Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници


Препорака за самоизолација и здравствен надзор за двете заболени лица од мајмунски сипаници препорача Комисијата за заразни болести. Оттаму информираа дека дополнително се следи состојбата на лицата кои биле во близок контакт со заболените и доколку тие пројават симптоми ќе бидат тестирани во Институтот за јавно здравје. – Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат хигиенските […]

Божиновска: Потребна е координирана акција во борбата со аерозадувањето и систем кој нема да дозволи злоупотреби


Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска на надзорната расправа за аерозагадувањето, што се одржува во Собранието, истакна дека Министерството е свесно за влијанието на традиционалните енергетски капацитети, но дека проблемот со загадувањето треба да се бара и во злоупотребата на системот односно користењето на штетни горива од сомнително потекло за лична и имотна корист.  – […]

„Еноси“: АЕК се надева на пресврт во Скопје


Не одиме како жртви. Одиме да испишеме наша историја и да имаме помалку чувства на каење отколку во првото финале, бил коментарот на тренерот на АЕК Фредерик Бужан во пресрет на реваншот со Алкалоид в недела, според спортскиот портал „Еноси“, што е специјализиран за вести поврзани со екипите на АЕК во сите спортови, јави дописничката […]

Како до пореални сметки: Од самоотчитување на потрошувачката на струја до воведување „паметни“ броила


Заклучно со 30 јуни се обезбедени количините на електрична енергија, а ЕВН Хоум ќе распише тендер за наредниот период и доколку цената што ќе се понуди е иста или приближно иста како постојната, не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски. […]

Царина: За неполни пет месеци анализирани 110 мостри горива


„Детектираме слабости, при што можеме да порачаме дека Царинската управа во изминатиот период гледа и делува како во рамките на царинската постапка, така и надвор од неа, сè со цел максимално сузбивање на криминалните дејства. Притоа за ниту еден што се обидува да го избегне законот нема простување. Она што порано значело ситен прекршок или […]

Трамп предизвика нов пад на европските берзи


Европските берзи денеска забележаа значителен пад откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 50 проценти за производите од Европска Унија, обвинувајќи го Брисел за нефер трговски практики и застој во преговорите. – Препорачувам воведување директна царина од 50 проценти за Европска Унија, објави својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social). […]

Агелер: „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу двете држави


Од понеделник до 9 јуни земјава е домаќин на „Брз одговор 2025“, дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025 со околу 12.000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа. Во земјава ќе учествуваат повеќе од 2.000 војници од земјата-домаќин, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство. Вежбата, како што се […]

Трамп му се закани на „Епл“ со царина од 25% ако не произведува „ајфони“ во САД


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ се закани на Apple со царина од 25 проценти доколку не ги произведува своите iPhone уреди во САД. „Одамна го информирав Тим Кук од „Епл“ дека очекувам нивните „Ајфони“ да се продаваат во Соединетите Држави, да бидат произведени и склопени во Соединетите Држави, а не во Индија […]

Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани


Досега се собрани 156.542.967 денари во рамки на апелот на Црвениот крст на Северна Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март 2025 годинава.  Како што информира Црвениот крст, заклучно до денеска во неколку наврати оваа организација изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани. – Со овие средства досега […]

Владините функционери се фрлија на шетање, перверзно трошат позајмени пари


  Владините функционери се фрлија на шетање, секоја недела има по неколку делегации во странство. Оваа недела Стојанче Ангелов се јави од Јапонија, каде што имал посета на верски храм и се сликаше со будистички монах, иако е одговорен за справување со кризи во државата. Во Лондон беа вицепремиерот Александар Николоски и министерката за образование […]

Бислимовски не исклучува поскапување на топлинската енергија, по одлуката на Уставен суд


 Ја дознавме Одлуката на Уставниот суд од медиумите, се уште немаме добиено официјално известување. Вообичаено одлуки на Уставен суд не се коментираат, но оваа Одлука значи дека апсолутно сега се либерализира постапката за исклучување на потрошувачите од системот за топлинска енергија. Тоа може да доведе до зголемен број исклучени потрошувачи, што, пак, ќе влијае негативно […]

