Младите македонски пингпонгари 6. место на Балканското првенство во Бугарија


Со 10 млади пингпонгари Македонија беше најбројна репрезентација на на Балканското првенство во Албена, Бугарија, што се одржа од 21 до 25- мај.  Децата до 11 и до 13  години се натпреваруваа во поединечна и екипна конкуренција.   „Највпечатлив беше настапот во машка конкуренција, екипно до 11 години каде што го освоивме 6-тото место, но […]

Железничка несреќа на преминот во близина на поранешна велешка „Порцеланка“, нема повредени


 Во СВР Велес вчера било  пријавено дека околу 09.34 часот на железничкиот премин  на Регионален пат Велес – Извор, во близина на поранешна фабрика „Порцеланка“ кај Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од 23 годишниот  Ѓ.О. од Чашка и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од 39 […]

Ангелов како директор на ДЗС, ќе работи на спојување со ЦУК


Стојанче Ангелов е нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информираше Ангелов, по претходен договор со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, тој е разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи и од денес стапува на новата функција. Ангелов, како што информира ќе работи на обединување на ЦУК […]

Макрон со години не разговара со мајка си поради Брижит? Неговиот татко се огласил и ги открил сите детали


  Емануел и Брижит Макрон, претседателот на Франција и неговата сопруга, се најдоа во центарот на вниманието поради шокантното видео на кое се гледа како таа наводно му удира шлаканици на својот сопруг откако пристигнаа во официјална посета на Виетнам. Инцидентот се случил во авионот, по слетувањето, а на камерата биле снимени многу контроверзни детали. […]

Франција пред финансиски колапс до 2027 година, предупредува Државниот ревизорски суд


Франција би можела да се соочи со сериозен недостиг на буџетски средства до 2027 година доколку не се преземат итни мерки за ограничување на јавната потрошувачка, предупреди францускиот Државен ревизорски суд. Во вчерашниот извештај на ревизорите, кој го пренесуваат денеска француските медиуми, како главна причина за зголемениот дефицит се наведуваат широките социјални програми. Само во […]

Задолженоста на компаниите во банките зголемена за половина милијарда евра, има ли удел и унгарскиот кредит?


  Двоцифрени проценти за раст на кредитирањето на компаниите – во април задолженоста изнесувала 4,05 милијарди евра што е за половина милијарда евра повеќе во однос на истиот месец, минатата година. Банкарите очекуваат дека и во овој втор квартал ќе има зголемена побарувачка за кредити а условите за одобрување ќе олеснуваат, пишува Порталб.мк. Домаќинствата пак само […]

Фрлена бомба во забавен парк во Истанбул, повредени седуммина


Седум лица беа повредени, од кои тројца потешко, кога двајца мажи на мотоцикл фрлија рачни гранати во забавен центар на Парк Кадеси во Истанбул во 1:40 часот наутро. Реклама Мотоциклисти фрлија рачна граната врз вториот кат од петкатна зграда. По пријавата, на местото на настанот беа испратени служби за итни случаи, како и експерти за […]

БиХ: Петмина тешко повредени во вооружен судир кај мигрантскиот камп во Блажуј


Сараево – Пет лица се здобиле со тешки телесни повреди во синоќешниот вооружен судир меѓу криминални групи во близина на мигрантскиот камп во Блажуј, кај Сараево. Како што потврди Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево за порталот Klix.ba, на Клиничкиот центар во Сараево се примени шест лица, од кои две се во животно загрозувачка […]

Фустанот со рибји крлушки на Џенифер Лопез на наградите „AMA“ со најголем шлиц што сме го виделе досега


Лас Вегас – Џенифер Лопез синоќа се врати да биде домаќин на Американските музички награди . Поп-ѕвездата, актерка и модна икона, која првпат ги водеше наградите на AMA во 2015 година, го започна шоуто со незаборавна мешавина од нејзините хитови. Потоа премина на својот воведен монолог, за време на кој носеше прекрасна креација: фустан со […]

За дигитализација на матичните книги 8,5 милиони евра, а дел од граѓаните добиваат изводи издадени на машина за пишување


 Државниот завод за ревизија укажува дека се уште не е завршена дигитализацијата на матичните книги  и покрај тоа што започнала пред повеќе од една деценија и во неа се вложени над 520 милиони денари. Скенирани се 52 проценти од записите во матичните книги, а внесени во електронскиот матичен регистар се 49 проценти од записите. Ваквиот […]

Вештачката интелигенција како деловен партнер: Дали сме заменливи?


