Купот на Македонија во ракомет ќе стартува со големо дерби – одредени полуфиналните двојки


Годинешното издание на завршниот турнир од Купот на Македонија во ракомет ќе стартува со големото дерби меѓу Вардар и Алкалоид,  натпревар кој ја отвора полуфиналната програма во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Првата полуфинална пресметка ќе се игра на 31 мај со почеток од 17:00 часот, додека вториот полуфинален натпревар, во кој ќе се сретнат […]

Шокантен разговор на Трамп со европските лидери по телефонскиот повик со Путин


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски и пет други европски лидери се придружија на телефонски конференциски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп веднаш по неговиот разговор со Владимир Путин, надевајќи се оти ќе слушнат дека рускиот претседател се согласил на прекин на огнот, или барем дека Америка ќе му воведе санкции доколку одбие да го стори […]

Поради намалувањето на придонеси oд државите, една четвртина од вработените во УНХЦР можно е да бидат отпуштени


Поради намалување на буџетот, Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) веројатно ќе укине помеѓу 3.000 и 4.000 работни места низ целиот свет, што е околу една четвртина од нешто повеќе од 13.000 вработени, процени денеска синдикатот на таа меѓународна организација. Портпаролот на УНХЦР, Метју Салтмарш, изјави дека се уште нема информации за бројот на […]

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија


 Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево одлучија да ги укинат економските санкции врз Сирија, објави високата дипломатка на ЕУ, Каја Калас, јави ДПА. „Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија“, напиша Калас на X. „ЕУ отсекогаш стоела покрај Сиријците во текот на последните 14 години – и […]

Што значи осудата на Депардје и одговорот на Кан за #MeToo во Франција


Пaриз– За моќните мажи во француската филмска индустрија, ова беше недела на пресметка. Жерар Депардје – најпознатиот машки актер во земјата – беше осуден за сексуален напад. Два дена подоцна, Филмскиот фестивал во Кан му забрани на друг актер обвинет за силување да оди по црвениот тепих. Заедно, одлуките испратија порака на која Франција долго […]

Ученици нападнале вработена во училиште во скопски Центар


Вработена во средно училиште во Центар била нападната од ученици во училиштето. Имено вчера во 09.05 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(53) од Скопје пријавила дека на 08.05.2025 околу 18.10 часот во ходник од средно училиште на подрачјето на Центар, каде е вработена, била физички нападната од четворица малолетници – ученици во училиштето. Полицијата соопшти дека […]

Kостадиновска – Стојчевска до Минчев: Зошто нема вработување на лектори по македонски јазик?


Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за јавна администрација, Горан Минчев, а се однесуваше на систематизација за вработување лектори по македонски јазик. „Членот 6 став (1) од Законот за употребата на македонскиот јазик пропишува задолжителна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото […]

Донесен е нов закон со кој ќе може да се зема во исто време и пензија и плата


Собранието во рамки на денешната работа по дневниот ред на 49-тата седница едногласно со 73 гласа „за“ ги донесе дополнувањата на Законот за работно ангажирање на лица, со кои работно ангажирано лице може да биде лице кое не е во работен однос, вработено лице, самовработено лице, лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи […]

Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“


Вaшингтон – Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трам се обратила до Катар со иницијатива да купи авион „Боинг 747“ што би се користел како привремена замена за претседателскиот авион Air Force One, што треба да биде испорачан дури во 2027 година, дознава „Си-ен-ен“. Вредноста на авионот се проценува на околу 400 милиони долари. Трамп претходно тврдеше […]

„Секс, лаги и главоболки“ премиерно во Театар Комедија на 22 мај


В четврток, на 22 мај во Театар Комедија премиерно ќе биде изведена претставата „Секс, лаги и главоболки“ во режија на Александра Кардалевска. Во претставата играат: Жаклина Петровска, Елена Кузманов, Тони Денковски и Сергеј Димовски и Жаклина Стевковска Дрнасин (глас). Во најавата за претставата, која е колективно авторство се вели дека е инспирирана од животни искуства. […]

