Конференција за пристапот до финансии за малите и средните претпријатија


Во Виница денеска ќе се одржи конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“, во организација на Фондација Прогресив Академија. Како што најавија организаторите, преку три фокусирани панели, ќе бидат презентирани конкретни финансиски и донаторски инструменти, поддржани со практични искуства. – Конференцијата е вистинска можност лично да ги запознаеш клучните луѓе и […]

Панел дискусија по повод Меѓународниот ден на семејството


Во пресрет на Меѓународниот ден на семејството – 15 мај, денеска на Филозофскиот факултет во Скопје ќе се одржи настан посветен на значењето и улогата на семејната едукација во современото општество. Во рамки на програмата ќе се одржи панел-дискусија „Потребата од семејна едукација во Република Северна Македонија“, а ќе биде презентирана и истражувачката анализа „Потребите […]

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крај на денот локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува да има локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Од УХМР соопштуваат дека ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски


Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. По средбата што ќе се одржи во Владата предвидена е заедничка прес-конференција на Мицкоски и Кошта. Кошта претходно […]

Путин го утврди тимот за преговори во Турција


Претседателот на Русиј Владимр Путин го утврди сосавот на руската делегација која ќе отпатува во Турција на преговори со Украина, соопшти Кремљ. Делегацијата ја предводи помошникот на рускиот претседател Владимир Медински. Во делегацијата се и заменикот на рускиот министер за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на Главната управа на Генералштабот на руската војска Олег Костјуков […]

Апсења на повеќе локации во Скопје, приведени криминалци барани со потерници


Денеска (14.05.2025) на различни локации во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода две лица барани со потерници. На територија на Центар лишен од слобода е С.Р.(75) од Скопје, баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од четири години по член […]

Во болницата во Кочани има нова хипербарна комора, нема кој да ја стави во функција


Иван Ивановски od „Support Kocani” во вечерешната Топ Тема се осврна на проблемите во кочанската болница. И покрај донацијата која успеале да ја набават за болницата во која донеле хипербарна комора која би помогнала на повредените од пожарот, сепак таа стои надвор од употреба. „Ние од „Support Kocani” однесовме во болницата во Кочани една машина […]

Сиљановска гледа решение во креативно толкување на Преговарачката рамка


  Откако на македонските власти им стана јасно дека не може да се менува Преговарачката рамка, дека не може да има уставни измени со одложено дејство, дека Македонија преговара со ЕУ а не со Бугарија сега претседателката Гордана Сиљановска-Давкова мисли дека со креативно толкување на рамката може да се најде излез од ќор-сокакот. Тоа Сиљановска […]

Семејството на Фросина бара дисциплинска постапка за судијката


Од Универзалната сала до Основниот кривичен суд Скопје, семејството на Фросина Кулакова изрази револт поради вчерашната пресуда од 12 години затвор за возачот кој ја прегази нивната ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, побара максимална затворска казна за возачот и дисциплинска постапка и времено суспендирање на […]

Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО


 Неколку лица се уапсени како дел од голема антикорупциска истрага во која е вклучена агенција на НАТО, објавија денеска судските системи на Белгија, Луксембург и НАТО. „Благодарение на истрагата што ја започна Агенцијата за национална безбедност и набавки (NSPA) на НАТО, судските власти во неколку земји уапсија неколку лица обвинети за корупција во врска со […]

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени


Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.  – Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари во изјава за МИА. Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата […]

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за каква било форма на преговори за ставање крај на војната во Украина. Тој додаде дека ќе одлучи какви мерки ќе преземе кога ќе дознае кој ќе ја претставува Москва на разговорите закажани за утре во Истанбул.  „Чекам да видам кој ќе дојде од Русија. Потоа ќе […]

Помина времето на странски инвестиции за илјадници луѓе. Треба да се насочиме кон вредност, а не бројка


Наместо кон странски инвестиции кои ќе вработуваат илјадници луѓе, Македонија треба да се насочи кон инвеститори кои ќе понудат поголема додадена вредност, а не само бројка. Ова, меѓу другото беше посочено денес во Стопанската комора на Македонија каде што домашни и странски експерти дебатираа на темата „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските […]

Обвинителството бара мерката „притвор“ да се замени со „куќен притвор“ за Крешник Бектеши


 Државното јавно обвинителство попладнево соопшти дека е доставен предлог до Основниот суд во Кочани со кој за поранешен министер и државен секретар во Министерството за економија се бара замена на изречената мерка „притвор“ со „куќен притвор“ во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од Обвинителството не прецизираат за кој поранешен министер за економија и […]

Скопје беше дел од единствено уметничко доживување – танцот се спои со дигиталната уметност на сцена во МНТ


Магичната фузија помеѓу дигиталната уметност и современиот танц ја воодушеви публиката вчеравечер, во МНТ, во рамките на затворањето на Танц Фест, во соработка со Францускиот институт во Скопје.    Со „Myselves”, Компанијата К. Данс на публиката и приреди неповторливо искуство, комбинирајќи движење, слика и технологија — со цел задлабочување во човечката интроспекција.    Оваа претстава […]

Дали знаете што мачките сакаат да ви кажат со честото мјаукање: Обрнете внимание на овие знаци


Некои мачки се познати по своето мјаукање, додека други можат да бидат целосно тивки, а ако имате „зборливо милениче“, важно е да препознаете што се обидува да ви каже. Експертот за однесување на мачки, Аманда Кампион, објасни што стои зад таквото однесување. „Сијамските и ориенталните мачки се познати по тоа што се гласни, па ако […]

Бројот на нелегални преминувања на границите на ЕУ нагло се намали


Бројот на нелегални преминувања на надворешните граници на Европската Унија во првите четири месеци од 2025 година значително се намали во споредба со истиот период минатата година, покажуваат новите податоци на ЕУ до кои дојде германската агенција ДПА. Најголемото намалување е на западнобалканската рута. Вкупно околу 47.000 нелегални гранични преминувања се регистрирани од јануари до […]

Девојчето и момчето од култната фотографија со Бекам се венчаа и конечно го прославија својот прв трофеј


Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Хари Кејн, го прослави освојувањето на својот прв трофеј по освојувањето на титулата во Германија, а цело време покрај него беше неговата сопруга Кејти Гудленд. Љубовната приказна на Кејти Гудленд и Хари Кејн е навистина единствена. Всушност, трае многу подолго од последните шест години во кои Хари и Кејти […]

Кредит од еден милион евра од ЕИБ заглавен во Советот на Битола


  БИТОЛА – Мнозинството советници во битолскиот Совет гласаше воздржано за кредит од 1 милион евра од Европската инвестициска банка наменет за седум проекти за Битола. Со овие пари треба да се реконструираат водоводните мрежи и канализации на пет улици меѓу кои и Булеварот „1 мај“, изградба на водноснабдителен систем за село Лисолај и изградба […]

Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија


Фудбалерките на Љуботен ja одбранија титула во Купот на Македонија, откако попладнево во финалето во Скопје ја совладаа Тиверија Брера со 3-0 (1-0). До својата трета куп титула во клупската историја тетовскиот тим дојде сосема заслужено со головите на Огочукву во 45 и 49 минута и Величковска во 89 минута. Љуботен го освојуваше фудбалскиот Куп […]