Цана: Пациентот со мајмунска сипаница е во добра здравствена состојба, вториот не се јавил на Инфективна за преглед


Директорот на Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Фадил Цана денеска во изјава за медиумите информира дека синоќешниот пациент примен на нивната клиника со потврден позитивен резултат на мајмунска сипаница е во добра општа здравстена состојба и му се прават дополнителни иследувања. -Синоќа некаде пред полноќ се јавил пациент со резултат од Институтот […]

Кара Делевињ стана амбасадор на Лореал- во Кан се прошета како бринета


Кан– Кара Делевињ влезе во улогата на камелеон за фризура на својот прв црвен тепих како дел од семејството L’Oréal Paris. Таа носеше фустан од Miu Miu во среда вечерта и воодушеви со црна боја, кратки реси и изненадувачка трансформација на косата. За жал, тоа беше перика – сето тоа беше забавно да се меша […]

Публиката е нашиот осми играч, да навиваме од срце и фер, апелираат од РК „Алкалоид“ пред реваншот со АЕК


Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, од раководството на македонскиот ракометен клуб порачаа дека навивачите се нивниот осми играч на теренот, апелирајќи да љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб „Алкалоид“ да се покаже со фер и спортско навивање. „Да навиваме со срце, да […]

Вршителите на енергетски дејности од 29 мај до 30 јуни да поднесат барање за промена на лиценцата


 Во рок од еден месец, од 29 мај до 30 јуни, вршителите на енергетски дејности треба да поднесат барање за промена на лиценцата до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Согласно новиот Закон за енергетика, ваква обврска имаат и носителите на лиценци за пробна работа. Како што соопшти денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, промената на […]

Софија очекува Љупчо Георгиевски од Битола да биде ослободен во процесот за „Ванчо Михајлов“


  БИТОЛА – Во исчекување на пресудата на Основниот суд во Битола за случајот на Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“, Mинистерството за надворешни работи на Бугарија објави соопштение до јавноста во кое порачува дека овој случај за Бугарија е пресвртница за рамноправноста на Бугарите во Македонија. Бугарското МНР нагласува дека овој судски […]

ЕУ се обидува да ги седне на иста маса Македонија и Бугарија, Мицкоски го шири спорот


Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, оцени денес дека има простор да се надминат пречките и да се одблокира евроинтегративниот процес на Македонија. По  денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата таа додаде дека не би навлегувала во детали сѐ додека нема придвижување. „Јасно е дека сакаме Северна […]

Опен АИ работи на „револуционерен уред“ што би можел да го промени начинот на кој ја користиме технологијата


Еден ден откако го објави купувањето на стартапот за 6,5 милијарди долари, извршниот директор на Опен АИ (OpenAI), Сем Алтман, компанијата зад Чет ГПТ (ChatGPT), им објасни на вработените дека развива „таен уред“. Стартапот io е предводен од поранешниот дизајнер на Епл, Џони Ив, познат по соработката со Стив Џобс, а во Опен АИ ќе […]

Онкологија: Имајте доверба во персоналот – воведени драстични промени за стандардизирање на третманот


 Универзитетска клиника за радиологија и онкологија апелира до сите засегнати, посебно до пациентите и нивните блиски, да останат смирени, сталожени и доверливи во однос на целокупниот работен процес на клиниката, уверувајќи дека се по отворањето на случајот „Онкологија“ воведени се драстични промени во работата се со цел стандардизирање на третманот на пациентите. -Апелираме до сите […]

Зголемен број на пациенти на инфективно одделение во Куманово


Зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош за гастроинтестинални тегоби во кумановската општа болница, информираа денеска од инфективното одделение. Последните денови е регистриран пораст на лица кои се јавуваат со симптоми како повраќање, дијареја, болки во стомакот и зголемена температура, симптоми карактеристични за овие инфекции. -Со повисоките надворешните температури се јавуваат и зголемен број […]