Трамп е здрав, само има 102 килограми


Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп, е „целосно способен“ да ги извршува должностите на претседател, се наведува во меморандумот што Белата куќа го објави денеска по редовниот годишен лекарски преглед на Трамп.  Во белешката се наведени резултатите од лабораториските тестови, физичките прегледи и когнитивниот тест и се заклучува дека Трамп се уште е во „одлично здравје“.  […]

Јон Вардар слета во Буенос Аирес


Првиот македонски долгометражен анимиран филм деновиве беше прикажан на 26. издание на престижниот филмски фестивал во Буенос Аирес, Аргентина, БАФИЦИ (Buenos Aires International Festival of Independent Cinema). На трите проекции, на кои се бараше карта повеќе, присуствуваше и режисерот Гоце Цветановски, кој пред присутните зборуваше за долгогодишното креирање на филмот, предизвиците, и честа да се […]

Општина Карпош ги заостри правилата за градба – нема да сметаат на соседите


Поттикнати од неверојатниот глад за остварување што е можно поголем профит на инвеститорите и добивање на што е можна поголема квадратура и непредвидено богатство за сопствениците на земјиштето општина Карпош носи трет сет на мерки за вразумување на сопствениците и изведувачите, објави денеска градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски.  Овие мерки се во насока на подобрување […]

Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници


Рим – Папата Франциск, кој закрепнува од тешко воспаление на белите дробови, денеска неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар на десетеина минути, поздравувајќи ги верниците кои дојдоа на празникот Цветници.  Папата (88) седеше во својата инвалидска количка и изгледаше дека е во релативно добра форма. Немаше назална канила за кислород, се движеше низ плоштадот […]

Алкараз го освои Мастерсот во Монте Карло


Монте Карло – Карлос Алкараз го освои Мастерсот во Монте Карло, откако денеска во финалето на натпреварувањето во Кнежевството го совлада Италијанецот Лоренцо Музети во три сета – 6:3, 1:6, 0:6. Ова е шести Мастерс во кариерата на шпанскиот тенисер или прв освоен по повеќе од една година и Индијан Велс, а со оваа победа […]

Од 19 новоосомничени за пожарот во Кочани, за 10 се бара ефективен и домашен притвор, за осум мерки на претпазливост


Основното јавно обвинителство Кочани ја прошири истрагата за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ за нови 19 лица. Сите, како и претходните за кои беше поведена истрага, се осомничени за „Тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Од нив, за четири осомничени е предложена мерка притвор, за […]

Мик Џегер, 81, тајно се свршил со Мелани Хемрик, 37


Мик Џегер се превртува над нов камен за врска. Фронтменот на Ролингстоунс се сврши со својата долгогодишна партнерка Мелани Хемрик, потврди пензионираната балерина за „Пари мач“. Всушност, Мелани изјави за весникот дека Мик – со кого првпат се запознала на почетокот на 2014 година и почнала да се забавува подоцна истата година – и бил […]

Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ, реагира СДСМ


Проширувањето на истрагата за страшната трагедија во Кочани се уште е фокусирана само на минатото а никако на моментите кога се случил кривично-правниот настан ниту на актуелни полициски функционери, реагираат од СДСМ. „Истрагата се уште нема одговор на клучните прашања: -Кој е одговорен за пожарот поради кој згасна 61 живот а околу 200 млади луѓе […]

Времето кога беа криви пајакот и кабелот заврши, вели Тошковски


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (13.04.2025) на заедничка прес конференција со Јавниот обвинител Љупчо Коцевски потврди дека текот на вчерашниот ден Основното јавно обвинителство Кочани во соработка со МВР ја прошири истрагата за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ за нови 19 лица. Тој нагласи дека сите, како и претходните за кои беше поведена […]

Желјазков: Борбениот авион е симбол на стратешкото партнерство што го имаме со САД


