ОЈО тврди дека целосно е разбиена криминалната група „Беланоца-Барон“


По спроведена континуирана и темелна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против девет лица – припадници на организирана криминална група „Беланоца- Барон“. Во координација со органите на прогонот, обезбедени се обемни и релевантни докази врз основа на кои на обвинетите им се […]

Скопје како европска метропола со муралот на славниот полски уметник Блејжик


Новиот мурал на фасадата на МКЦ е донација за Младинскиот културен центар и Град Скопје од Република Полска и Институтот Адам Мицкевич во Варшава, промовиран со коктел и претставници од културната сфера и дипломатскиот кор во земјата. Муралот е со име harmonoise_230425, најновото уметничко дело на познатиот полски уметник Пшемислав Блејжик (Sainer) , како дел […]

Пуштена и последната пациентка од болницата во Солун, на лекување во Грција остануваат уште двајца повредени од трагедијата во Кочани


Од општата болница „Папаниколау“ во Солун, вчера беше отпуштена и последната пациентка, која заедно со уште две лица беа хоспитализирани на 16 март, само неколку часа по трагичниот пожар во Кочани, додека пак во Грција, на лекување остануваат уште двајца повредени, згрижени во атинската воена болница, јави дописничката на МИА од Атина. Од солунската болница, […]

Актерот кој го глумеше Сулејман Величенствениот доби условна затворска казна за протестите во Гези од 2013


Познатиот турски актер Халит Ергенч доби условна затворска казна за давање лажно сведочење во врска со протестите во паркот Гези во 2013 година. Според турските медиуми, судот во Истанбул го осуди Ергенч на затвор за „обид за соборување на турската влада“ и „попречување на нејзините функции“. Случајот беше отворен откако обвинителите ги повикаа Ергенч и […]

Дебел слој сахарска прашина го покри Крит, луѓето да не излегуваат


Дебел слој сахарска прашина покри делови од Крит и создаде речиси надреална сцена во Ираклион и Ханија, каде што небото стана портокалово, а воздухот стана задушлив. Прашината во комбинација со високи температури и повремени дождови го отежнуваат дишењето и секојдневните активности. Дирекцијата за цивилна заштита на регионот Крит ги повика граѓаните да избегнуваат излегување, особено […]

Шакира падна за време на настапот на „ Whenever, Wherever“ на концертот во Монтреал


Шакира доживеа мала несреќа за време на нејзината турнеја „ Las Mujeres Ya No Lloran Tour“ во Бел Центарот во Монтреал, Квебек, во вторник (20 мај). Додека го изведуваше својот хит од 2001 година Whenever, Wherever”, колумбиската суперѕвезда се лизна и падна на сцената. Снимките направени од обожаватели ја покажуваат Шакира како токму треба да ја […]

Дали знаете што се случува кога ќе изедете банана со бибер? Шест необични комбинации се чиста магија за целото тело


Дали знаевте дека со комбинирање на навидум некомпатибилна храна, можете да постигнете изненадувачки резултати? Природата често ни нуди одговори на проблемите на модерниот начин на живот – од замор и надуеност, до проблеми со кожата или бавен метаболизам. Поентата е дека одредени намирници можат да го извлечат најдоброто од друга храна – а ние исто […]

Рамос го повика Роналдо да се пресели во Монтереј


Монтереј е заинтересиран да го ангажира португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во пресрет на почетокот ба Светското клупско првенство. Според новинарот Николо Шира, дефанзивецот на мексиканскиот клуб Серхио Рамос, поранешен соиграч на Роналдо во Реал Мадрид, се обидува да го убеди 40-годишниот фудбалер да се приклучи на тимот. Роналдо по завршувањето на вчерашниот натпревар на Ал-Наср […]

Разрешен судијата Енвер Беџети кој од лани е на „црната листа“ на САД


Судскиот совет вчера го разрешил апелациониот судија Енвер Беџети, кој од декември 2024 година е ставен на црната листа на американскиот Стејт Департмент на корумпирани функционери, непожелни за влез во САД. ОЈО води постапка против Беџети, испитуваат коруптивни дела од негова страна и за трговија на влијанија. Во јануари 2023 година комисијата на Судскиот совет […]

Главните разлики: Кои се помалку штетните алтернативи за пушачите?


