Со дополнение на доказната постапка продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази. Дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само […]

Луѓе заробени на покриви откако поплави го погодија источниот брег на Австралија (видео)


Обилни дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од Сиднеј, каде што жителите беа заробени на покриви, јавија денеска локалните медиуми. 🇦🇺 | Taree, NSW is facing catastrophic flooding as the Manning River exceeds its 1929 record, rising rapidly after extreme overnight rainfall. Air […]

Оклахома со победа го започна финалето на Западната конференција


Оклахома ноќеска ја победи Минесота во првиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА лигата со убедливи 114:88. Ѕвездата на домаќините Шаи Гилгеус-Александер со 31 постигнат поен го предводеше својот тим до триумфот. Двоцифрени во Оклахома беа и Џејлен Вилијамс (19 поени), Холмгрен (15), Хартенштајн (12). Кај Минесота се истакнаа Рендл со 28 и […]

Фетаи: АА останува во Влада – од 50 функционери, само тројца поднеле оставка


Алијансата за Албанците (АА) продолжува да биде дел од Владата, бидејќи огромното мнозинство функционери продолжуваат да одат на работа. Ова го изјави вицепремиерот Арбен Фетаи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, според кого оставката на само неколку поединци од нивните должности и на Арбен Таравари од Министерството за здравство не ја води АА во […]

ОН предупредуваат дека глобалната побарувачка за минерали ги зголемува криминалот и нестабилноста


Растечката побарувачка за минерали, во екот на глобалната заложба за технологии за обновливи извори на енергија, ги зголемува ризиците од криминал, корупција и нестабилност, се вели во студија на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ) објавена вчера. – Побарувачката за минерали потребни за технологиите за обновлива енергија расте и ќе продолжи да расте, […]

Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера откри повеќе детали за планираниот заштитен штит за воздушна одбрана на земјата, или „Златна купола“, наменет за одбивање дронови и проектили, пренесе ДПА. Трамп рече дека системот вреден 175 милијарди долари ќе биде „целосно оперативен пред крајот на неговиот мандат“. Вториот мандат на Трамп треба да заврши во 2029 година. […]

Јапонскиот министер за земјоделство поднесе оставка откако се пофали дека добива бесплатен ориз


Јапонскиот министер за земјоделство Таку Ето денеска поднесе оставка откако коментарите што ги даде дека добива бесплатен ориз предизвикаа негативни реакции, јави новинската агенција Кјодо. Ето се извини за тоа што рече дека добива толку многу ориз од своите поддржувачи што не треба да купува, во екот на вртоглавиот раст на цените на оризот во […]

Кондиторски производи, вино, достигнувања од ИТ технологијата ќе презентираат македонските компании на 4. Саем на Кина и земјите од ЦИЕ


Петнаесет македонски компании годинава ќе ги претстават своите производи на 4. Саем на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, а официјалната делегација ќе ја предводи заменик министерот за економија Марјан Ристески. Според најавите, учесници од Северна Македонија ќе има речиси на сите форуми што се организираат на овој голем настан. На саемот, според […]

Национален ден на Власите, 23 мај – јубилеј, 120 години од признавањето на Власите како посебен народ


На 23 овој месец Власите ќе го одбелеѓат Националниот ден, соопшти денеска  Претседателот на организациониот комитет, Стерјо Папули. Во дописот до медиумите, Папули вели дека 23 мај е Национален ден на Власите кој што се слави затоа што тој ден, во 1905г. турскиот Султан Абдул Хамид Втори со посебен документ, Декрет, ги признал Власите како посебен […]

Се очекува предлогот за нов гувернер на Народната банка


Се очекува да биде објавен предлогот за нов гувернер на Народната банка од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер. Претседателката Сиљановска-Давкова  вчера изјави дека името на новиот гувернер ќе биде познато наскоро.  – […]

Нови разузнавачки информации сугерираат дека Израел подготвува можен напад врз иранските нуклеарни постројки


САД добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува да ги нападне иранските нуклеарни постројки, дури и додека администрацијата на Трамп се обидува да постигне дипломатски договор со Техеран, изјавија за Си-Ен-Ен повеќе американски официјални лица запознаени со најновите разузнавачки податоци. Таков напад би претставувал дрско кршење на политиката на претседателот Доналд Трамп, […]

Седница на Антикорупциската комисија


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи седница. На дневен ред на седницата  е постапување по конкретни предмети, како и по предмети оформени по пријави од укажувачи.

Дело од украинскиот скулптор Дроздовски во паркот во Чаир


Во паркот „Украина“ во Општина Чаир денеска ќе биде поставена скулптурата „Горчливо сеќавање од детството“, дело на украинскиот скулптор Петро Дроздовски, која е посветена на сеќавањето на децата убиени од глад за време на геноцидот врз украинскиот народ во 1932–1933 година. На церемонијата на поставување на скулптурата ќе присуствуваат украинската амбасадорка Лариса Дир и градоначалникот […]

Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип одбележува 18 години од основањето


Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска одбележува 18 години од основањето со настан за промоција на партнерствата и соработките со локалната заедница, бизнис секторот и меѓународните институции. На настанот  „18 години УГД – Партнерства и соработки” во мултимедијалната сала на УГД ќе се одржат три панел дискусии:  УГД и локалната заедница,  УГД и бизнис секторот […]

Одбележување на Денот на македонските инженери


Инженерската институција на Македонија денеска во Скопје ќе го одбележи Денот на македонските инженери, настан кој првпат се одржува по повод одбележување на105 години од формирањето на првото македонско здружение на инженери на 21 март 1920 година. Во рамки на одбележувањето по првпат ќе се доделат награди за најактивно здружение на Инженерската институција на Македонија […]

Сараевското народно позориште со две претстави во Македонскиот народен театар


Македонскиот народен театар (МНТ) денска и утре ќе биде домаќин на Сараевското народно позориште кое ќе го претстави својот уметнички израз преку претставите „Сараевскиот трговец“ и „Селска опера“. Претставата „Сараевскиот трговец“ ќе биде изведене вечерва со почеток во 20 часот. Станува збор за драмско дело инспирирано од вистински настани, во кое авторот Игор Штикс ги […]

Промоција на книгата „Зборовезница на едно новинарско перо“ на Милева Лазова


Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер во 18.30 часот ќе биде промовирана книгата  „Зборовезница на едно новинарско перо“ на авторката Милева Лазова. Промотори на книгата на Лазова, новинарка во „Македонско сонце“, се Валентина Георгиевска Парго и Лилјана Стоилковска, а модератор е Оливера Јовановски.  Настанот ќе биде збогатен со музички гости, Васил Атанасов на обоа, […]

Дводневно заседание на ЕП, на агендата Газа, ЦБАМ, руските енергенси и единствениот пазар


Случувањата во Газа, еколошкиот механизам ЦБАМ, планот за постепено исфрлање од употреба на руските енергенси и Стратегијата за единствениот пазар на ЕУ ќе бидат главните теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Брисел.  Сесијата почнува попладнево со дебата на европратениците со претставници на Советот на ЕУ и на Европската комисијата за одговорот на Унијата […]

Претпладне сонце, попладне локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер од над 60 километри на час и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до […]

Божиновска: Интеграцијата на македонскиот во европскиот пазар на електрична енергија е наша стратешка цел


 Добро е да се чуе дека Европската Унија е оптимист кога станува збор за земјите од Западниот Балкан, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќањето на Вториот Форум за интеграција на пазарот на електрична енергија (ЕМИФ), што попладнево се одржа во Европскиот парламент во Брисел.  – Интеграцијата на македонскиот организиран […]