Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија


Дваесет и шест пратеници од британскиот Парламент побараа значителна промена во пристапот на надворешната политика кон Србија по присуството на претседателот Александар Вучиќ на воената парада во Москва на 9 мај, јавија српски медиуми. „Му напишав писмо на министерот за надворешни работи, барајќи значителна промена во пристапот на нашата надворешна политика кон Србија, по присуството […]

Хутите го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив


 Јеменските бунтовници Хути синоќа го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, поради што привремено се стопирани сите летови, јави јеменската телевизија Ал Масира. Портпаролот на движењето Ансар Алах, како што се нарекуваат Хутите, Јахја Сари потврди дека за нападот врз аеродромот во Тел Авив употребени се хиперсонични балистички ракети. Од почетокот на војната во […]

Зеленски му ја честита победата на Рама: Успех во служба на народот


Украинскиот претседател Володимир Зеленски  на албанскиот премиер Еди Рама му ја честиташе „победата на изборите и обезбедениот четвртиот последователен мандат”. Во објава на Платформата Х, Зеленски му посакува успех во служба на народот, притоа истакнувајќи дека се “радува на натамошно зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји”. „Честитки до Еди Рама и Социјалистичката партија за […]

Претставување нов пакет услуги за спречување на детската сиромаштија и социјална исклученост


Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка од УНИЦЕФ, денеска ќе организира настан посветен на справувањето со детската сиромаштија и социјалната исклученост.  Како што е најавено, ќе ги претстави клучните наоди за најранливите групи деца и препораки за политики за сеопфатен пакет на услуги што треба да се разгледаат во рамките на Европската […]

Регионална конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“


Регионална конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“ ќе биде отворена денеска во рамки на регионалниот проект „EMPOWERED – Инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан“, финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ). Конференцијата […]

„Гнездо“ – прв дневен центар во земјава за деца и семејства во социјален ризик


Во Скопје денеска ќе биде отворен дневниот центар за деца и семејства во социјален ризик „Гнездо“. Ова е прв центар од ваков тип во Северна Македонија, иницијатива посветена на јакнење на децата и семејствата во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“, како што се посочува во соопштението од здружението Новинари за човекови права, е основан со […]

Сончево и топло до 24 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен […]

Хрватска и Словенија не се пласираа во финалето на Евросонг 2025 (видео)


По првото полуфинале од Сент Јакобшале во Базел, синоќа, познати се првите десет финалисти од 15 учесници, кои ќе се приклучат на Големата петорка- Фанција, Шпанија, Германија, Велика Британија, Италија и домаќинот Швајцарија. Тоа се Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина. Хрватска и Словенија, како земји од Балканот, не […]

Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија


Дискусија за иднината на македонската економија насловена  „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските текови: Патот напред за македонската економија“, денеска ќе се одржи во Стопанската комора во организација на Советот на странски инвеститори. На дискусијата ќе говорат Џакопо Детони , главен уредник, fDi Intelligence (Financial Times), Јирген Капенман, основач и партнер, […]

Почина Хосе Мухика, поранешен претседател на Уругвај


Почина поранешниот претседател на Уругвај, Хосе „Пепе“ Мухика (89), култна фигура поради неговиот скромен начин на живот, откако ја загуби битката со ракот, соопшти владата во Монтевидео. „Со длабока тага, објавуваме дека почина нашиот другар Пепе Мухика. Претседател, активист, водич и лидер. Многу ќе ни недостигаш, стар пријателе“, рече актуелниот лидер на земјата, Јаманду Орси, […]

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул


 Руската делегација ќе ги чека украинските претставници во Истанбул, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за телевизијата „Росија 1“. „Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна“, изјави портпаролот на Кремљ. Тој не го откри составот на преговарачката група од руска страна, ниту пак го прецизираше времето на почетокот на состанокот. 

Каде се наоѓаат компаниите со вредност над милијарда долари?


Во Соединетите Американски Држави работат 1.873 компании чија пазарна капитализација надминува една милијарда долари, што претставува повеќе од една третина од вкупниот број на такви компании во светот. Јапонија е втора во светот, со 404 јавно котирани компании вредни над милијарда долари. Од 2000 година, бројот на компании во Индија вредни 1 милијарда долари или […]

Падна цената на јајцата во Америка: Едно јајце сега чини 0,42 долари


Цените на јајцата во САД паднаа за прв пат по неколку месеци, но остануваат близу рекордно високо ниво, според владини податоци објавени денес. Индексот на потрошувачки цени покажа дека просечната цена за 12 јајца од класа А паднала на 5,12 долари во април (0,42 долари по јајце). Цените на јајцата во САД се искачија на […]

Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати


Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија за повеќе од трипати од првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи мноштво нови проекти објавени откако тој се врати во Белата куќа во јануари, покажа денеска анализа на Си-Ен-Ен. Си-Ен-Ен објави дека Трамп оваа недела е во посета на Саудиска Арабија, Катар и […]

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови кадровски решенија по заминувањето на Таравари од владината коалиција


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашнава седница, на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата, го овласти лидерот на партијата и претседател на Владата Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција. […]

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот


 Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги  ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај. Раководството на аеродромот ги советува патниците кои ќе патуваат во споменатите два дена да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет. -На 15 и 16 мај […]

Зелени покриви како отскочни даски; еве како да ги направите


Култивираните зелени покриви создаваат таканаречени отскочни биотопи – места што служат за размножување или засолништа за разновидни и често загрозени видови. Цели делови од помалите градови се неупотребливи, со оглед на тоа што многу животни, особено инсекти, не се во можност да патуваат на долги растојанија од една голема зелена површина до друга. Во овој […]

Дефанзивец на Тотенхем во трансфер плановите на Реал Мадрид


Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, е во трансфер плановите на Реал Мадрид, објави весникот „Сан“. Мадридскиот клуб го гледа играчот како квалитетно дополнување на одбранбената линија на тимот. Се забележува дека идниот тренер на Реал, Чаби Алонсо, е лично заинтересиран за овој трансфер. Стручњакот ќе ја започне својата работа пред Светското клупско првенство. Минатото лето, […]

Избран е најсреќниот град во светот за 2025 година


Копенхаген, Данска, е прогласен за најсреќен град во светот благодарение на својата посветеност на одржливоста, образованието, извонредната здравствена заштита и благосостојбата на своите жители. Ако барате малку повеќе среќа во вашиот живот, размислете за преселба во Данска, домот на најсреќниот град на планетата. Секоја година, Институтот за квалитет на животот го објавува својот индекс на […]

Општина Карпош: Ги повикуваме граѓаните максимално да придонесат кон подобрување на хигиената особено на тревните површини


Општина Карпош информираше дека интезивно се работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници. „Во саботата, на 10 мај, сите вработени од општината беа вклучени на генерално чистење на целата територија на општината. Во текот на вчерашниот ден секторот за екологија изврши темелно расчистување на […]