„Мадам Батерфлај“ – емотивна оперска вечер во рамки на 53. „Мајски оперски вечери“


Во рамки на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ вечерва со почеток во 20:00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе едно од ремек-делата на светската оперска уметност – „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. -Операта „Мадам Батерфлај“ е музичка драма за љубовта, предавството и надежта, раскажана преку извонредната музика на […]

Бившиот шеф на украинската војска Залужни: Украина не може да се врати на границите од 2022


    Украина треба да се откаже од обидите за враќање на границите воспоставени со падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, па дури и оние од времето кога започна руската инвазија на Украина во 2022 година, изјави поранешен украински воен командант во четвртокот. Валериј Залужни, амбасадорот на Украина во Лондон, беше отстранет од функцијата […]

Поради дефект дел од улиците „Божин Николов – Силни“ и „Ѓорѓи Капчев“


Поради уличен дефект од ф 5/4 на ул. „Божин Николов – Силни“ бр.72 со  прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на оваа улица и дел од улицата „Ѓорѓи Капчев“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности. 

Норвежанец се разбудил наутро и затекнал брод долг 135 метри во својот двор


  Голем контејнерски брод се насука во дворот на еден човек во Норвешка во четвртокот. Според Би-Би-Си, контејнерски брод долг 135 метри за малку ја промашил куќата на Јохан Хелберг во Бинесет, во близина на Трондхајм. Несреќата се случила во раните утрински часови, а Хелберг спиел во текот на целата несреќа. Го разбудил еден испаничен […]

Сиљановска во Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италијанската Република и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“. Утре, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, […]

Пуштен во употреба Набизи ретаил парк во Струга


На површина од 85.000 метри квадратни синоќа во Струга официјално беше отворен Набизи ретаил парк, инвестиција на браќата Камбер и Насуф Бизати. Првиот трговски центар во државата од отворен тип располага со 1.000 паркинг места, логистички простор од 40.000 метри квадратни и е новата дестинација за шопинг, забава и квалитетно време поминато во Струга. Приказната […]

Тежок удар за сајбер криминалците: Запленети се 3,5 милиони евра во криптовалути


Киберкриминалците ширум светот претрпеа големи нарушувања откако органите за спроведување на законот и судските органи, во координација на Европол и Евроџаст, ја демонтираа клучната инфраструктура зад малициозниот софтвер што се користи за лансирање напади со рансомвер. Ransomware е вид на малициозен софтвер (малвер) кој ги заклучува или шифрира податоците на заразениот компјутер, а потоа бара […]

Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји


Со потпишувањето на партнерството Влада со Влада се одбележува нова ера во односите меѓу Велика Британија и Северна Македонија, што ќе ја зголеми трговијата и ќе го поттикне економскиот раст, соопшти Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје. – Ова партнерство ја поддржува реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во различни сектори, вклучувајќи транспорт, здравство, енергетика и […]

Нетанјаху именува нов шеф на домашната разузнавачка служба


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го назначи генерал-мајорот Давид Зини за шеф на домашната разузнавачка служба Шин Бет, соопшти неговиот кабинет, и покрај правните приговори од државниот обвинител. Зини, кој „служеше на многу оперативни позиции и команди во Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе ја преземе функцијата на 15 јуни од Ронен Бар, досегашниот шеф на агенцијата. […]

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди индонезискиот остров Суматра


Земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на земјата (БМКГ). БМКГ ја процени длабочината на земјотресот на околу 10 километри. Тој се случил околу 3 часот по полноќ по локално време. Германскиот истражувачки центар за геонауки ја измери јачината на земјотресот на 5,8 […]

Второ изменето и дополнето издание на книгата „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” на Свето Стаменов


Од печат излезе второто изменето и дополнето издание на книгата „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” на македонскиот публицист, политиколог и поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов, чие прво издание беше објавено во 2019 година во рамките на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес на Министерството за култура. […]

Форум на градоначалници на 4. Саем Кина – ЦИЕ во Нингбо


На вториот ден од 4. Саем на Кина со земјите од Централна и Источна Европа, во конгресната сала денеска се одржува Форумот на градоначалници, каде учествуваат претставници на локалните самоуправи од земјите од Централна и Источна Европа, поранешни премиери и други членови на делегациите. На форумот учествува претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, […]

Трамп му покажа на претседателот на ЈАР видео од „гробница на белци“, што всушност е споменик


Доказите за наводни масовни убиства на бели Јужноафриканци што американскиот претседател Доналд Трамп ги презентираше на состанокот со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во Белата куќа во среда вклучуваа слики од Демократска Република Конго, додека снимките прикажани за време на состанокот беа лажно претставени како да прикажуваат „масовни гробници“. „Сите овие се бели земјоделци кои се […]

Г7 се обединуваат за да ги стабилизираат пазарите


Министрите за финансии и гувернерите на централните банки од Групата седум (Г7) водечки економии ветија дека ќе работат заедно за да ги стабилизираат глобалните пазари. Во завршна декларација издадена синоќа, највисоките финансиски претставници на Г7 изјавија дека имаат за цел да остварат заеднички политички цели во услови на сложени глобални предизвици. Состанокот, одржан во канадскиот […]

ФБИ: Напаѓачот им пукал во грб на израелските дипломати, продолжил и откако паднале на земја


Мажот осомничен за убиство на двајцата вработени во израелската амбасада во Вашингтон се наведнал над нив и продолжил да пука откако тие веќе биле на земја, соопшти американското ФБИ. Елиас Родригез, 31, е обвинет за убиство на Сара Милгрим и нејзиното момче, Јарон Лишински. Пријателите и членовите на групите на кои им припаѓале убиените рекоа […]

Се зголемува бројот на загинати во поплавите на источниот брег на Австралија


Полицијата на Нов Јужен Велс утрово соопшти дека тело на маж е пронајдено во автомобил потопен во поплавни води во близина на Кофс Харбор, пренесе ДПА. Обилните дождови предизвикаа сериозни поплави долж источниот брег на Австралија, при што помалите градови на Средниот северен брег се меѓу најтешко погодените. Австралискиот премиер Ентони Албанезе и премиерот на […]

Нуклеарните преговори меѓу САД и Иран влегуваат во критична фаза


Преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за контроверзната иранска нуклеарна програма денеска треба да влезат во одлучувачка фаза со состанок во италијанскиот главен град. Во Рим на петтата рунда разговори се очекуваат американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Заливската држава Оман посредува меѓу двете земји. САД бараат иранската влада […]

Првиот човек на СЗО го повика Израел да покаже „милост“ во војната во Газа


Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Израел да покаже „милост“ во војната во Газа и инсистираше дека мирот е во интерес на самиот Израел. Во вчерашниот говор на годишното собрание на СЗО, Гебрејесус рече дека војната му штети на Израел и дека нема да донесе трајно решение. – Можете да […]

УКИМ одбележува 76 години од основањето и патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј – 24 Мај


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска со свечености ќе ја одбележи 76-годишнината од основањето и прослава на патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј – 24 Мај. Според агендата на Универзитетот, свеченото одбележување почнува пред платото на УКИМ со положување цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј, додека во свечената аула […]

Национален форум „Положбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во кривичната постапка“


Во организација на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта – Ла Страда“ денеска во Скопје ќе биде одржан Национален форум насловен „Положбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во кривичната постапка“, организиран во рамки на регионалниот проект SPOT-ON! Одговорност на државата за гонење на трговија со луѓе OFF/ON!. […]