Од локална акција до регионален ефект: Собирните центри сe клучни за ефикасен систем за управување со отпад


Денес, во Охрид се одржа работилница посветена на унапредување на регионалниот систем за управување со отпад со посебен фокус на воспоставувањето и функционирањето на собирните центри за селекција на отпад како важен дел од регионалниот систем. На работилницата земаа учество претставници од пилот општините и комуналните претпријатија од Југозападниот и Пелагонискиот регион во земјата (Битола, […]

Со стапки на раст како изминатите 5-6 години, европскиот просек ќе се стигне за 60-70 години


Планот на Владата за зголемување на приходите по глава на жител на 10.000 долари ќе зависи од стапката на раст, а за повисоки приходи треба да се работи на квалитетно образование, конкурентно опкружување и поголема енергетска ефиканост, оцени денеска Иваило Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија. – Зависи сепак од […]

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во својата завршна изјава по редовната мисија согласно член IV, оцени дека Народната банка ефективно се справи со серија економски шокови, обезбедувајќи намалување на инфлацијата, стабилен девизен курс и сигурен финансиски систем. Народната банка, според ММФ, соодветно пристапи и кон постепено и внимателно олабавување на монетарната политика, следејќи ги економските услови […]

УХМР: Април просечно топол и просечно влажен


 Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец април 2025 година, се карактеризира како просечно топол и просечен до влажен во однос на врнежите месец, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), соопшти УХМР. Средномесечната температура изнесуваше од 5,7°С во Лазарополе до 14,4°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, […]

Познат инфектолог од приватното здравство стана дел од тимот на Битолската болница


БИТОЛА – Познат лекар од приватната клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје стана дел од тимот на Битолската клиничка болница и веќе го води Инфективното одделение. Д-р Хараламбос Сидиропулос, специјалист по инфектологија е лекарот кој повторно ќе го врати во функција Инфективното одделение во Битолската болница, која остана без специјалист пред речиси две години. Директорката на […]

Јаневска: Ќе биде надминат во најбрз рок проблемот со прекинатото право на студентски оброк


Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека во најкраток рок ќе биде надминат проблемот на студентите на кои овој месец им било прекинато правото на субвенциониран студентски оброк зашто примаат семејна пензија поради починат родител. По реакции од студенти, Јаневска изјави дека ја добила информацијата и оти се работи за 181 студент кои […]

„Сајнолоџи“ ја претстави својата најнова технологија за чување податоци


Тајванската технолошка компанија „Сајнолоџи“ го претстави првиот модел од својата најнова технологија за чување податоци, наречена „Дискстејшн ДС925+“ (DiskStation DS925+). Оваа серија означува важна пресвртница во деловното мрежно складирање, насочувајќи се на помоќни перформанси, зачувување на екосистемот и доверливост. Дизајниран за професионалци и претпријатија кои работат на далечина, а во улови на сѐ понапредна технологија […]

Милановиќ: Македонија не треба да се третира како „земја со посебни потреби“


Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, порача денес од Скопје дека на Македонија треба да и се помага, но не треба да се третира „како земја посебен случај, земја со посебни потреби или земја со грешка“, туку како земја која има некои проблеми бидејќи некои не се согласуваат со некои работи зад кои стои таа. Сепак, […]

Машиновозач на 18 години: Тинејџери управуваат возови поради недостиг на работна сила


Владата на Велика Британија одлучи да ја намали минималната возраст за машиновозачите од 20 на 18 години поради недостаток на работна сила, објави Министерството за транспорт (DfT), објави Скај њуз. Одлуката е донесена поради податоците што покажуваат дека досега имало дури 87 проценти од откажувањата на возењата поради недостаток на возачи. Моменталната минимална возраст за […]

Инсталираната моќност на фотоволтаиците во државата ја надмина онаа на хидроцентралите


Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира за прв пат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со […]

„Инженерството ја гради иднината“: На 9 и 10 мај Петти меѓународен конгрес Science@FEIТ


На 9 и 10 мај во Скопје ќе се одржи петтото јубилејно издание на меѓународниот конгрес на техничките факултети Science@FEIT при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје. Организатор на овој престижен меѓународен конгрес е факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ). Свеченото отворање ќе се одржи на 9 мај […]

Во Охрид 500 луѓе трчаа на хуманитарна трка за Кочани


Околу петстотини ученици од охридските средношколски центри денеска трчаа за поддршка на семејствата на жртвите во несреќата во Кочани. Трката „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани” во должина од три километри долж Кејот на Охридското Езеро се одржа во организација на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, во соработка со општинското Јавно претпријатие „Билјанини извори”. […]

Трошоците на живот во април на годишно ниво зголемени за 2,6 %, а цените на мало за 2,7 %


 Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.1 %, Облека и обувки за 1.5 %, Рекреација […]

Трамп планира да објави дека САД ќе го нарекуваат Персискиот Залив – Арапски Залив


Американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на неговата посета на Саудиска Арабија следната недела да објави дека САД ќе го нарекуваат Персискиот Залив – Арапски Залив, соопштија американски официјални лица. Персискиот Залив е познат под тоа име уште од 16 век, но употребата на името „Арапски Залив“ е доминантна во многу земји на Блискиот […]

Истражување: На детето не му требаат полни соби со играчки


Родителите кои имаат мали деца, веројатно, имаат и полни соби со играчки – кадифени, пластични, полнети со памук, со магнетни плочки, кукли, автомобилчиња, блокови за цртање… Сепак, според стручњаците, на децата им требаат помалку играчки отколку што мислиме. Имено, ново истражување покажува дека на едно дете му требаат само четири забавни предмети. Терапевтката д-р Алексија […]

Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран


Дојран пладнево беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во моментов се движи нова нестабилна маса од Гевгелија кон Дојран, по што се очекува невреме со истите појави. – Пред 20-тина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено […]

Влези. Прочитај. процветај со „Три“ на Саемот на книгата: новитети, попусти, промоции


Овој Саем на книгата на штандот на ТРИ ќе ве пречекаат многу (новитети од) домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови. ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели, со кои читателите ќе имаат можност да се сретнат од 8 до 14 мај, во […]

ЈП за Државни патишта: Градежните работи на патот Прилеп-Крушево ќе завршат до 25 мај


Инвеститорот на градежните работи на регионалниот пат Прилеп-Крушево бара трпение од локалното население, зашто градежните работи на делницата на патот ќе завршат до 25 мај и тој повторно ќе биде ставен во функција. Ова по протестите на жителите и блокадата на натот кои бараат друго, прифатливо решение за да не се блокира, како што велат, […]

Вучиќ отпатува за Москва


Белград – Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатува за Москва, каде што ќе присуствува на Парадата на победата на Црвениот плоштад, јавија српски медиуми, но засега нема потврда од Кабинетот.  Кремљ вчера објави дека претседателот на Србија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин в петок. Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков вчера изјави за […]

Потпишување на договор за изградба на интерконекторот кон Грција (во живо)


Денес се потпишува договор за изградба на гасодовот за интерконекција со Грција.  Македонскиот дел од гасоводот треба да биде во должина од 67 километар и да се поврзе со грчката страна каде градежните активности ги работи компанијата „Терна“. Вкупната должина на целиот гасовод е 123 километри и тој треба да се протега од Неа Месимвриа […]