Полицијата го пронајде шестгодишното девојче од Куманово


Полицијата го пронајде шестгодишното девојче од Куманово откако нејзината мајка попладнево пријавила дека се оддалечила од домот, информираше СВР Куманово. Детето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба. – Денеска во 15: 00 часот во СВР Куманово С.Т. (28) од Куманово пријавила дека нејзината 6 годишна ќерка се оддалечила од домот. Девојчето било пронајдено на […]

Пет причини зошто семејствата со деца треба да имаат домашно милениче


Доколку имате дете и размислувате да набавите домашно милениче, ветеринарите советуваат дека тоа е всушност добра идеја. Имено, ветеринарката Кортни Кембел објаснила дека сите деца треба да имаат домашно милениче бидејќи тоа ќе им помогне да бидат подобри во животот. „Речиси секој ден луѓето ме прашуваат: „Кое е најдоброто милениче за моето дете? Па, тоа […]

Лидерот на Емиратите ја прими македонската делегација на чело со Мицкоски


  Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој од денеска до четврток, заедно со владината делегација се наоѓа во посета во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). „Денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска средба со претседателот на ОАЕ и владетел на Абу […]

Фајзер прекина развој на лек против обезност поради можно оштетување на црниот дроб


Фармацевтската компанија Фајзер денеска го запре развојот на лек против обезност, откако беше откриено дека учесник во тестирањето на лекот претрпел оштетување на црниот дроб, што е потенцијално поврзано со лекот. Компанијата соопшти дека ќе престане да го проучува „дануглипрон“ откако еден учесник во едно од испитувањата доживеал оштетување на црниот дроб предизвикано од лекови. […]

Некои работи можеш сам да ги испланираш, а некои работи мораат тебе да те испланираат: Влатко Стефановски за двата јубилејни концерти во Скопје


После распродадени концертни сали во Лондон, Виена, Осијек, Загреб и Белград, гитарската легенда Влатко Стефановски, ќе го заокружи и одбележи 50-годишниот јубилеј и во Скопје. Концертите ќе бидат пресек на неговата долга и успешна музичка кариера, почнувајќи од „Леб и сол“ до неговата соло кариера. Публиката ќе ужива во спој на инструментален рок, етно-џез, блуз […]

Оглас за избор на кандидати за судија на Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права


Во Службен весник денеска е објавен оглас за избор на кандидати од Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур.  Постапката за избор ќе ја врши Комисија за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права.  Надлежностите на оваа Комисија се да […]

„Јалови владини политики“: Марјан Николов за просечната кошница за тричлено семејство


  Просечната кошница што ја најави владата, како одговор на синдикалната потрошувачка кошница, уште пред официјалното претставување предизвика бројни контроверзи. Меѓу другото, во владиниот предлог, наместо четиричлено, се предвидува пресметките да се однесуваат на тричлчено семејство, потоа ќе се земаат во предвид само сезонски земјоделски производи, летувањето во странство е прогласено за луксуз, исто така […]

Клаузулата за продолжување на договорот на Илкај Гудноган со Манчестер Сити е активирана


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека Илкај Гундоган го активирал продолжувањето на договорот, иако остануваат сомнежите за иднината на играчот од средниот ред во клубот. Гундоган го напушти Сити во 2023 година кога замина во Барселона, но се врати само една година подоцна поради финансиски проблеми во каталонскиот гигант. По враќањето, поранешниот германски […]

Цената на златото паѓа од рекордно високото ниво, но останува над 3.200 долари за унца


 Цените на златото паднаа за 0,4 отсто од рекордно високо ниво од 3.245,42 долари за унца, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги ослободи паметните телефони и компјутерите од реципрочни царини. Цената на златото денеска изнесува 3.223,12 долари за унца, а Голдман Сакс останува меѓу најоптимистичките големи банки кога станува збор за цената на […]

Британската влада ја презеде контролата врз Бритиш стил, следниот чекор е национализација


