Русија напредува на североисток од Украина


  Русија контролира четири погранични села во североисточниот украински Сумски регион, враќајќи мал дел од територијата што беше ослободена од силите на Киев во 2022 година. „Непријателот ги контролира селата Новенке, Басивка, Веселивка и Журавка во регионот Суми. Жителите на тие села беа евакуирани одамна, така што нема закана за цивилното население таму“, изјави Олех […]

Урна рекорд: Шерпасот Ками Рита се искачи на Монт Еверест по 31-ви пат


Познатиот непалски планински водич шерпасот Ками Рита во вторникот се искачи на Монт Еверест по 31-ви пат, соборувајќи го рекордот што го постави минатата година. Официјалните лица изјавија дека 55-годишникот стигнал до врвот висок 8.849 метри – највисокиот врв во светот – преку традиционалната рута на југоисточниот гребен, предводејќи индиски воен тим од 22 члена, […]

Муцунски до НАТО: Единството треба да биде функционално, а не декларативно


Брзата реализација на европските и евроатлантските интегративни процеси е суштинска за реформскиот напредок, стабилноста и отпорноста на земјите од регионот, како и за спречување на влијанија кои не се во интерес на демократијата, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на одбележувањето на 30 годишнината на Дејтонскиот договор во рамки на пролетната […]

Трајков за преговорите со Софија: Понудивме неколку сценарија, Калас внимателно нѐ сослуша


  Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас внимателно ги сослуша нашите ставови и позиции. Имаме неколку сценарија коишто ги понудивме и посветено работиме да го решиме проблемот и да покажеме позитивен сигнал како добри соседи. Сепак, станува збор за двонасочна улица. Не е само ние да покажеме иницијатива и да […]

Хаос во Грција: Спречувале европски јавни обвинители да земат докази – реагираше и Лаура Ковеси


Пресметката меѓу обвинителите и персоналот на земјоделските агенции одговорни за исплата на европските субвенции траеше цел ден и цела ноќ. Двајца обвинители на Европското јавно обвинителство (ЕЈО), заедно со 20 полицајци, влегоа во грчката земјоделска агенција ОПЕКЕПЕ во Атина во 9:30 часот наутро со намера да ги земат бараните податоци во истрагата за измама со […]

Петнаесет членки на ЕУ бараат промена на Директивата за данокот на тутунски производи


 Петнаесет земји членки на ЕУ изразуваат незадоволство од сегашната европска Директива за оданочување на производите од тутун и бараат нејзина промена, јави дописникот на МИА од Брисел.  Според дипломатски извори, министрите за финансии и економија на овие 15 земји упатиле писмо до Европската комисија во кое оценуваат дека постоечката законодавна рамка е застарена и е […]

Молк во Бугарија за можните преговори со Македонија во Хаг


  Најавите на претседателката  Гордана Сиљановска-Давкова дека Австрија е подготвена да разговара за изнаоѓање креативно решение со Бугарија, засега наидуваат на молк во Софија, пишува Дојче веле. Во некои од ретките изјави се повторува веќе слушнатата теза  дека Бугарија нема спор со Македонија, а Скопје нека разговора со ЕУ ако има проблем. Доцент Спас Ташев од […]

Раниот појадок и вечера имаат важна улога во регулирањето на тежината


Барселона – Раниот појадок и раната вечера може да имаат важна улога во контролата на тежината, според истражување на Институтот за глобално здравје во Барселона. Резултатите од шпанската установа се објавени во „Меѓународниот журнал за бихевиорална исхрана и физичка активност“ (International Journal of Behavioral Nutrition and Physical Activity). Според наводите на научниците, луѓето кои го […]

Асоцијацијата за е-трговија потпиша Меморандум за соработка со Кинеската комора за е-трговија


Гуангжоу, Кина — Асоцијацијата за е-трговија на С. Македонија (АЕТСМ) и Кинеската комора за е-трговија (CECC) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставуваат основите за заедничка соработка и развој на партнерства во областа на е-трговијата и дигиталната економија. Потпишувањето претставува значаен чекор напред во насока на унапредување на прекуграничната е-трговија, размена на знаења и […]

