Лагард: ЕЦБ е подготвена да ги употреби своите инструменти за одржување на финансиската стабилност во еврозоната


 Европската централна банка (ЕЦБ) е подготвена да ги употреби своите инструменти за одржување на финансиската стабилност во еврозоната и има долгогодишно искуство во развивање нови алатки кога е неопходно за справување со шоковите што се појавуваат, изјави денеска претседателката на финансиската институција Кристин Лагард. „Европската централна банка ја набљудува (ситуацијата) и секогаш е подготвена да […]

Шекеринска: Сојузниците во НАТО со 20 милијарди евра ќе ја поддржат за Украина


Заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во видео обраќање на социјалните мрежи информираше за одлуките од состаноците на министрите за одбрана на сојузничките земји на НАТО и земјите партнери се сретнаа во шатбот на НАТО оваа недела на два важни состанока. Станува збор за состаноците на „Коалицијата на подготвените“, чии домаќини беа Франција и […]

Имамоглу: На суд сум затоа што победив на изборите


Поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу денеска има два судски процеси против него, а ќе се појави пред суд и во својство на сведок во процесот против неговата Републиканска народна партија (ЦХП). Против 53-годишниот Имамоглу се водат пет одделни судски процеси и уште три истраги. Имамоглу на почетокот од судењето за наводните закани кон јавниот […]

Појаснување за хакираната страница на „Независен“ на Фејсбук


Пред околу една година нашата Фејсбук страница „Независен весник/Nezavisen vesnik“ беше хакирана некаде од Југоисточна Азија. Последниве денови забележавме дека таа хакирана страница сега е во оптек и на неа се објавуваат видеа коишто не се наши. Тоа создаде недоумици кај повеќе наши следбеници, читатели и коминтенти. Сакаме да ве известиме дека „Независен“ нема ништо со […]

Касами убеден дека „Вреди“ ќе настапи заеднички на изборите


  Лидерот на Беса, Биљал Касами, очекува дека на изборите „Вреди“ ќе настапи заеднички, а тоа треба да се реши вечерва на закажаниот состанок на партиите од коалицијата. „Јавноста веќе е запознаена дека има неколку опции, но како и да е се надевам дека денеска ќе биде последниот ден, односно последен состанок, каде ќе се […]

Трудова инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“ во Струга поради небезбедност за користење


Трудовата инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“, која ја користат дел од учениците на истоименото училиште, но и спортски клубови од Струга, поради опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените, соопшти за МИА Државниот инспекторат за труд. Според информацијата, по допрен глас, државен инспектор за труд од Одделение за безбедност и здравје […]

Ѓорчевски одби да одговара на прашањата на Палевски, кажа само дека не го познава


„Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски кон таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој денеска сведочеше во Основен кривичен суд Скопје. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не […]

Пренџов бара да се испита улогата на вишата јавна обвинителка Вјолца Елмази


Пратеникот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Љупчо Пренџов, на денешната прес-конференција во Собранието истакна дека треба да се испита улогата на вишата јавна обвинителка од Гостива, Вјолца Елмази како предложила делумно уважување на жалбата на осудениот Менсур Пајазити, кој доби казна затвор од две години откако во 2022 година ја прегази […]

Христов: Притисоци од политичари, доктори и бизнисмени за чие дете да игра фудбал


Новиот прв човек на фудбалските младински селекции, Ѓорѓи Христов, отворено зборуваше за предизвиците што ги наследува и ја најави решителната заложба да се стави крај на корупцијата и притисоците кои со години го разјадувале системот, јавува Спорт1. Тој ги откри работите кои се правеле за време на претходното раководство на ФФМ, а за Академијата за […]

Со изложба и концерт во Белград се отвора македонскиот КИЦ


Со изложба и концерт вечерва во Белград ќе биде отворен за посетители Македонски културно-информативен центар, јави дописникот на МИА од Белград. На изложбата ќе бидат претставени дела на 24 уметници. „Овие автори одамна им се познати на љубителите на ликовната уметност. Тие се директна нишка или еден вид мост што ги поврзува српската и македонската […]

