Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025


Државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година денеска им беше доделена на  група автори: проф. д-р Веселинка Лаброска, академик и проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Коста Пеев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Еленка Стоевска-Денчова, проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Ангелина Панчевска, м-р Соња Миленковска, д-р Давор Јанкуловски, д-р Македонска […]

Владината коалиција брои ситно? Мицкоски со услов до Таравари


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него е неприфатливо партијата на Арбен Таравари, која е дел од владината коалиција, да соработува со опозициската ДУИ на претстојните локални избори. За, ова, како што рече Мицкоски, тој ќе побара од Таравари јасен одговор на средбата која што треба да се одржи наредните […]

Пораките на Делчев се актуелни и денес: Одбележана 122 годишнината од неговата погибија


Со изјави дека пораките на македонскиот револуционер и великанот на македонското ослободително движење, Гоце Делчев, се актуелни и денеска и со заложби да се зачува вистината за него, денеска македонскиот државен врв и политичарите ја одбележаа 122 годишнината од неговата погибија. Со положување свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата Свети Спас во Скопје, почит […]

Англија може да стигне до седум екипи во Лигата на шампионите. Еве како


 Драматичната победа на Борнмут над Арсенал (2-1) во саботата попладне во натпреварот од 35-то коло од Премиер лигата ја остави отворена можноста за испишување нови страници во европската фудбалска историја. Арсенал би можел да се најде на чело на преседан во историјата на Премиер лигата. Борнмут направи пресврт против „топџиите“, оставајќи го Арсенал само 7 […]

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време


Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно и дека тоа е прашање на време.  „Ми се чини дека ова е неизбежно, и покрај сите трагедии кои сега ги доживуваме. Тоа е прашање на време“, рече Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“. Рускиот претседател призна дека не се […]

Царинска управа: Во април наплатени 190,4 милиони евра, за речиси 13 милиони евра повеќе од лани


 Царинската управа во текот на изминатиот месец наплати приходи во износ од 11,7 милијарди денари или 190,4 милиони евра, што е за 7,3 проценти односно 12,88 милиони евра повеќе од истиот месец минатата година. Притоа приходите од данок на моторни возила се зголемени за 20,5 проценти, од царина за 14,1 процент, а од акцизи за […]

Министерство за туризам на Грција: Посетителите со кампери и приколки можат да се паркираат во организираните кампови


Граѓаните/посетителите со кампери можат да се паркираат во организирани кампови, односно во бизнисите кои работат законски и ги исполнуваат сите хигиенски и безбедносни стандарди за посетителите и, генерално, законските урбанистички и еколошки стандарди, со што се става крај на злоупотребувачкото окупирање на шумите, плажите, археолошките локалитети и, генерално, на просторите за јавна употреба од кампери […]

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе присуствува на Денот на победата во Москва


 Кинескиот претседател Си Џинпинг од 7 до 10 мај ќе престојува во официјална посета на Русија и на 9 мај ќе присуствува на чествувањата по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници над нацистичка Германија во Втората светска војна, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Кремљ. Кремљ на Телеграм објави […]

Како дошло до страшната сообраќајка во Хрватска: Автомобилот удрил во срна. Возачот излегол, а потоа налетал автобусот


Командантот на противпожарната служба на округот Сисак-Мославина, Мирослав Голуб, за Индекс изјави дека причина за големата несреќа на патот А3 била срна која истрчала на автопатот. „Автомобилот удрил во срна која скокнала на патот. Не е познато дали ја пробила оградата или само скокнала преку неа. Возачот очигледно не можел да го помести автомобилот после […]

Американката Ледеки исплива нов светски рекорд на 800 метри


Американската пливачка Кејти Ледеки постави нов светски рекорд на 800 метри слободен стил на митингот во Форд Лодердејл, објавија денеска американските медиуми. Ледецки постигнала резултат од осум минути, четири секунди и 12 стотинки од секундата. Таа го подобрила сопствениот светски рекорд (8:04,79) за 67 стотинки од секундата, што го постигна во август 2016 година на […]

Аеродромот „Бен Гурион“ близу Тел Авив затворен за летови откако остатоци од ракета паднаа во негова близина


Остатоци од ракетата испукана од јеменска територија против Израел денеска се пронајдени во областа на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Израелските одбранбени сили.  „Откако беше издадена воздушна тревога во неколку области на Израел, беа направени неколку обиди за пресретнување на ракета испукана од Јемен. […]

Одбележан Денот на македонската дипломатија


Во рамките на традиционалното одбележување на 76-годишнина од Денот на македонската дипломатија 29 април, како и 15-годишнината од своето основање и 10-годишнината од излегувањето на своето специјализирано списание „Дипломатскиот летопис“, минатата недела членовите на Дипломатскиот клуб презедоа бројни активности. Покрај редовниот преглед на досегашните активности во афирмација на меѓународната позиција на нашата држава, во печатениот […]

Најмалку 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев


Најмалку 11 лица се повредени синоќа во руски напад со дронови врз Киев, при што неколку станбени згради беа запалени, сопштија воените служби и градската власт. Меѓу повредените се малолетници на возраст од 14 и 17 години. Остатоци од соборените дронови кои паѓаа предизвикаа пожари во станбените згради во областите Облонски и Свјатошински, објави началникот […]

Албанезе по изборната победа: Австралискиот народ гласаше за единство


По убедливата победа на Лабуристичката партија на вчерашните парламентарни избори, нејзиниот лидер и австралиски премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека Австралијците гласале за единство, пренесе ДПА. „Австралискиот народ гласаше за единство, а не за поделба. Ќе бидеме дисциплинирана влада во нашиот втор мандат, исто како што бевме и во првиот“, им рече Албанезе на поддржувачите […]

Страшна сообраќајка во Хрватска: Се судрија автобус и автомобил, двајца починати, 31 повреден


Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 3:10 часот по полноќ на автопатот А3 помеѓу раскрсниците Поповача и Криж во Хрватска, кога се судрија автобус со регистарски таблички од Босна и Херцеговина и автомобил, загинаа две лица, а 31 лице се повредени. Според првичните информации од Полициската управа Сисак-Мославина, две лица загинале, додека […]

Интервју со Лидија Трипуноска: „Марили бизнис форумот“ посветен на туризмот


На 17 мај во Скопје, маркетинг агенцијата „Марили“ организира два настана „Марили Бизнис Форум“ претладнето и свечената манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ вечерта, на која ќе бидат наградени 13 лауреатки од земјава и регионот. Тоа беше поводот да поразговараме со Лидија Трипуноска, генерален менаџер на маркетинг агенција „Марили“ од Скопје која вели дека немаме […]

Казни од 8.350 евра за 14 месарници, некои пуштале во промет небезбедна храна


Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на 14 месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли. Надзорите, како што информира АХВ, биле реализирани на 30 април годинава на целата територија на државата, а како небезбедни се […]

Реконструкција на загинувањето на Гоце Делчев: Последниот пат од Солун до Баница


 Како одела линијата на движење на Гоце од Солун кон селото Баница. Реконструкција на неговите последни денови, со кого се сретнал, што зборувал, каде отседнал во Баница, но и кој го предал, и зошто тој бил ликвидиран пред најавеното општо народно востание во Македонија? Како се одвивала битката во Баница од час во час, во […]

Oд утре „Книга во секој дом“ со „Матица македонска“


Утре ќе почне новото издание на традиционалната манифестација „Книга во секој дом“ на „Матица македонска“. До 15 мај, покрај тоа што триста наслови ќе бидат овозможени со попуст до 70 отсто, а меѓу нив и најбараните и најчитани македонски и странски книги и автори, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите ќе се […]