Во современиот деловен свет, вештачката интелигенција (ВИ) сè повеќе станува неизбежен фактор што го обликува начинот на кој работиме, донесуваме одлуки и развиваме бизнис. Многу луѓе се прашуваат – дали луѓето во бизнисот се заменливи во ерата кога машините можат да анализираат податоци, да автоматизираат процеси и да даваат препораки побрзо и попрецизно од кога […]

Автолимар сподели трик како да ги отстраните гребаниците на автомобилот: Ви требаат неколку работи што ги имате дома (ВИДЕО)


За секој сопственик на автомобил нема полошо чувство од откривање нова гребнатинка на каросеријата на возилото. Без разлика дали е од паркинг, невнимателно ракување со багажот или дури и детска игра, секоја нова гребнатина има потенцијален трошок. Меѓутоа, последниве недели низ интернетот се рашири вирусен трик кој ветува брзо и речиси бесплатно решение – користење […]

Азиски пазари: Индексите претежно во пад


Азиските индекси се претежно во минус, бидејќи инвеститорите ја проценуваат глобалната трговска клима откако американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи примената на царини од 50 проценти за увоз од Европската Унија. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, се намали за 0,17 проценти околу 6:00 часот наутро. Во исто време, јапонскиот Nikkei се […]

„Трамп медиа груп“ планира да собере 3 милијарди долари за да ги потроши на криптовалути


Медиумската компанија на семејството Трамп планира да собере 3 милијарди долари за купување криптовалути како биткоинот. „Трамп медиа енд технолоџи груп“, која стои зад апликацијата „Трут сошнал“ и е управувана од претседателското семејство, има за цел да собере 2 милијарди долари свеж капитал и уште 1 милијарда долари преку конвертибилна обврзница, според шест лица запознаени […]

Цунамито од долгови кон Кина ќе погоди десетици земји низ светот


 Отплатите кон Пекинг ќе достигнат рекордни нивоа во оваа 2025 година. Најсиромашните земји во светот се соочуваат со „плима и бран на долгови“, предупреди австралиски тинк-тенк. Кредитната експанзија на Кина во рамките на иницијативата „Еден појас, еден пат“ во 2010-тите финансираше пристаништа, железници, патишта и други инфраструктурни проекти од пустините на Африка до тропскиот Јужен Пацифик. […]

Најдоброто средство за чистење на црниот дроб: само мала голтка секое утро на празен стомак и вашите црева ќе работат како часовник


Најдоброто средство за превенција за здрав црн дроб е неговото секојдневно чистење – секое утро на празен стомак пијте по една лажица маслиново масло измешано со лажица сок од лимон. После тоа можете да уживате во појадокот. Овој „коктел“ можете да го подготвувате цел живот, бидејќи и двете состојки се вообичаена секојдневна храна. По првиот […]

Триумф на Били Ајлиш на Американските музички награди 2025


Лас Вегас- Били Ајлиш беше големата победничка оваа година на Американските музички награди, освојувајќи ги сите седум награди за кои беше номинирана. И покрај тоа што не беше на доделувањето во Лас Вегас (Ајлиш моментално е на турнеја во Европа), пејачката на „Birds of a Feather“ ги однесе дома многу од најголемите награди на вечерта, […]

Африкански бран и летни температури од средината на следната седмица


Следната седмица ни пристигнува првиот Африкански топол бран и истиот конечно ќе ни донесе многу повеќе сонце, како и летни температури на воздухот, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски. Во текот на следната седмица, температурите ќе бидат летно високи и тие на повеќе места ќе се искачат близу 30 степени, а во Повардарието тие ќе бидат  над […]

Балкански самит Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“ во организација на МААА


Во организација на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА) од денеска до 29 мај ќе се одржи Балканскиот Самит на Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“. Настанот е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје. На самитот во  хотел „Мериот“ од 9, 30 часот, ќе учествуваат млади алумни – учесници во програми на американската влада – […]

Роналдо навести заминување од Ал Наср: Ова поглавје е завршено


Ријад – Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо навести дека ќе го напушти клубот од Саудиска Арабија. Ал-Наср синоќа на гости загуби од Ал-Фатех со 3:2 во последното, 34.коло на Премиер лигата на Саудиска Арабија. -Ова поглавје е завршено. Приказната? Сè уште се пишува. Благодарен сум на сите – напиша фудбалерот на социјалната мрежа Икс. Ал Наср […]