Предавања на Универзитетот Пантеон Асас Сорбона 2 на Јордан Плевнеш


Како долгогодишен визитинг професор и член на комисија за докторски студии на Универзитетот Пантеон Асас Сорбона 2, македонскот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш одржа серија предавања пред судентите на постдипломски студии од областа на комуникации и хуманистички науки на тема: „Улогата на драмскиот жанр во тековите на светската историја од Антиката до денес”. Предавањата […]

Мицкоски: Очекувам предлог за министер за здравство


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува предлог за министер за здравство, за кој најавува дека ќе се проценува според квалификациите на кандидатот. Одговарајќи на новинарски прашања премиерот рече дека најдоцна до наредната недела до пратениците ќе бидат доставени имиња за членови на Владата, по повлекувањето на Арбен Таравари од АА и неговите кадри.   -Јас очекувам […]

Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули


Женева – Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој го започнува своето учество на тенискиот турнир во Женева против Унгарецот Мартон Фучович во среда, изјави дека сè уште се смета себеси за кандидат за сите големи титули. -Моите подготовки во Белград поминаа добро. Имаше многу добри денови, но и некои тешки. Сега сум возбуден што ќе […]

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план според кој речиси 200.000 украински државјани би биле депортирани од Соединетите Американски Држави, со помош на средства наменети за странска помош, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на нацрти на интерни документи во кои имал увид. Според планот, Вашингтон има намера да издвои околу 250 милиони долари од […]

Ако добие лиценца за трет мобилен оператор 4iG најавува услуги до крајот на 2026 година


нгарски  4iG најавува дека доколку добие лиценца за фреквенција за трет мобилен оператор ќе почне со услуги на македонскиот пазар до крајот на 2026 година. Во соопштение Групацијата денеска посочи дека зголемената конкуренција ќе донесе и пониски цени. Пал Заранди, директор за стратегии, мобилни и 5Г на 4iG изјави дека веќе неколку месеци работат на […]

Невреме во Франција: Три лица го загубија животот, две се водат како исчезнати


Три лица го загубија животот, а две се водат како исчезнати во невремето што денеска го погоди департманот Вар на југоистокот на Франција, соопштија официјални претставници. Најлошо погодени во невремето се Лаванда, Борм-ле-Минос и Кавалиер, објави веб-страницата на Франсблу. Три лица ги загубија животите во Лаванду и Видобан, соопшти жандармеријата, објави телевизиската станица БфмТВ. Невремето […]

Британија ги прекина трговските разговори со Израел поради Газа


  Велика Британија ги прекина преговорите за договор за слободна трговија со Израел, како одговор на израелската блокада за помош за Газа. Прекинувањето на преговорите беше објавено како дел од пакет мерки, вклучувајќи санкции за три лица, два нелегални доселенички пунктови и две организации кои го поддржуваат насилството врз палестинските заедници на Западниот Брег. Во […]

ФАО: Нов проект од Зелениот климатски фонд, ќе го зајакне управувањето со шумски пожари


Зелениот климатски фонд (ЗКФ), најголемиот глобален фонд посветен на справување со климатските промени, одобри нов проект за Северна Македонија во рамки на својата Програма за подготвеност и подготвителна поддршка. Почетокот на новиот двегодишен проект беше означен денес на настан во просториите на Владата, на кој присуствуваа претставници од клучните национални институции, министерства, академската заедница и […]

Кенеди: СЗО е институција „на смртна постела“


Американскиот секретар за здравство и социјални политики Роберт Ф. Кенеди Помладиот обраќајќи се на годишната конференција на Светска здравствена организација преку видеопорака наведе дека СЗО е „бирократски надуена“ институција која „е на смртна постела“. – Ги повикувам министрите за здравство од целиот свет и СЗО да го сфатат нашето повлекување од организацијата како повик за […]

Мицкоски најави нов договор со друга европска држава


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека фокусот на Владата е да се реализираат странски инвестиции на цела територија на државата посочувајќи дека во мооментот се преговара со седум инвеститори и дека се нудат сите технолошко-развојни зони во државата. Најави наскоро договор со друга европска држава.  – Во моментот имаме преговори со седум инвеститори […]