Инженери на РМ: И со новиот Закон за енергетика на удар е приватноста на граѓаните


  Инженери на Република Македонија (ИРМ) во соопштение до медиумите велат дека во предвидените одредби во новиот Закон за енергетика, се повторува можноста за прекршување на основните уставни права на граѓаните. „Имено, новиот закон пропишува дека овластени лица на операторите на системите за електрична енергија, гас и топлинска енергија ќе имаат право на пристап до […]

Шведски институт: Приемот на нови членки ќе го промени односот на силите во ЕУ


 „Заживувањето“ на политиката за проширување на ЕУ, поттикнато од руската агресија врз Украина, ги разгоре дебатите за институционалните прашања во блокот, особено поврзани со рамнотежата на моќта и процесите на донесување одлуки во европските институции, како и за тоа дали и какви институционални реформи се потребни за подготовка на Унијата за прием на нови членки.  […]

Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито


Денеска се навршуваат 45 години од смртта на Јосип Броз Тито (88), доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ), врховен командант на вооружените сили на Југословенската народна армија (ЈНА) и еден од основачите на Движењето на неврзаните. Тито е роден во Кумровец, место на словенечко-хрватската граница, […]

Зеленски: Украина е подготвена за прекин на огнот доколку Русија преземе слични чекори


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена што е можно поскоро да премине кон прекин на огнот доколку Русија преземе слични чекори кон воспоставување целосен прекин на конфликтот во траење од најмалку 30 дена.  Зеленски во синоќешното видео обраќање рече дека се подготвува за важни состаноци и разговори со странски партнери за […]

Силен пораст на светските берзи. СиП 500 немал ваков скок од 2004 година


На светските берзи цените на акциите силно пораснаа минатата недела, втор пат по ред, бидејќи преговорите меѓу САД и Кина за царините би можеле наскоро да започнат, а инвеститорите беа охрабрени од добрите деловни резултати на компаниите. На Волстрит, Dow Jones порасна за 3 проценти минатата недела, на 41.317 поени, додека S&P 500 скокна за […]

Романија ги повторува претседателските избори поништени по руското мешање


Романците денес почнаа да излегуваат на гласачките места за да гласаат на претседателските избори кои беа поништени минатата година поради сомневања за руско мешање во романскиот изборен процес. Анкетите го покажуваат Георге Симион од крајно десничарската партија Алијанса за унија на Романци (AUR) како фаворит, но не се очекува ниту еден од 11-те кандидати да […]

Доларот зајакна втора недела по ред


На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна минатата недела, втора недела по ред, бидејќи трговските тензии меѓу САД и Кина донекаде се намалија, а изгледите за намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД се намалија. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во […]

Нагетс ги елиминираа Клиперс во решавачкиот седми натпревар во плеј-офот на НБА (видео)


Денвер Нагетс се пласираа во втората рунда од плејофот на НБА откако ги победија Лос Анџелес Клиперс со 120:101 во решавачкиот седми натпревар од првата рунда. Нагетси ја остварија својата голема победа со одлична тимска игра. Дури шест играчи на домашниот тим постигнаа најмалку 16 поени, најмногу Арон Гордон 22 и Кристијан Браун 21, додека […]

Дали е можно Хитлер да не се самоубил, туку му наредил на аѓутантот да го убие?


  Смртта и посмртната одисеја на една од најомразените личности во историјата со децении беше обвиткана во мистерија, обвиткана во гласини и митови. Некои опстојуваат до ден-денес. Во средата, 30 април, се навршија 80 години од смртта на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер. Руската контраразузнавачка агенција, Федералната служба за безбедност, во средата објави декласифицирани досиеја што […]

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди Тексас


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди западната американска држава Тексас. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 1:47 часот по локално време, на 74 километри североисточно од тексашкиот град Ван Хорн и 189 километри источно од мексиканскиот град Сиудад Хуарез со епицентар на длабочина од 10 километри. Засега нема […]

Најавените врнежи добредојдени за земјоделството


Локалните поројни врнежи што ги најавува УХМР од вторник, ќе бидат добродојдени за земјоделството, велат агрометеоролозите. Сепак, предупредуваат дека поради повисока релативна влажност во зоната на растенијата може да се создадат поволни услови за појава на болести и штетници. Затоа, потенцираат, е неопходна редовна контрола и заштита на посевите. Според агрометеоролозите, временските услови во изминатиот […]

Денеска се навршуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев


Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието на Северна Македонија ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката. […]

Денеска летни температури, сончево и топло до 30 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде сончево […]

Трамп го отпушти Мајк Волц затоа што разговарал со Израел зад неговиот грб


  Не беше само „Сигналгејт“ причината за отпуштањето на Мајк Волц од функцијата советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп. Пред тој скандал, Волц веќе го налути Трамп со тоа што разговараше зад грб со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за водење војна против Иран, објави „Вашингтон пост“ во саботата. Пред состанокот во Овалната соба […]

Украина собори руски ловец „Су-30“ со поморски дрон


  Во петокот, 2 мај, за време на масовен напад со дронови врз руски региони, украинските вооружени сили соборија руски повеќенаменски ловец „Су-30“ над Црното Море во близина на Новоросијск. Ова го соопшти Главната дирекција за разузнавање (ГУР) на украинското Министерство за одбрана. Нападот бил извршен од поморски дрон „Магура“, кој испали ракета воздух-воздух „Р-73“ […]

Ќе одат ли Вучиќ и Роберт Фицо во Москва на 9 мај?


  Шест дена пред воената парада во Москва по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа, преку социјалните мрежи, а исто така и преку повеќе европски медиуми, почна да се шири информација дека српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо нема да патуваат во Русија на 9 мај. Српскиот претседател […]

Ворен Бафет ги шокираше акционерите – објави дека ќе се пензионира. Има 94 години


  Ворен Бафет во саботата ја шокираше арената полна со свои акционери објавувајќи дека сака да се пензионира на крајот од годината. Бафет рече дека ќе му препорача на одборот на „Беркшир Хатавеј“, Грег Абел, да стане извршен директор на крајот од годината. „Мислам дека дојде времето Грег да стане извршен директор на компанијата на […]

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата во Скопје


Во 17 часот е уапсено е лице на граничниот премин Табановце, поради основано сомнение дека си ја убил сопругата. „Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна […]

Тошковски тврди дека опозицијата ги организирала родителите од Кочани. Но не понуди докази


  Протестот на родителите на загинатите од Кочани бил организиран од опозицијата; таа манипулирала со нивната тага – тоа го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на гостувањето на емисија на Алфа во петокот вечерта. Без да понуди какви било аргументи, или пак докази, Тошковски ја нарече опозиџијата „лешинари“ и тврдеше дека […]

Вучиќ имал висок притисок, по прегледите ќе го пуштат од ВМА


  Кардиологот, бригадниот генерал Драган Динчиќ, кој, според него, со години учествувал во лекувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и неговиот претходник Борис Тадиќ, изјави дека Вучиќ одеднаш се вратил од САД бидејќи почувствувал силна болка во градите, која траела неколку секунди, како што рекол самиот Вучиќ. Сепак, како што рекоа другите присутни во […]