Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија


Реализацијата на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигураат квалитетната и навремена реализација на проектите, а од друга страна ќе го подигнат квалитетот на градежните компании во Македонија и ќе донесат нови знаења и искуства во земјава, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МРТ. […]

Јаневска: Ова е земја на просветители, со реформи и заедничка посветеност да работиме УКИМ да се вброи на листата на најдобрите


Овој ден не е само одбележување на една бројка или на патронат. Тој е потсетник на една долга и вредна историја, на генерации професори, студенти и научници кои го трасираа патот на знаењето, напредокот и општествениот развој во нашата држава и пошироко. Од само неколку факултети во 1949 година, денес УКИМ брои 23 факултети, пет […]

Утре, автобусите по неделен возен ред


Утре, сабота (24.05.2025 год), поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. За време на викендот, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот. Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, […]

Русија нема да води преговори со Украина во Ватикан, објави Лавров


  Одржувањето преговори меѓу Русија и Украина во Ватикан е нереално и нема потреба да се трошат „ментални способности“ за разработка на оваа опција, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Замислете го Ватикан како место за преговори, малку е неелегантно, би рекол, кога православните земји ќе разговараат за прашања поврзани со елиминирање на […]

Директорот на комунално претпријатие во Струмица незаконски купил вреќи за отпад за 50 илјади евра


СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 2 и 5, а во врска став 1 од Кривичниот законик. З.Г., поранешен директор на Јавно претпријатие за комунална дејност од Струмица, […]

Јапонците се колнат во оваа техника: Истурете брашно во вц-школката


Чистењето на бањата не е омилена активност. Најмалку популарно е чистењето на тоалетната школка, на кое некои директно пристапуваат со одвратност. Кога го чистите тоалетот, можете да си помогнете со едноставен трик. Се што ви треба е брашно. Многумина веруваат дека миризливите гелови (или сличен производ) ќе ја решат обврската за редовно чистење на тоалетната […]

Анчелоти заминува од Реал Мадрид


Мадрид – Реал Мадрид официјално објави дека се разделува од тренерот Карло Анчелоти по завршувањето на тековната сезона 2024/25. Ова се случи долго време откако Бразил објави дека италијанскиот стручњак ќе стане селектор на репрезентацијата на земјата од крајот на мај. Последниот натпревар на Анчелоти на чело на мадридскиот гигант ќе биде домашниот натпревар против Реал […]

Двајцата потврдени пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, не патувале надвор од државата


Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници. Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести. Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности. И директорката на ИЈЗ, […]

Глобалната побарувачка за злато во првиот квартал достигна рекордни 1.206 тони


Според најновите податоци од Светскиот совет за злато, глобалната побарувачка за злато во првиот квартал од 2025 година достигна 1.206 тони, што претставува раст од 1% во споредба со истиот период претходната година. Во тој период, цената на златото се зголеми за дури 38%, а 2024 година се покажа како шеста најуспешна година во однос […]

Ѕирнете во луксузниот Боинг 747 што Катар му го дава на Трамп за да служи како „Ер Форс Уан“


Луксузен џамбо џет за кој Министерството за одбрана соопшти дека го прифатило како подарок од Катар е преполн со сјај и величественост кон која претседателот Доналд Трамп покажал склоност со години. Првпат испорачан во државата од Персискиот Залив во 2012 година, Боингот 747-8, кој наскоро би можел да послужи како „Ер Форс Уан“, е еден […]

Британски „Телеграф“ оди во рацете на американскиот „РедБирд Капитал Партнерс“


Британскиот весник „Телеграф“ постигна „принципиелен договор“ со американската инвестициска група „РедБирд Капитал Партнерс“, според кој ќе биде купен за 500 милиони фунти (670 милиони долари или 592 милиони евра). Американската групација најави инвестиции во понатамошен развој на весникот и негово меѓународно ширење. Како што објави француската новинска агенција АФП, двете компании денес објавија дека договорот […]

Изненадувачки силен раст на германската економија во првиот квартал


Германската економија оствари изненадувачки добри резултати во првиот квартал од годината, забележувајќи раст од 0,4 проценти на годишно ниво во средината на долготрајната криза. „Неочекувано добриот економски развој“ придонесе стапката на раст да биде двојно поголема од предвиденото, изјави Рут Бренд, раководителка на Канцеларијата за национална статистика. Генератор на растот беше извозот и домашната потрошувачка. […]

Телевизијата А2 ќе се реинкарнира, но на Фејсбук и Инстаграм


  Телевизијата А2, која беше некаков вид сестра или брат на А1, ќе се врати меѓу македонската јавност преку Фејсбук и Инстаграм. Тоа се наведува во најавата испратена до македонските медиуми. А2 беше затворена пред речиси 15 години. Во нејзината реинкарнација учествува Велија рамковски, кој беше сопственик и на А1 и на А2, додека телевизиите […]

Се бара притвор за Нино Васев и другиот директор на Онкологија


Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот директор Нино Васев и организациски директор Нехат Нухи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. „На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични […]

Јавноста беше држена во мрак за договорот со Британија, реагира Платформата на невладините организации


  Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, односно како што го нарекува Владата „Договор Влада со Влада“. Ова е веќе втор договор од ваков […]

Неверојатно: Политичар во Австралија се збогува со парламентот на посебен начин, пиеше пиво од патика


Пратеникот од лабуристичката партија на Западна Австралија, Кајл Мекгин, предизвика шок низ парламентот откако одлучи да го одбележи својот последен ден како парламентарец на посебен начин. Мекгин, кој беше пратеник во Парламентот во два мандата за прашањата за рударство и сточарство, го заврши својот проштален говор со типично австралиско збогум кога ја соблече патиката, сипа […]

„Визер“ најави нова рута, од Охрид до Базел од октомври, билетите се во продажба


Авиокомпанијата „Визер“ (Wizz Air) ја најави новата рута од Охрид до Базел, Швајцарија, која започнува со работа овој октомври. Билетите се веќе во продажба од денес, со цени почнувајќи од само 1.299 МКД во еден правец (вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба). Оваа нова рута им овозможува на патниците лесен пристап до […]

За викендот дожд, град, грмежи и ветер


Под влијание на влажен бран утре и во недела ќе има врнежи од дожд проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70км/ч). Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни во форма на невреме со услови за појава на град. Од овој бран во јужните и источните делови се очекува вкупно да наврне […]

Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци


„Да се задолжи земјата 6 милијарди евра и да не се каже кои се условите за заемот, колкава е каматата, кои се роковите е ненормално “, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во синоќешната средба со членството во Гостивар. „Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци и сето […]