„Како среде зима!“: Снег во делови од Србија, Копаоник изгледа како во јануари (видео)


Утрово во планинските подрачја на Србија паѓа снег. На Копаоник, изгледа како јануари, на средина од сезоната. Снег беше забележан во околината на Пријепоље, на Рудно и Сјеница, јави Н1. Од раните утрински часови, минувањето на студен фронт проследен со силен северен ветер предизвика нагло опаѓање на температурата. Во утринските часови, дождот полека се претвори […]

Сите се во Тирана – Мерц, Зеленски, Ердоган, Фон дер Лајен, Стармер… Самитот почна со критики за Путин


  Шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, на кој учествуваат 47 шефови на држави или влади, заедно со лидери на клучни европски и меѓународни институции, започна денес во Тирана, главниот град на Албанија. Ова е прв самит на ЕПЗ во Западен Балкан, што […]

Избрано ново раководство на МАСИТ


Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) на 19. редовно годишно Собрание избра ново раководство. Според последните статутарни измени на Комората, за нов Претседател на Комората, како официјален претставник на МАСИТ е Претседателот на Управниот одбор, а не Претседателот на Собранието како што беше претходно. Така, Претседател на Комората е Јордан Димитровски од компанијата […]

Дали Мицкоски ќе добие пари за да отвори азилантски камп на Обединетото Кралство во Македонија?


Веќе два дена премиерот Христијан Мицкоски најавува добра вест од Тирана, поврзувајќи ја на некој начин со средбата со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Страмер, која треба да се случи денес. Во медиумите веќе се шпекулираше дека најавениот нов кредит што ќе го земе владата е токму од оваа земја, па ако е точно, прашањето […]

Жена од Скопје измамена за сума од 9 700 евра, лице лажно и се претставило како полициски службеник


Жена од Скопје (72) пријавила во полиција дека била измамена од едно лице за сума од 9 700 евра. Како што информира МВР, лицето и се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и и кажало дека нејзината ќерка и нејзиниот зет предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете, како и доколку не сака да […]

Државата уште се мисли за методот за изградба на „Чебрен“


Во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме при изградбата на хидроцентралата Чебрен, но секако сакаме да биде македонски државен проект, истакна денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. -Најубаво е како држава сами да ја изградиме, но се работи за проект кој ќе чини најмалку една милијарда […]

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри


Министерството за здравство попладнево информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. – Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се […]

Мицкоски се јави од Тирана


„Денес присуствував на Самитот на Европската политичка заедница, заедно со лидерите и претставниците на земјите од Западен Балкан.Самитот е посветен на унапредување на регионалната соработка, стабилноста и приближувањето кон ЕУ, при што се потенцираше важноста од заедничко дејствување пред предизвиците со кои се соочува нашиот континент. Во отворената дискусија се разменија ставови за клучни теми […]

Публиката во МАНУ ги виде сликите на Темков инспирирани од љубовта и виното


Вкупно 81 дело од ликовниот уметник Владимир Темков,  инспирирани од „Свети Трифун“, празникот што се смета за заштитник на лозарите и винариите, се дел од изложбата што синоќа беше отворена во ликовниот салон на МАНУ во Скопје. Изложбата на кавадаречкиот уметник, лани добитник на државно признание, наградата 11 Октомври за животно дело од областа на […]

Македонија треба да има сопствен систем за сајбер безбедност, а не да зависи од локации во странство, вели Андоновски


Во дигиталниот свет податоците се елементарниот приоритет и како такви мора да се третираат со највисоко ниво на доверба и сигурност, а институциите имаат обврска да ги штитат транспарентно, правично и по сите европски стандарди поради што земјава мора да има сопствено решение за справување со сајбер предизвиците, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски […]

