Украина и Русија ги почнаа преговорите, очекувањата се мали


  Делегации од Русија и Украина сега се среќаваат во Истанбул – првите разговори лице в лице од раните денови на војната. Иако лидерите на двете земји се држат настрана, фактот дека тие воопшто се заедно во просторијата е значаен момент. Украинскиот тим го предводи министерот за одбрана Рустем Умеров, додека руската страна ја предводи […]

Фото вест: Рама клечи пред Мелони


Албанскиот премиер и подготви специјален поздрав на италијанската премиерка Џорџија Мелони која присуствува на самитот на Европската политичка заедница во Тирана. Откако два часа стои со чадор и ги пречекува лично лидерите на црвениот тепих што доаѓаат на самитот, Рама клекна – давајќи и посебен третман на италијанската премиерка.

„Рециклирај, креирај, блескај“: Во „Дајмонд мол“ ќе се подига свеста за еколошка средина


Во текот на претстојниот викенд, Дајмонд мол ќе биде место каде низ забава, децата ќе се едуцираат за особено значајни еколошки теми и каде граѓаните ќе можат да го рециклираат текстилниот отпад и да бидат сигурни дека придонесуваат за заштита на животната средина. Под мотото „Рециклирај, креирај, блескај“, на 17. и 18. мај, Дајмонд мол […]

ЕУ не треба да ви става веќе камења за сопнување, вели австриската министерка Рајсингер


  Вие сте делот од кој Европа не може да се откаже, навистина сме сериозни кога велиме дека не сме комплетни без вас, порача денеска шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајсингер, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски. Австриската министерка нагласи дека Европската унија треба да го поддржи придвижувањето на […]

Раст на бројот на арбитражни спорови во градежништвото, енергетиката и рударството


Правната сигурност и условите за привлекување инвестиции, институционалната поставеност и трендовите во инвестициската и комерцијална арбитража беа во фокусот на дискусиите на арбитражниот форум „Изнаоѓање решенија за ефикасно решавање спорови”, што се одржа во организација на Македонската Асоцијација на корпоративни правници во соработка со Македонија 2025. Учесниците на панелот, информира денеска МАКП,  се согласија дека […]

Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир


Тоа што рускиот претседател Владимир Путин не се појави на преговорите во Турција за прекин на огнот во Украина, покажува во што тој навистина верува и дека не сака мир, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при пристигнувањето на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.   – Во текот на […]

Реномираниот театролог Патрис Павис во Скопје – ќе држи работилница на ФДУ 


Еден од најзначајните современи театролози во светски рамки, голем познавач на клучните трендови во современиот театар, специјалист на анализата на драмата, изведувањето и спектаклите, Патрис Павис (Франција, 1947), ќе одржи работилница на Факултетот за драмски уметности во Скопје, од 19 до 21 мај, 2025 година. На работилницата, организирана со поддршка на Францускиот институт во Скопје, […]

Иконската ѕвезда од „Династија“ на 91 година е непрепознатлива како војвотката од Виндзор Вoлис Симпсон


Легендата на „Династија“, Џоан Колинс, ја игра улогата на Волис Симпсон во новиот филм „Горчливиот крај“, во режија на Мајк Њуел („Четири свадби и еден погреб“, „Дони Браско“. Филмот ќе биде прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2025 година овој месец. Во него глуми и Изабела Роселини, чии познати родители се покојната актерка Ингрид Бергман […]

Сиљановска гневно се сврте против новинарите


  Прилично неочекувано, наспроти нејзините постојани меки јазични изјави, претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, синоќа имаше една остра тирада против новинарите оценувајќи дека тие знаат да употребуваат „фрустрирачки и малициозен јазик“. Сета оваа неочекувана конверзација се одвиваше за време на емисијата „Вин Вин“ на Оливера Трајковска, која имаше интервју со Сиљановска на првата годишнина од […]

Шпанскиот премиер го нарече Израел геноцидна држава


Шпанскиот премиер Педро Санчез во парламентот го нарече Израел „геноцидна држава“ и јасно порача дека Шпанија „не соработува со таква земја“, што е неговата досега најостра изјава за војната во Газа. -Сакам јасно да кажам, господине Руфијан: ние не работиме со геноцидна држава, ние не работиме, рече Санчез претпладнево во шпанскиот Парламент, одговарајќи му на […]

