Блокади во Софија поради протест на транспортните работници


Возачите од градскиот превоз во Софија денеска излегуваат на протест, што може да предизвика блокади и отежнато движење во градот. Националниот протест, под мотото „Достоинствен труд – достоинствена плата! Без превоз, нема економија!“, е организиран од синдикатите на транспортните работници. Од 8:00 часот се очекува демонстрантите да ги блокираат сообраќајните раскрсници во центарот на Софија, […]

Претстави на театарот „Златен Елец“ во МКЦ-Скопје и во Битеф-Белград


 Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе ја изведе претставата „Хинкеман“ од Ернст Толер во режија и адаптација на Тамара Стојаноска.  Како што наведува театарот за претставата, Јуџин Хинкеман, воен ветеран кој се враќа дома физички и психички ранет, „ги симболизира многуте оние кои се напуштени од […]

Трамп најави дека ќе започне истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД


 Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе започне трговска истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД. Трамп, исто така, го повтори својот став дека исклучувањето на паметните телефони и компјутерите од реципрочните царини против Кина ќе биде краткотрајно. Американската Агенција за царина и гранична заштита во петокот објави ново […]

Си: Кина и Виетнам треба да ги зголемат напорите за изградба на заедница со заедничка иднина


Кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека Кина и Виетнам треба да ги зголемат своите напори на сите фронтови за да изградат заедница со заедничка иднина и да придонесат повеќе за мирот, стабилноста, развојот и просперитетот во Азија и во светот воопшто, објавија кинеските медиуми. Кинескиот лидер, кој денеска пристигнува во дводневна посета во Виетнам, го […]

Полицијата го пронајде девојчето кое вчера се оддалечило од дома


Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа малолетното девојче од с. Кадино, скопско за кое вчера едниот родител во Полициска станица Петровец кажал дека се оддалечило од својот дом, соопшти МВР. Полициски службеници го пронашле девојчето заедно со родителот во с. Илинден каде доброволно отишла кај нејзин познаник.

Продолжува судскиот процес за случајот со родилката од Дебар


Во Основниот суд во Струга за денеска е закажано ново рочиште за случајот со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породување со царски рез во Струшката општа болница и беа отстранети матка, јајник и бубрег. На барање на одбраната судечкиот судија Јордан Јованов, на последното рошиште пред два месеци, донесе решение Медицинскиот факултет […]

Одбележување на Денот на Царинската управа


Царинската управа денеска ќе одржи настан по повод одбележување на 14 Април – Ден на Царинската управа.  Годинава се одбележуваат 33 години од основањето на Царинската управа и по тој повод на настанот ќе се обратат директорот Бобан Николовски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. 

Мерц: Ќе го ограничиме бројот на баратели на азил на 100.000 годишно


Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека новата федерална влада ќе се стреми бројот на баратели на азил да не надмине 100.000 годишно, јави ДПА. – Нашите градови, училишта, болници и инфраструктура се веќе на работ на издржливост, изјави Мерц за германската телевизија АРД. Тој го потврди планот за запирање на спојувањето на семејства и […]

Со истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица, Обвинителството негира селективност


Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица. Од новоосомничените, тројца се министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, […]

Со сведочење на Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Во Основниот Кривичен суд Скопје со почеток во 10 часот Палевски прво треба да биде сослушан од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, а потоа да одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. На изминатото рочиште, […]

Без струја делови од четири скопски општини


Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, корисниците од дел од село Кучково во Општина Ѓорче Петров денеска од 9 до 10.30 часот ќе немаат електрична енергија.  Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, од 9 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од улиците „Ѓорѓи […]

Трамп не сака челичарницата „Ју-Ес стил“ да оди во странски раце


 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно изјави дека американската челичарница U.S. Steel („Ју-Ес стил“) не треба да премине под контрола на странски сопственик. Со тоа, Трамп дополнително ги намали надежите на јапонската компанија Nippon Steel („Нипон стил“) дека американските власти ќе ја одобрат нејзината понуда од 14,9 милијарди долари за преземање на U.S. Steel. – […]

Најмалку четворица повредени по напад со дронови врз Одеса


Одеса и регионот беа нападнати од над 10 дронови од Црното Море, објави градоначалникот на градот Генадиј Труханов на апликацијата Телеграм. Во градот одекнаа силни експлозии, додаде тој. Според прелиминарните информации, најмалку четири лица се повредени во нападот, изјави претседателот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер. -Непријателот ја нападна Одеса и регионот со […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови од државава со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви […]

Кошаркарската федерација им должи 1.7 милиони денари на судиите


Откако стана јасно дека кошаркарските судии го активираа штрајкот и викендов не се играа кошаркарските првенства, следуваше соопштение од Кошаркарската федерација на Македонија во кое рекоа дека судиите прво го прифатиле предлогот да им биде исплатен половина од долгот, а потоа се предомислиле. Сега следуваше и соопштение на здружението на кошаркарски судии, во кое велат […]

Европјаните масовно ги откажуваат патувањата во САД, еве зошто


Бројот на европски туристи кои ги посетуваат Соединетите Американски Држави бележи пад по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.   Според податоците на Меѓународната трговска администрација (ИТА), бројот на патници од Западна Европа кои останале барем една ноќ во САД се намалил за 17 отсто во март оваа година во споредба со истиот период […]

Од Микиќ до Ристановски: „Бунтовната принцеза“ синхронизирана на македонски јазик


Новиот анимиран филм „Бунтовната принцеза“  (Rebelious), од 17 април е на репертоарот во киното Cineplexx во Скопје . Филмот претставува ретка можност домашната публика да го доживее светот на анимацијата на македонски јазик, со синхронизација направена од исклучителна актерска екипа и во врвен 5.1 звучен формат. Синхронизацијата е реализирана во студијата Тик Так Аудио и […]

Угина јагуарката Инес во скопската Зоолошка градина


Угина единствениот јагуар кој го имаше скопската Зоолошка градина. Станува збор за Инес, која според менаџерите имала канцер и тумори на повеќе органи. „Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме се што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување […]

Уште четворица во притвор, меѓу нив и министерот Салиу, куќен за Сарачини и Незири


Основниот суд Кочани денеска ги прифати предложените мерки за новосомничените лица во проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ што ги побара Обвинителството. Четворица одат зад решетки, шест во куќен притвор а за 8 мерки на претпазливост од 19-те ново осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Актуелниот министер без ресор осомничен како […]

Болсонаро повторно опериран


Бразилија – Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денеска е подложен на дополнителна операција на абдоменот поради силни болки, објави болницата во главниот град Бразилија, јави ДПА.  Болницата DF Star соопшти дека адхезиите во неговото тенко црево биле отстранети за време на операцијата.  На поранешниот шеф на државата лекарите претходно му дијагностицираа опструкција на дебелото црево, потестува […]