Трамп сака да му одземе 3 милијарди долари на Харвард и да ги пренасочи кон занаетчиските школи


Вашингтон- Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ја разгледува можноста за одземање на 3 милијарди долари федерални грантови од Универзитетот Харвард и пренасочување на тие средства кон стручните училишта низ САД. Наведувајќи дека престижниот универзитет треба да „плати цена“ за, како што тврди, своето одбивање да се усогласи со националните интереси. Трамп на својата […]

Салман Ружди е задоволен што неговиот напаѓач доби максимална затворска казна


Лондон– Англо-индискиот романописец и есеист Салман Ружди изјави дека е задоволен што човекот кој се обиде да го убие со нож во 2022 година ја доби максималната можна затворска казна. Хади Матар (27) беше осуден на 25 години затвор претходно овој месец за обид за убиство откако повеќе пати го избоде Ружди на сцената во […]

Роботи на Пошта на Србија во Крагуевац сортираат 2.500 пакети на час


Роботи во Главниот поштенски центар во Крагуевац од денеска автоматски сортираат 2.500 пакети на час, соопшти Пошта на Србија. Ова ќе овозможи најмалку трипати побрза достава на поштата до примателите и сортирање на пакетите за поштите во блиските градови, изјави во Крагуевац в.д. директорот на Српската пошта, Зоран Анѓелковиќ. Проектот почна пред една година. „Инвестиравме […]

Изврши убиство по филмска брканица низ Скопје: Кој е Ацо Боцевски – Циганот, уапсен во Грција по 27 години бегство


Во јавноста како бомба одекна веста дека в Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, македонски дрзхавјанин кој речиси три децении се криеше од правдата. Уапсен во грчкиот град Катерини, потврди МВР.  „Денеска (26.05.2025) од страна на грчката полиција сме известени дека го лишиле од слобода Ацо Боцевски кој беше баран со меѓународна […]

КФСМ именуваше селектори на младински кошаркарски репрезентации


Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за именување на селектори во националните селекции пред кои се обврски за настап на младинските Европски првенства. За селектор на М16 женска репрезентација која ќе земе учество на ЕП од Дивизијата „Б“ во Турција, именуван е Оливер Стојмановиќ. Покрај тоа, во оној женски репрезентативен сегмент, за селектор на М18 […]

Пет скијачи пронајдени мртви во планините близу луксузно одморалиште во Швајцарија


Tелата на петмина скијачи се пронајдени во планините близу швајцарското луксузно одморалиште Цермат. Хеликоптер бил испратен да ја прегледа областа околу врвот Римпфишхорн откако планинари ги известиле властите за напуштени скии близу врвот во саботата, пренесува Гардијан. „Телата на пет лица беа брзо пронајдени“, соопшти швајцарската полиција, додавајќи дека е отворена истрага и дека се […]

Млад скопјанец нападнат од роднини на девојка му во Аеродром


Млад скопјанец бил нападнат од роднини на неговата девојка.  – На 25.05.2025  во 22.20 часот во СВР Скопје, С.О.(29) од село Палиград, скопско, пријавил дека околу 21.00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Г.А.(59) и Ф.Г., двајцата од Скопје, роднини на неговата девојка, кои притоа му го оштетиле и мобилниот телефон, стои […]

Хамас се согласи со американскиот предлог за прекин на огнот во Газа


  Хамас се согласи со предлогот што го изнесоа САД за прекин на огнот во Газа во понеделникот, изјави за Ројтерс палестински функционер близок до групата. Според извештајот, новиот предлог, поднесен од американскиот специјален претставник Стив Виткоф, предвидува ослободување на десет израелски заложници во две групи, во замена за 70-дневен прекин на огнот и делумно […]

Тошковски: Добро е што градоначалничката на Град Скопје конечно реши да се разбуди од зимски сон


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на градоначалничката на Град Скопје дека ќе поднесе кривични пријави, потенцираше дека е добро што „конечно после четири години решила да се разбуди од зимски сон“. -Можеби доставила кривични пријави, можеби не. Добро е што градоначалничката на Скопје после четири […]

Во Австрија голем број училишта примиле лажни закани за поставена бомба


 Дваесет и пет училишта во провинцијата Долна Австрија денеска добиле закани за поставени бомби, а учениците и наставниците се евакуирани поради превентивна мерка. Заканите дека бомба ќе експлодира во училиштето биле испратени по електронска пошта, а текстот бил генериран од вештачка интелигенција. Полицијата истражува од каде биле испратени електронските пораки. Закани за поставени бомби во […]