Овој прекрасен борбен авион е симбол на стратешкото партнерство што го имаме со САД – стратешко партнерство кое не е само во областа на одбраната, туку и во областа на енергетиката, што создава структурни гаранции за нашата национална безбедност, создава гаранции за зголемување на капацитетот на нашите вооружени сили, создава гаранции за безбедноста во овој […]

Околу 3000 учеснички на 13. „Авицена женска трка“, најбрза Теа Божиновска


Приближно 3000 учеснички беа дел од 13. „Авицена женска трка“ што претпладнево се одржа по булеварот „Илинден“ во Скопје, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје. Најбрза на трката беше Теа Божиновска од Атлетскиот клуб „Скопски маратон“, која прва ја помина целта со време од 10 минути и 29 […]

Авион со шест лица се урна во државата Њујорк


Олбани – Двомоторен авион со шест патници се урна во калливо поле на северот од американската држава Њујорк, соопштија локалните власти. Заменик-шефот на полицијата во округот Колумбија, Жаклин Салваторе, информираше дека службите реагирале по добиен повик на бројот за итни случаи 911. Таа изјави дека несреќата завршила со фатални последици, но одби да прецизира колку лица […]

Зголемен е интересот за тутунопроизводство, на пазарот се бара македонскиот ароматичен тутун


Незначителни и мали се штетите на леите со тутунов расад. Тутунарите кои со расадопроизводството ја почнаа новата производствена година,  навреме ги заштитија од ниските температури леите со посеаниот тутунов расад, велат од Сојузот на земјоделските здруженија кои ја следат ситуацијата на теренот. -Мали се оштетувањата на тутуновиот расад поради ниските температури. Тоа е поради фактот […]

Немири во Атина: Нападната полициска станица, над 70 уапсени


Атина – Во текот на ноќта избувнаа немири во атинската населба Ексархија, откако непознати лица фрлаа молотови коктели, пиротехнички средства и камења кон полициска станица во квартот. Запалени се неколку паркирани автомобили и мотоцикли. Интервентната полиција која пристигна на местото на инцидентот употреби солзавец за да ги растера учесниците во нападот. Според грчката телевизија EPTNews, […]

Монументалниот иконостас во Прилеп доби два милиони денари за реконструкција и конзервација


Конечно ќе се зацврсти носечката конструкција на монументалниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“. Стручњаците на Завод и музеј Прилеп ја прават неопходната стабилизација, а резбата ќе добие реконструкција и конзервација за да се зачува овој сакрален споменик на културата. Се смета за капитален проект кој годинава доби над 2 милиона денари. Директорка на Завод […]

Коцевски откри зошто актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата за Кочани


Актуелниот министер за економија Бесар Дурмииши не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани, информира државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој прецизира дека досега е поведена […]

Левица: За Тошковски засилените контроли беа само пи-ар


Министерството за внатрешни работи, под водство на Панче Тошковски, постапува само неколку дена по трагедија – доволно за да се покријат вестите, да се закажат прес-конференции и да се сервираат бројки за јавноста. Но веднаш штом вниманието спласне, контролите исчезнуваат, а со нив и „одлучноста“ што се најавувала. Наместо континуирана грижа и системска работа, гледаме […]

„Мерцедес“ ги сели работните места во Унгарија


Мерцедес сака да ги пресели работните места надвор од Германија, а фокусот на компанијата е на Унгарија, особено на локацијата Кечкемет, град со околу 100.000 жители, пишува Дојче веле. Планот е производството од околу 100.000 автомобили годишно, кои досега се произведуваа во Германија, да се пресели таму. Ова исто така значи дека работните места во […]

Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“


Лондон – Велика Британија ја презеде контролата врз челичарницата Бритиш Стил (British Steel) и ги задржа во функција високите печки, а министерот за економија изјави на вонредна седница на парламентот дека целосна национализација на производителот на челик е многу веројатна. Компанијата British Steel, која од 2020 година е во сопственост на кинеската групација Jingye Group, […]