Сирија ја избрка Русија од пристаништето Тартус и им го предаде на Емиратите


  Сириската пристанишна управа потпиша меморандум со најголемиот светски оператор на пристаништа DP World (ОАЕ), според кој 800 милиони долари ќе бидат инвестирани во развој на терминалот и логистичките услуги на пристаништето Тартус, според извештајот на сириската телевизија. Имплементацијата на проектот ќе ја зајакне нејзината позиција како „клучен центар за регионална и меѓународна трговија“, се […]

Де Ниро „не кажува многу, но кога го прави тоа, тоа е важно“, вели Дикаприо. Плодната кариера на актерот, со негови зборови


Кан– На Роберт Де Ниро му беше врачена почесната Златна палма за животно дело на церемонијата на отворањето на Канскиот филмски фестивал во 2025 година во вторник вечерта. Откако му се заблагодари на фестивалот за честа, 81-годишниот актер, добитник на Оскар, ја искористи можноста да се побуни против „филистеецот“ претседател Трамп, честа мета на неговите […]

Палевски тврди дека не учествувал во грабнувањето на Панче Жежовски


Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, на денешното рочиште за убиствата на Вања |Ѓорчевска и Панче Жежовски се повика на материјалите од камерите од хотел „Романтик“ кај Велес во кои е избројано колку лица се забележуваат на снимките како доказ дека – тој не бил со останатите тројца во автобобилите. При преглед е утврдено дека од камерите […]

За два денари поскапува Еуросупер БС-98


Од полноќ поскапува Еуросупер БС-98, додека цените на останатите енергенси остануваат непроменети, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Малопродажната цена на Еуросупер БС-98 се зголемува за два денари и тој ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар.  Освен на Еуросупер БС-95 и на Еуродизелот, непроменети остануваат и цените на Екстра лесното масло […]

Раководител во Општина Битола под истрага на обвинителството денес е суспендиран од работа  


  БИТОЛА – Вработен на позицијата раководител на сектор во Општина Битола е дел од предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Битола, откако во медиумите се пласираа информации дека луксузната вила со базен во селото Дихово била на вработен во општината. Ова следуваше по големата акција на Општина Битола за утврдени незаконитости и дивоградби во […]

По една година и шест месеци затвор за одговорните директори околу пожарот во модуларната болница


Поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми осудени се на една година и шест месеци затвор за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“ за пожарот во тетовската модуларна болница во кој во 2019 година загинаа 14 пациенти. Клиничката болница во Тетово, која е обвинета како правно лице, доби казна од 1 […]

Стармер: Путин не е сериозен за мирот


Британскиот премиер Кир Стармер денеска во Тирана изјави дека „Путин не е сериозен во врска со мирот и ги одолговлекува работите“. Страмер, кој учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, одговарајќи на новинарско прашање, изракна дека „она што го видовме вчера е уште еден доказ дека Путин не е сериозен во врска со […]

Биди и ТИ дел од тимот на Рамстор!


Секоја година, на 20ти Мај, светот го одбележува Меѓународниот ден на човечките ресурси – ден посветен на професионалците кои стојат зад највредниот, најзначајниот ресурс на секоја организација: човечкиот потенцијал-луѓето. Овој ден е прилика да се препознае и одбележи важната улога на HR професионалците во градењето на здрава организациска култура, во унапредувањето на работните односи и […]

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025


Отворен е конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025, соопшти денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Рокот за поднесување апликации е 16 јуни до 00:00 часот, а наградниот фонд за Република Северна Македонија изнесува 10 000 евра. Како што наведува ССНМ, целта на наградата е да ги препознае извонредните достигнувања во […]

Палестинските филмови поблиску до публиката во Кан: Помогна една од сестрите Хадид


Кан – Алана Хадид, постарата сестра на супермоделите Џиџи и Бела Хадид, помогна во поставувањето на нова платформа за стриминг на филмови за да ги донесе палестинските перспективи до глобалната публика, потврдија нејзините основачи во четврток. Watermelon+ беше лансиран на Канскиот филмски фестивал откако повеќе од 100 луѓе беа убиени во израелските напади врз Газа […]