Тошковски: Обвинителството да го истражи и тендерот за набавка на униформи, и сите тендери за кои постојат сомнежи за незаконитост


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги повика Јавното обвинителство и останатите институции да го истражат не само тендерот за набавка на униформи, туку сите останати тендери за кои постојат индиции за какви било сомнежи во делот на незаконитост. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано […]

На инвеститорите им олесна откако Трамп ги одложи царините за ЕУ – но ризикот од трговска војна останува


Инвеститорите треба да се „подготват“ за поголема нестабилност бидејќи потенцијалот за трговска војна не е целосно исчезнат и покрај одложувањето на воведувањето на тарифите од 50% од страна на американскиот претседател Доналд Трамп кон Европската унија, предупредуваат аналитичарите. Трамп во неделата објави дека се согласил да го одложи воведувањето на казнените увозни давачки за 9 […]

Народната банка ги зајакна капацитетите за климатските ризици со поддршка на ЕИБ


Народната банка успешно ја заврши обуката за климатските ризици во партнерство со Европската инвестициска банка (ЕИБ), како дел од Програмата за зелени финансиски системи. Со оваа соработка, Народната банка значително ги зајакна своите капацитети за справување со климатските предизвици и за поддршка на зелените инвестиции. Во рамките на програмата, над 50 вработени од Народната банка […]

26 мај во историјата – Крунисан е последниот руски цар, Николај II


  Николај II, последниот цар, е крунисан за владетел на Русија во старата Успенската катедрала во Москва на 26 мај 1896. Николај ниту бил обучен, ниту бил склон да владее, што не ѝ помогнало на автократијата што тој се обидувал да ја зачува во ерата очајна за промени. Роден во 1868 година, тој го наследи […]

Муцунски е „згрозен“ од последните руски напади на Украина


„Ужаснат сум од најновите руски напади врз Киев и другите украински градови. Уште еднаш, невини цивили – вклучувајќи деца – ја платија цената. Се солидаризираме со Украина. Напорите за прекин на огнот и за праведен мир мора да се забрзаат“, реагираше денес преку  социјалните мрежи шефот на дипломатијата Тичко Муцунски. Инаку, тој  деновиве учествува во […]

Дел од британските железници се враќаат во јавна сопственост


Железничката компанија што работи во југозападна Англија, South Western Railway, е под државна администрација од неделата, станувајќи првиот приватен оператор што се врати во јавна сопственост, соопшти британското Министерство за транспорт. „Ова е нова ера за железницата“, соопшти Министерството за транспорт (DfT), а министерката Хајди Александар изјави дека со тоа се завршуваат „30 години неефикасност, […]

Лондон ќе побара од Косово да ги прифаќа мигрантите, следни на списокот се Македонија, Србија и БиХ


  Велика Британија наводно ќе побара од Косово да ги прифати одбиените баратели на азил како дел од плановите за отворање прекуморски „центри за враќање“ за мигранти. Косово е ставено на список од девет земји кои се сметаат за потенцијални локации за центрите, објави лондонски „Тајмс“. Истата информација потоа ја објави и Скај њуз. „Центрите […]

Судскиот совет избра шест нови судии во Апелационен суд Скопје


Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Силјановска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани се новите судии кои Судскиот совет ги избра денеска во граѓанска област на Апелационен суд Скопје. Претходно во кривичниот оддел на Апелациониот суд беа избрани четири нови судии, Марија Клетничка Марковска, Оља Ристова, Иван Џолев (претседател на Основниот кривичен суд Скопје) […]

ХРВ: БиХ и Балканот не смеат да бидат третирани како паркинг за мигранти


Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) денеска предупреди дека третманот на притворените мигранти во Босна и Херцеговина треба да ги загрижи владите кои планираат да испратат уште мигранти во БиХ. ХРВ наведува дека поради процедуралните доцнења, ограничениот пристап до адвокати, лошите услови и немањето пристап до услугите, мигрантите во […]

ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите


Даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници, усогласување на договорите за работа со законската рамка и јасна дистинкција меѓу вистинскиот синдикат и жолтите синдикати, односно лоцирање на непријателите на синдикалната борба, бара Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Како што беше речено на денешната завршна конференција од проектот „Работнички права за […]