ЕК поднесе тужба против Бугарија поради неспроведување на Директивата за право на пристап до адвокат


Брисел – Европската комисија денеска одлучи да поднесе тужба против Бугарија пред Судот на правдата на Европската Унија поради несоодветно усогласување на националното законодавство со Директивата за право на пристап до адвокат и за комуникација по апсењето.  Во одлуката ЕК посочува дека во јануари 2017 година покренала прекршочна постапка против Бугарија поради нецелосно спроведување на […]

Љутков: Време е да изградиме стратегија што не се темели на страв, туку на самодоверба


Туризмот не треба да се третира само како извор на девизен прилив, туку како платформа за регионален развој, креативна економија и долгорочна меѓународна видливост. Како економска гранка, тој има силен потенцијал да се трансформира во инструмент за локален економски подем, особено ако се поврзе со руралниот развој, културните содржини и дигиталната експанзија. Сево ова бара […]

Со автобус по книги – од четврток возете се со „100“ и „200“ на Саемот на книгата


Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од четврток ќе бидат пуштени дополнителни линии поради Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“.  Со цел полесен пристап на посетителите во редовниот линиски превоз ќе бидат пуштени линиите „100“ и „200“ од кои едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од […]

Дедо од Македонија договорил состанок на слепо во Белград, наместо жена се појавила група мажи, го претепале и ограбиле


Македонец на возраст од 80 години е претепан и ограбен пред 3 дена во Белград пренесува Telegraf.rs. Како што е пријавено преку социјалните мрежи запознал женска особа од Белград и се договорил да се видат. Земал соба во хотел и според неговите зборови отишол во парк каде требал да се сретне со неа. Но доживеал […]

Викендов се отвара македонскиот павилјон на 61. Венециско биенале со проектот „STRADA BRUTALISSIMA”


На 9 мај 2025 година, во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми (Sale d’Armi) во Венеција, свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија во рамки на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia. Проектот “STRADA BRUTALISSIMA”, под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од […]

Истрага за две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете


Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители грабнале две лица, од кои едно дете. Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, на 5 мај утрото, двајцата осомничени со умисла извршиле грабнување на лице, на сила влечејќи го за рацете и рамењата, […]

Продаден „Скечерс“: Една од најголемите аквизиции во историјата


Откако постигна договор со инвестициската фирма 3G Capital, американскиот производител на обувки „Скечерс“ (Skechers) објави дека ќе се повлече од јавниот пазар и ќе стане приватна компанија. Компанијата објави дека инвестициската фирма 3G Capital ќе го купи „Скечерс“ за 9,4 милијарди долари, при што 3G ќе плати 63 долари по акција, што е премија од […]

Герасимовски: Воведуваме училишни униформи за сите основци од септември


Општина Центар за првпат воведува училишни униформи за сите основци. Градоначалникот Горан Герасимовски, информираше дека од септември, учениците во сите општински основни училишта ќе ја започнат учебната година во униформи. „Тоа што е новост, како општина обезбедивме за сите ученици од септември да имаат нови униформи. Ја подготвуваме јавната набавка за нови униформи за сите, […]

Во Ватикан свечена литургија како најава на конклавата на која ќе се избере новиот папа


Кардиналите од целиот свет се собраа изутрината на свечена миса во базиликата „Свети Петар“ во Рим, пред почнувањето на конклавата која ќе избере наследник на папата Франциск, пренесуваат агенциите. Литургијата, предводена од шефот на Колеџот на кардинали, Италијанецот Џовани Батиста Ре, почна во 10 часот по локално време. Таа му претходи на првото гласање на […]

Студентката Чарна Навзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот 2025 во Индија


Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20) ќе не претставува на најпрестижниот избор на убавина-  Мис  на светот во Телангана, Индија, што почнува денес и ќе трае до 31 мај, во организација на Џулија Морли. Финалето ќе се одржи во изложбениот центар Хитекс на 31 мај, каде што актуелната Мис на […]

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пристигна во официјална посета на земјава