И покрај големиот број пушачи ширум светот, очигледен е падот на популарноста на класичните цигари. Имајќи го предвид сè поголемото знаење за штетните ефекти од пушењето, многу луѓе бараат начини да се ослободат од оваа навика и да го подобрат квалитетот на својот живот. Најдобрата опција е да се престане со употреба на тутун и […]

Со нов инвестициски циклус ТИТАН Усје го одбележува 70-годишниот јубилеј


Со нов инвестициски циклус во дигитализација на процесите, имплементација на модели базирани на вештачка интелигенција и нови производи по највисоките еколошки стандарди, ТИТАН Усје ќе го одбележи 70–годишниот јубилеј. Само во следниот период до 2030 година инвестициите во овие сегменти ќе надминат 50милиони евра, со што дополнително ќе се поттикне развојот. Како дел од интернационалната […]

Во Собранието се дискутираше за Извештајот на Европската комисија за Македонија


Во Собранието во рамки на денешната 22. седница се дискутираше по Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2024 година. Гласањето на Извештајот ќе биде дополнително закажано, кога ќе бидат исполнети условите. Според пратениците на опозицијата сите оценки во рамките на Извештајот укажуваат на умерен напредок на државата, додека, пак, за власта се […]

Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка ги забрзува растот и конвергенцијата на Западен Балкан


„За одржлив и инклузивен раст на земјите од Западен Балкан е потребна заедничка соработка, а не изолација“. Ова беше главната порака на гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на Балканскиот самит на поранешни студенти на тема „Градење посилни партнерства за економски раст“, организиран од Македонско-американската алумни асоцијација, на кој присуствуваа и […]

ЕК следниот месец ќе објави конкретни предлози за ослободување од руските енергенси


 Европската комисија пред неколку недели презентираше Патоказ за постепено ослободување од руските енергенси и следниот месец ќе предложи конкретни логистички предлози и детално ќе опише како да се постигне таа цел, изјави денеска портпаролката на ЕК за климатска акција и енергија Ана-Кајза Итконен.  Нејзината изјава претставуваше одговор на новинарско прашање дали Европската комисија побрала од […]

Во моментов немаме ниту еден функционален ер-трактор: Ангелов почнува од нула


Стојанче Ангелов, новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување рече дека Дирекцијата се подготвува за престојните пожари, но во моментот нема ниту еден ер-трактор, сите авиони се на сервис. „Дозволете барем неколку недели, оваа влада има јасен став и курс дека треба да бидеме подготвени летово. Подготвуваме неколку изненадувања кои ќе ни помогнат полесно […]

Реконструирани дел од објектите на тетовскиот Регионален Центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“


Во Регионалниот Центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ денеска се изврши промоција на реконструкцијата на дел од објектите, реализирана со поддршка од Европската Унија во вредност од над 3.8 милиони евра. Досега завршен е објектот број 2 или познат како Стара зграда, додека во тек е обновата на објектот број 1, познато како […]

Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел


Иднината на земјава е во Европската Унија и сите напорно работиме со цел тоа да се постигне, порача евроамбасадорот Михалис Рокас денеска во Велес, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на пораките кои високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност ги упати за време на посетата на Скопје, во врска со механизмите […]

Данела „лови“ дивоградби низ Чаир и го нарече градоначалникот Ганиу „криминалец“


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска објави нова незаконски легализирана изградена зграда во Чаир. Таа нагласи дека во 10 скопски општини не се градат незаконски згради, а тоа единствено се случува во Чаир. Притоа Арсовска на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу му порача „Висар, дечко, те чекаме да дојдеш, имаш направено фалсификат при […]

Маж со тврд предмет ја тепал сопругата, малолетниот син и тештата


Zav;era, во 23 часот, во СВР Скопје 40-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом таа, нејзината 77-годишна мајка и нивниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.С.(45), кој употребил и тврд предмет. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Божиновска сака „Чебрен“ и „Галиште” да бидат наш проект, уште не се знае висината на браната


Би сакале тоа да биде наш проект. Ќе ги разгледаме сите опции, а ќе ја избереме таа што ќе биде најдобра за граѓаните, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изградбата на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“. Божиновска информира дека веќе е поставена рамка и дека се во тек […]