Привремена забрана за вршење на дејност за 28 објекти, работеле без лиценца или без потребните минимални услови


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по трагедијата со пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, од 17. минатиот месец до вчера извршил 297 надзори кај угостителски субјекти, диско-клубови, ресторани, кафе барови, кабареа, гостилници и издал 360 прекршочни платни налози, 28 решенија за привремена забрана на дејност, 12 за отстранување неправилности. Од вкупно 23 правни субјекти со активна […]

Јаневска: Со јакнење на образованието на девојчињата го отклучуваме потенцијалот на жените


Силно зајакнување на позицијата на жената во секој сегмент на општественото дејствување, како основа за просперитет и одржливост, е програмски фокус на оваа Влада. Во рамки на реформите на образованието, со цел да одговори на барањата на пазарот на труд, посебно внимание посветуваме на зголемување на пристапот на девојчињата кон стручните знаења и вештини, затоа […]

На Клиниката за онкологија отворал шкаф по шкаф – уапсен 17-годишник


На Клиниката за онкологија во Скопје,  за неколку дена биле обиени повеќе од 18 шкафови, кои ги користеле вработените, а од нив биле одземани пари и други вредни предмети. Инцидентот Клиниката го пријавила една недела подоцна Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во последните денови имале повеќе пријави од Клиниката за радиологија и онкологија […]

Таравари: Не сум информиран за недостиг на лекови на онкологија


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Гостивар изјави дека нема информација за недостиг на лекови во медицинските установи, ниту во оноколошката клиника. На утринскиот брифинг, како што потенцира, не бил пријавен проблем. – Јас моментално немам информација дека има недостаток на некаков лек на онкологија, генерално ги имаме сите лекови. Инсулин, два дена недостасуваше, меѓутоа […]

Петрески: Минималната плата се доближува до 60 отсто од просечната и мислам дека е соодветна


Минималната плата треба да расте, бидејќи нејзината примарна функција е да го зачува животниот стандард на најниските приматели на плата. Како процент од просечната плата веќе се доближува до 60 проценти и мислам дека е соодветна, оцени денеска Марјан Петрески од Фајнанс тинк.   -Кога зборуваме за минималната плата треба да внимаваме на два аспекта […]

Вработени во затворот во Штип ја нарекоа „цинична“ прес конференцијата на Пандов


Група вработени во Казнено-поправната установа Затвор – Штип испратија демант до редакцијата на М Нет-ТВ, реагирајќи на тврдењата и обвинувањата изнесени на заедничката прес-конференција на директорот на Дирекцијата за извршување санкции, Александар Пандов, и директорот на установата, Дејанчо Здравков, одржана на 9 април 2025 година. Во демантот, вработените остро ја отфрлаат верзијата на настаните што […]

Од Европската комисија се интересирале за нашите приоритети во енергетиката


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила работна средба со Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан (ENEST.B) од  Генералниот директорат за соседство и проширување (DG NEAR) при Европската комисија. Како што соопштија од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, средбата била иницирана од страна на директорката Суперти, со цел запознавање […]

Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, вчера по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршиле претрес и вонредна контрола […]

Таравари за Касами: Устата му зборува побрзо од мозокот!


Претседателите на четирите партии, кои се во состав на коалицијата Вреди вечерва ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за натамошното дејствување на коалицијата. Лидерот на дел од Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари денес од Гостивар порача дека е во постојана комуникација со претседателите на Беса, Биљал Касами, на Алтернатива, Зеќирија […]

МНТ со „Народен пратеник“ и „12“ во Сараево


  По големиот успех на МНТ во Р Црна Гора, сараевската публика е во исчекување вечерва на 11 април на сцената на Народно позориште, Сараево, со почеток во 19:30 часот, да ја погледне урнебесната комедија која одлично ги прикажува политичките амбиции и ситните страсти во драмата „Народен пратеник“, едно од најважните дела на Нушиќ, а […]

Јаневска за проблемот во ОУ „Панајот Гиновски“: Мерката е многу едноставна и се вика дератизација


Мерката е многу едноставна и се вика дератизација, рече министерката Весна Јаневска во врска со појавата на глувци во Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел и вознемирените родители кои поради проблемот не ги пуштаат децата на настава. Одговарајќи на новинарски прашања денеска Јаневска рече дека ќе биде контактирана директорката на училиштето во врска со […]

Утре посебен режим на сообраќај на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница


 На граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ утре во 11.00 часот ќе се одржи свечена церемонија за пуштање во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“. На настанот ќе присуствуваат високи македонски и косовски владини делегации, министри, вицепремиери, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Албин Курти, директори на државни […]

Велес доби пари од унгарскиот кредит за еден проект, сега аплицира за 16


Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Велес, каде што се сретна со градоначалникот Марко Колев и членовите на општинскиот Совет. На средбата разговараа за тековните и идните проекти во општината, со акцент на инфраструктурниот развој, за текот на проектот од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти, […]

Германија ќе обезбеди 11 милијарди евра помош за Украина до 2029 година


Киев – Германија ќе обезбеди 11 милијарди евра воена поддршка за Украина до 2029 година, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Рустам Умеров. Тој рече дека испораките планирани за оваа година ќе помогнат да се зајакне воздушната одбрана на Украина и да се поддржат трупите на Киев на бојното поле. Високата претставничка на ЕУ за надворешна […]

Украина од Холандија ќе добие ракетен систем „Хоук“ во вредност од 150 милиони евра


Хаг – Украина ќе добие систем за противвоздушна одбрана за пресретнување на дронови и крстосувачки ракети од Холандија. Ракетниот систем „Хоук“, кој чини 150 милиони евра, би можел да ги надополни понапредните системи „Патриот“. На Украина итно и требаат ракети земја-воздух и го побара системот „Хоук“, изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.  „Она што […]

Поевтинуваат горивата


За 2,5 денари поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а за два денара бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Не се менува цената на Мазутот М-1 НС. Максималните цени […]

Само седум жени во светот имаат право да носат бело при посета на папата – кралицата Камила не е една од нив


Камила и кралот Чарлс не требаше да се сретнат со папата Франциск за време на нивната посета на Италија поради неговото здравје, но врховниот поглавар на Католичката црква сепак најде време – и сила – за кралската двојка. На фотографијата на која е снимена средбата со 88-годишниот папа, кралицата Камила (77) носи црн фустан на […]

Кисела Вода доби паметна и еколошка платформа – ќе функционира ли долго?


За првпат во Македонија, ,,City and me” – паметна, еколошка и граѓански ориентирана платформа, најавува Општината Кисела Вода од денеска, а преку неа граѓаните на оваа општина што ќе ја косритат добиваат ваучери за билети за кино, попусти на кафе во одредени кафулиња и друго.  – Денес го одбележавме почетокот на еден навистина иновативен и […]

Вишиот суд во Нови Сад го враќа обвинението за падот на бетонската настрешница на дополнување на истрагата


Вишиот суд во Нови Сад денеска го врати обвинението што беше покренато против 13 лица за падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани, јави допсиникот на МИА од Белград. Такво решение е донесено , според тој суд , поради потребно подобро расчистување на работата за да се испита […]

МФ: Исплатена втората транша од 74 милиони евра за поддршка на домашните компании


Министерството за финансии денеска од централниот Буџет ја исплати кон Развојната банка втората транша од средствата од унгарскиот заем наменети за поддршка на домашните компании. Втората транша е во износ од 4,557 милијарди денари или 74 милиони евра, која се реализира врз основа на доставеното барање од страна на Развојната банка за повелкување средства за […]