Хејзел и Сандра се најавангардно облечените водителки во историјата на Евросонг


Базел – Водителките на годинешниот Евросонг во Базел – Хејзел Бругер и Сандра Студер избраа прилично впечатливи модни изданија за двете полуфинални вечери… За некои беа авангардни и досега невидени на оваа сцена, за некои одраз на лош вкус. Социјалните мрежи, како и досега, немилосрдни, се шегуваа на сметка на нивниот изглед. „И, наградата за […]

Мицкоски од Тирана: За неколку часа убавата вест за Македонија ќе ја дознае цела јавност


Пред почетокот на Самитот на европската политичка заедница во Тирана, премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро ќе ја соопшти убавата вест за Македонија. „Почекајте, за неколку часа ќе дознае македонската јавност“, порача Мицкоски на новинарско прашање. Тој додаде дека очекува од ЕУ да се држи до своите принципи, тоа се европските вредности, да се суди […]

СДСМ за веселата математика на премиерот: Мицкоски живее надвор од реалноста


  Изјавите на премиерот христијан Мицкоски, во кои тврди дека цените се намалени, дека инфлацијата е намалена и дека сме биле први во Европа, се во целосна спротивност со секојдневната реалност на македонските граѓани, реагираа денес СДСМ на фалбите на премиерот во интервјуто за „Евроњуз“ од коа произлегува дека ние преживуваме економски бум и цените […]

Калас: Проширувањето не му треба само на Западен Балкан туку и на ЕУ


 Процесот на проширување не им е неопходен само на земјите од Западниот Балкан, туку и на Европската Унија, за таа да може да расте и економски, но и како глобална сила, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.  […]

Судење за убиството на Вања и Панче, Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка. Во текот на рочиштето, Палевски презентираше службени белешки од видео-докази од камерите на Хотел Романтик, кои, според неговото образложение, потврдуваат учество на три лица, а не четири во грабнувањето на Панче Жежовски. Тој образложи дека согласно […]

Support Kocani објави изгореници на настраданите


Граѓанската иницијатива Support Kocani објави вознемирувачки фотографии од тешките изгореници кај младите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“. На сликите се прикажани изгореници на лице и екстремитети, со цел – како што велат од иницијативата – „надлежните конечно да сфатат колку се сериозни последиците од оваа трагедија“. Од иницијативата претходно упатија и критики за несоодветните […]

Лорен Санчез, Ким Кардашијан и Кети Пери со шок мода во шик Париз


Париз- Лорен Санчез беше забележана како ги започнува своите момински прослави во Париз во четврток. Свршеницата на Џеф Безос и нејзините познати пријателки – вклучувајќи ги Ким Кардашијан, Кети Пери и Крис Џенер – уживаа во вечера во историскиот ресторан Лафајет во Париз. Откако уживаа во пржено пилешко, Цезар салата, норвешки чаден лосос и главно […]

Владината Социјалистичка партија го нападна Кошта – давал несериозни одговори


  Еден од партнерите во владата, Социјалистичката партија на Македонија, ги оцени изјавите на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како „прилично лесно изречени и несериозни“ и очекувани. Од партијата велат дека изјавата на Кошта – „она што е договорено е договорено и нема повеќе што да се договара“ – може единствено да се однесува […]

Османи: Сиљановска шири дезинформации


„Преговарачката рамка не е документ што го потпишува министерот за надворешни работи, туку е усогласена и усвоена од сите 27 земји-членки на ЕУ, по што ја усвојува Владата и ја гласа парламентот. Во нашиот случај, Преговарачката рамка беше поддржана со 67 гласови во Собранието, вклучувајќи ја и содржината на протоколите. Најмалку што може да се […]

Фондацијата САСА со нови донации во образованието, културата и здравството


Во согласност со својата трајна определба за поддршка на заедницата, Рудник САСА, преку својата Фондација за одржлив развој, реализираше нов циклус на донации во три клучни области: образование, култура и здравство. Најновите донации се насочени кон унапредување на условите за учење, зачувување на културното наследство и зајакнување на локалните капацитети во јавното здравство. Во делот […]