимитет кај Албанците“ и се претвора во моноетничка Влада. „На ова предупредувавме уште од самиот почеток на создавањето на ова парламентарно мнозинство, затоа што беше создадено на премисите на една монструозна амбиција – да […]