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пристигна во земјава. На скопскиот аеродром беше пречекан од шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски. – Во официјална работна посета на нашата држава, денеска престојува претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Во рамки на посетата, предвидени се повеќе активности и средби на високо ниво. Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните […]

Шест вагони цистерни со фосфорна киселина излетаа од шини во Србија


На железничката пруга Неготин-Зајечар, помеѓу Брусник и Рготина, ноќеска излетале од шини шест вагони-цистерни натоварени со фосфорна киселина, но немало истекување, испарувања и нема опасност по човечки живот или животната средина. Сообраќајот во моментов е во прекин на тој дел од железничката пруга, се наведува во соопштението од „Србија карго“. Излетувањето од шините на вагоните-цистерни […]

Вештачката интелигенција под лупа: тинк – тенкот И-ХИ ја отвори дебатата за етичката иднина на технологијата


Во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа првата јавна презентација на новиот тинк-тенк И-ХИ, независен истражувачко-аналитички центар кој ја става етиката и човековите права во сржта на дебатата за вештачката интелигенција (ВИ). Настанот го одбележа објавувањето на нивниот прв позициски документ, симболично насловен „ВИ – Меч со две сечила“. Примената на ВИ веќе функционира […]

Уреди кои не треба да се исклучуваат од струја


Нивните црвени LED диоди јасно покажуваат дека струјата сè уште тече откако ќе се исклучат. Ова се нарекува „фантомско полнење“, пишува магазинот „Феникс“. Сепак, не сите електрични уреди можат да издржат целосно исклучување. Ова може да се должи на различни работи. Понекогаш тоа е поради начинот на кој работат, понекогаш поради начинот на кој се […]

Тошковски: Безбедноста е темел на секое здраво општество


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, упати честитки до сите полициски службеници ширум државата, истакнувајќи ја нивната клучна улога во обезбедувањето на јавната безбедност. Тој оддаде почит и на сите припадници на МВР кои го загубиле својот живот во рамките на службата. – Овој ден е […]

Шест каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Јереван


Главниот град на Ерменија, Јереван, од денес до 11 мај ќе биде домаќин на најдобрите континентални каратисти што ќе се натпреваруваат на Европскиот Шампионат. Дел од македонската репрезентација се и шест членови на скопскиот клуб „Макпетрол“. Во индивидуалните категории ќе учествуваат Симона Заборска (-55 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.) и Стефан […]

Азески на средба со косовскиот колега за надминување на проблемот со задржување на македонски камиони со прехранбени производи


Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот. Во соопштението од Стопанската комора се […]

Вучиќ на „удар“: Пицула со извештај за Србија пред Европскиот парламент, не штедеше критики


Падот на настрешницата во Нови Сад, во кој животот го загубија 16 граѓани, стана трагичен симбол на длабоко вкоренета корупција, непотизам и неефикасни контролни механизми кои треба да ги заштитат граѓаните, а не го прават тоа – оцени известувачот за Србија во Европскиот парламент, Тонино Пицула. Пицула истакна дека работел на својот извештај во атмосфера […]

Индија и Пакистан имаат по 180 нуклеарни проектили. Што доколку ги употребат?


Индија и Пакистан се нуклеарни сили во актуелен судир, а секоја поседува околу 180 нуклеарни боеви глави. Што би се случило доколку конфликтот ескалира до употреба на нуклеарно оружје? Научници од Универзитетот Рутгерс во САД пред неколку години спроведоа анализа на можните последици од нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан, предупредувајќи дека таков конфликт би […]

Аеродромот во Сана прекина со работа поради „значителна штета“ од израелски напади


Аеродромот на главниот град на Јемен, Сана, прекина со работа поради израелски напади. Управата на аеродромот соопшти дека летовите се прекинати поради „значителната штета“ нанесена од израелското гранатирање. – По ционистичката агресија врз меѓународниот аеродром во Сана, која нанесе значителна штета, беше одлучено да се откажат сите летови, од и до аеродромот, до следно известување, […]