Се намалуваат цените на бензините и дизелот


Од вечерва на полноќ за 0,5 денари се намалуваат цените на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, одлучи денеска Регулаторната комисија, енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РЕК). За 1,5 денари се намалува и цената на дизелот, а за 1 денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинствата. […]

Трамп ги избрка од Харвард, Кина ги кани студентите на нејзините универзитети


Кина ги кани странските студенти со „безусловни понуди“ откако Трамп им забрани да студираат на Харвард. Одлуката на Трамп, која федерален судија во петокот привремено ја блокираше и закажа рочиште за 29 мај, значи крај на студиите на Харвард и за околу 1.300 кинески студенти, кои сочинуваат околу една петтина од вкупниот број на меѓународни […]

Германија ги укина ограничувањата на Украина за употреба на оружје со долг дострел


 Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Берлин ги укина ограничувањата на Украина за употреба на оружје со долг дострел. – Велика Британија, Франција, САД, а сега и Германија, ги укинаа ограничувањата за дострелот на нивното оружје испорачано во Украина, што значи дека Киев сега може да напаѓа позиции на руска територија со оружје со […]

ОЈО ќе ги повика оштетените пациенти од Онкологија: кај 47 е потврдено несоодветно лекување


Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија […]

МЕМО ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на АД ЕСМ


Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија на АД ЕСМ. Со овој документ потврдуваме дека електричната енергија за која се издадени гаранциите на потекло потекнува од обновлив извор на енергија. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ги […]

Екологисти од Кавадарци против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф


Екологистите од Кавадарци се против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф. Недозволиво е за нечиј бенефит да се уништуваат националните богатства. Вака денеска реагираа кавадаречките еко активисти од регионалното здружение ,,Еко – живот”.  – Се надеваме дека овој апел ќе допре до највисоките институции и дека ќе покажат еколошка зрелост, истакна претседателот Роберто […]

Студенти од Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола ќе бидат практиканти во МОН


Министерството за образование и наука ја проширува соработката со високообразовните институции овозможувајќи учество на студентите во унапредување на дигиталното работење и забрзување на дигитализацијата на образованието. Студенти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола ќе бидат практиканти во министерството, за што е потпишан меморандум. Студентите ќе учествуваат во извршување на оперативните потреби наминистерството, […]

Дојави за бомби почнаа да пристигнуваат во германските училишта


Утрово, повеќе од десет училишта во германската сојузна покраина Рајнска област-Пфалц, вклучувајќи го градот Трир и неколку помали градови, добија закани за бомби преку е-пошта, објавува списанието „Феникс“. Полицијата веднаш интервенираше и е на местото на настанот, но сè уште не е донесена одлука дали наставата ќе се одржува утре. Текстот на заканите беше идентичен […]

Филипче не се откажува од лидерска средба за патот кон ЕУ


  Иако беше отфрлена неговата идеја од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не се откажува од предлогот за одржување лидерска средба на која ќе се разговара за македонскиот пат кон ЕУ. Филипче, по денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, во одговор на новинарски прашања подетално […]

Италијанскиот претседател Матарела ја прими Сиљановска


  По аудиенцијата кај папата Лав XIV, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше на средба со палатата Квиринале со италијанскиот претседател Серџо Матарела. Од прес-службата на Матарела објавија соопштение во две реченици за посетата и разговорот: „Претседателот на Републиката, Серџо Матарела, утрово во Квиринале ја прими претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Присутна беше и државната […]

Избрани победниците за најдобар есеј по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик


Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобар есеј, кој беше наменет за ученици по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик. На конкурсот право на учество имаа сите ученици од четврто до деветто одделение од основните училишта и од прва до четврта година од […]

Добро се заразените со мајмунски сипаници, нема ризик од ширење на заразата


Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје. Како што потенцираат, нема нови суспектни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените […]

Британскиот крал Чарлс Трети во посета на Канада


Лондон – Британскиот крал Чарлс Трети придружуван од неговата сопруга кралицата Камила, денеска пристигнува во прва посета на Канада како шеф на држава. – Се очекува кратката дводневна посета да биде влијателна, изјави портпаролот на Бакингемската палата. Кралот Чарлс Трети ќе присуствува на инаугуративната седница на новиот канадски Парламент и ќе одржи говор. – Одржувањето на […]

Левица: Зошто Развојната банка одбива да даде листа на компании кои добиле средства од унгарскиот кредит – што се крие?


По побаран пристап до информации од јавен каратер – Развојната банка на Македонија одби да ја приложи листата на компании кои добиле средства од унгарскиот заем од 250 милиони евра што го обезбеди на брза трака Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, со образложение дека се работи за ‘деловна тајна’, реагира левица. „Во секоја правно […]

Шефот на неодамна основаната хуманитарна фондација за Газа поднесе оставка


Вашингтон – Шефот на новата хуманитарна фондација за дистрибуција на помош во Појасот Газа поднесе оставка, соопшти синоќа организацијата поддржана од САД. Извршниот директор на Хуманитарната фондација за Газа (GHF), Џејк Вуд, изјави дека не е возможно да се спроведе планот за организација за помош на Појасот Газа „со строго почитување на хуманитарните принципи на […]

Брижит и Емануел: Што се случи со Макронови во авионот кога слетаа во Ханој


  Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник брзо реагираше за да го смири вниманието околу виралното видео на кое неговата сопруга Брижит му го турка лицето настрана додека се симнуваат од авионот во Виетнам за првата етапа од турнејата низ Југоисточна Азија. Краткиот клип ја покажува вратата од авионот како се отвора, а […]

Македонија со поддршка на ЕУ ќе го подобрува квалитетот на социјалните услуги


Системот за осигурување квалитет на социјалните услуги не е само административен инструмент, туку е и механизам за градење доверба меѓу државата и граѓанинот, доверба дека секој поединец – дете, возрасен, лице со попреченост, семејство во криза, ќе добие навремена, стручна, достпана и достоинствена поддршка, рече денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани […]

Македонскиот тим – вицешампиони на финалето на Европскиот квиз за пари за 2025 година


Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, го освоија второто место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, соопшти Македонската банкарска асоцијација (МБА). Финалето се одржа на 23-ти мај […]

Џенифер Лопез домаќин, Кедрик Ламар со најмногу номинации на АМА 2025


Лас Вегас – Џенифер Лопез треба да се врати на Американските музички награди и како водителка и како изведувач за овогодинешното шоу, кое треба да се емитува во живо од Лас Вегас , денес, понеделник, 26 мај, на CBS, и стриминг на Paramount + во САД. Лопез се враќа по втор пат како домаќин на […]

„Шпаркасе“ му ги блокирала парите на Шредер од „Газпром“


Германската банка Шпаркасе престана да префрла пари на сметката на поранешниот германски канцелар и пријател на Владимир Путин, Герхард Шредер – ова се однесува на платата на Шредер од „Газпром“ како претседател на одборот на директори на Норд Стрим 2 АГ, објави „Билд“. Според текстот, Шредер добивал околу 200.000 евра двапати годишно – овие средства […]