Командантот на американската база на Гренланд отпуштен по посетата на Џеј Ди Венс


  Шефот на американската воена база во Гренланд, данска територија посакувана од Доналд Трамп, е отпуштен поради критикување на агендата на Вашингтон за островот. Полковник Сузана Мејерс, која служеше како командант на вселенската база Питуфик од јули, беше сменета поради извештаите дека се дистанцирала себеси и базата од критиките на Џеј Ди Венс за Данска […]

Сведочење на американски командант: Победата на Русија не е неизбежна, Украина е сѐ посилна


  Американскиот врховен командант на сојузничките сили и командант на американските трупи во Европа, генерал Кристофер Каволи, сведочеше во Комитетот за вооружени сили на Преставничкиот дом на Конгресот за војната на Русија воУкраина. Каволи служи веќе 38 години во американската армија и меѓудругото бил во Ирак и во Авганистан. Според него, руската војна во Украина, […]

Едносменска настава има во 150 училишта, за да се опфатат сите во државава треба да се доградат 300 училници


 Сто и педесет училишта во државава во моментов имаат едносменска настава, информираше денеска ресорната министерка Весна Јаневска. Едносменската настава и продолжен престој на ученици и на наставници во училиштата е мерка на МОН што се спроведува како суштински предуслов за поквалитетно образование. Воведувањето едносменска настава е поврзана со процесот за оптимизација на училишната мрежа односно […]

Седум пациенти од Кочани денеска се враќаат од странство


Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.   Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.   Во болниците во земјава […]

МАНУ ги заштити Целокупните дела на Блаже Конески кои постојано се мета на хакерски напади


Македонската академија на науките и уметностите го обнови веб-порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик. На веб-порталот има дигитални речници на македонскиот јазик, двата зборника за македонскиот јазик од 2020 година (Континуитет на МЈ и Погледи за МЈ), а успешно се поставени и сите стари книги и речници, како и монографии за македонските дијалекти. Исто така, […]

„Македонскиот пријател“ Лутник го губи влијанието околу Трамп. Барајте го телефонот на министерот Скот Бесент


  Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека во средата имал телефонски разговор со американскиот секретар за трговија, Хауард Лутник, во кој се зборувало за македонско-американското стратешко и економско партнерство. И го уверувал Лутник дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за македонската влада.  Мицкоски неколку пати во изминативе денови, а и во објавата […]

Учеството на жените во економијата е клучно за развој на општеството


Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ (Finance think) со поддршка на Амбасадата на Велика Британија во земјава денеска организираше економски форум „Зајакнување на работоспособните жени: Стратегии за отклучување на потенцијалот и зголемување на продуктивноста“. Даниел Филер, заменик-амбасадор на Велика Британија, во воведното обраќање за вклученоста на жените во економијата, истакна дека општествата се […]

СДСМ ќе ја извести ЕУ за контроверзното именување на Богојески


Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на одлуката за именување на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Костова ја оцени одлуката како „скандалозна и неприфатлива“, посочувајќи дека Богојески има, како што вели, „документирана историја на навредливо и дискриминаторско однесување и говор на […]

Изложбата на Aна Митевска ја отвара манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“


Вечерва,  со концерт на Наџионалниот џез оркестар, свечено ќе биде отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. На стариот градски пазар во Гевгелија, од 19:30 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи со репертоар на незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена. Овие безвременски мелодии ќе добијат нов, уникатен звук преку […]

Цената на златото на нов рекорд, 3.200 долари за унца


Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега вреди повеќе од 3.200 долари (2.454 фунти), што е првпат да ја надмине таа граница, бидејќи инвеститорите се свртуваат кон таканаречените безбедни засолништа. Швајцарскиот франк, уште едно безбедно засолниште, достигна највисоко ниво во последните десет […]