Расистички марш на илјадници Израелци во муслиманскиот кварт на Ерусалим


  Илјадници Израелци се придружија на маршот финансиран од државата низ муслиманскиот кварт на Стариот град во Ерусалим, каде што големи групи извикуваа расистички слогани, вклучувајќи „Газа е наша“, „смрт за Арапите“ и „нека горат нивните села “. Годишниот марш, платен и промовиран од градската власт на Ерусалим, го слави освојувањето и окупацијата на Источен […]

Концерт на Лепа Брена на 1 август во Охрид


Лепа Брена, симбол на една музичка ера, жена која со својата харизма и моќен глас ја обележа историјата на балканската сцена, ова лето пристигнува во Охрид со голем концерт, на 1 август на стадион „Билјанини извори“. Концертот е дел од нејзината турнеја „Имам песму да вам певам“, која веќе беше проследена со аплаузи и распродадени […]

Филипче: Се најавува затварање на истрагата за Кочани без обвинение за актуелен функционер


Во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ Венко Филипче го осуди начинот на кој се води истрагата за трагедијата во Кочани и предупреди на институционалниот молк околу одговорноста.   „Ситуацијата во Кочани е многу сериозна. Револтот на родителите е огромен. Тие имаат сериозна забелешка за тоа како се води истрагата. Еве се најавува затворање на […]

Израелски министер повика на окупација на Газа и обнова на храмот на местото на Ал-Акса


Израелскиот министер за финансии, Бецалел Смотрич, предизвика нова контроверза со повици за окупација и населување на Појасот Газа, како и за обнова на храмот на местото на џамијата Ал-Акса во Ерусалим. За време на т.н. „Марш на знамето“, настан организиран од екстремно десничарски групи, во Стариот град на Ерусалим се собраа израелски политичари и нивни […]

Ангелов ја предаде функцијата на новиот директор на ЦУК Мухамед Аљи


Денеска, во просториите на ЦУК, довчерашниот директор Стојанче Ангелов, му ја предаде функцијата на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување. „Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо но исто така верувам дека е подготвен да даде се од […]

Милошоски: Реформи во судството со оваа постава не може да направи ни Дејвид Коперфилд!


Потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, го коментираше вчерашениот избор на судии во Апелацискиот суд нарекувајќи го незаконски, а за претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, на својот профил на Фејсбук напиша дека извршил и кривично дело. Трагично или не, вели тој, но реформи на судството со оваа постава во Судскиот совет […]

Пукање кон куќа во Тетово, нема повредени, најдени 30 чаури од автоматско оружје


Нема повредени по оружениот инцидент што се случил вечерва во Тетово, кога кон куќа било пукано од автоматско оружје околу 21 часот и 15 минути. Во СВР Тетово било пријавено дека ова се случило на улица „111“ во населбата „Теќе“. – Било пријавено дека непознати лица кои биле со мотоцикл-скутер, од автоматска пушка пукале во […]

Четири училишта добиваат паметен систем за енергетско управување


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес потпиша Меморандум за соработка со четири основни училишта од Скопје и со Македонски Телеком, со што започнува реализацијата на иницијатива за поефикасно користење на електричната енергија и за унапредување на енергетската свесност во образовниот систем. „Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде […]

(Видео) Кога Хуанг зборува за вештачка интелигенција, сите треба да го слушаат што има да каже


  Компанијата на Хуанг значително придонесе за револуцијата на вештачката интелигенција, а тој е еден од најголемите авторитети во оваа област. Вештачката интелигенција денес стана неопходна алатка за бизнисот и може значително да им помогне на многу луѓе во извршувањето на секојдневните задачи. Од некои основни работи како помош при превод, пребарување и пронаоѓање информации, […]

Трамп подготвува силен удар врз Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп, незадоволен од постојаните напади на Москва врз Украина и фрустриран од бавниот напредок на мировните преговори, размислува за воведување нови санкции врз Русија уште оваа недела, дознава „Волстрит џурнал“ од извор близок до Белата куќа. Иако не се очекуваат дополнителни санкции против банките, според овие извори, Белата куќа разгледува голем број […]

Итна модернизација на граничниот премин Евзони! Ќе се одвива во две фази, завршување на работите до 2026 година


Грците во пресрет на летната туристичка сезона најавија модернизација на граничниот премин низ кој годишно минуваат околу пет милиони луѓе. Грчката влада започна итен план за модернизација на еден од најфреквентните гранични премини со Северна Македонија, Евзони, со цел да се намали времето на чекање и да се олесни влезот на туристите во текот на […]