Владата на Обединетото Кралство ја презема контролата врз кинеската компанија Бритиш стил откако правната основа за тоа беше усвоена од Парламентот за само еден ден. Министерот за економија Џонатан Рејнолдс, јавува Би-Би-Си, им рекол на пратениците дека следниот чекор на владата најверојатно ќе биде национализирање на фабриката во Сканторп, која вработува 2.700 работници. Сепак, тој […]

Амандман на Законот за медиуми: двајца вработени во големите портали, еден вработен и еден хонорарец во малите


  Минимум двајца вработени во „големите“ интернет портали, а еден вработен и едeн хонорарец во малите, предвидува амандманот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, што беше усвоен денеска на седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање во Собранието. Според амандманот поднесен од повеќе пратеници, а кој […]

Google Street View повторно на улиците низ земјава


Автомобилите на Google Street View во наредните недели ќе се движат по јавните патишта низ државата, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Охрид и Струмица. Целта на ова возење, како што посочуваат од Google, е да се ажурираат фотографиите на Google Street View од градовите, патиштата и […]

На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37.000 македонски државјани


На граничниот премин Табановце изминатиот викенд влегле и излегле скоро 37 илјади македонски државјани, а во истиот период влез и излез оствариле над 32 илјади странски државјани, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека во периодот од 11 април до денеска влегле 23.139, а излегле 13.845 македонски државјани. Во истиот период влегле […]

Судот го прифати супервештачењето за случајот Вепоска, на следното рочиште ќе се презентира извештајот


Судот во Струга го прифати супервештачењето од вештите лица избрани од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Судскиот процес против тројцата лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син […]

Централната банка на Црна Гора поднесе барање за приклучување кон шемата за плаќање СЕПА


Централната банка на Црна Гора денеска официјално поднесе барање до Европскиот платен совет за приклучување кон платните шеми на Единствениот платен простор во евра – СЕПА. „Овој потег е еден од клучните оперативни и технички чекори во процесот на миграција кон СЕПА платните системи и овозможување побрзи, поевтини и посигурни меѓународни плаќања од Црна Гора […]

Азески: Договорот за минималната плата да ги има предвид економските параметри


Утврдувањето на износот на минималната плата насекаде е условен од одредени економски критериуми. Минималната плата треба да се утврдува во рамки на социјалниот дијалог, но договорот да се заснова врз бруто домашниот производ односно да ги има предвид економските параметри.  Како што посочи претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, Комората не е против покачување на […]

Бугарија чека одговор од Македонија за тунелот од Коридорот 8


Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Гроздан Караџов најави дека Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и да започне со изградба на прекуграничниот железнички тунел. Говорејќи на работниот појадок со амбасадорите од земјите на ЕУ и НАТО, Караџов го детализираше напредокот на Бугарија на Коридорот 8, стратешки инфраструктурен проект чија […]

Зеленски го обвини Џеј-Ди Венс за „оправдување“ на руската војна против Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс дека „некако ја оправдува“ руската брутална инвазија на Украина, што е негов најкритичен коментар за високиот американски политичар од нивната жестока размена на мислења во Овалната соба во февруари. Зборувајќи за американската информативна програма 60 минути, Зеленски рече дека некои функционери во американската влада стануваат […]

Калас не ја ни спомна Македонија околу проширувањето


  Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, не ја ни спомена Македонија зборувајќи по денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. Таа ја претстави состојбата во сите земји кандидати, упати политичка порака до БиХ и до Србија, ги пофали Албанија и Црна Гора, го спомна и Косово, но ја прескокна […]

ФТ: На претставниците на ЕУ во САД им се дадени уреди за еднократна употреба поради опасноста од шпионажа


Европската комисија одлучи на претставниците на мисијата во САД да им подели мобилни телефони и лаптопи за еднократна употреба за да се избегне ризикот од шпионажа, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори. Комесарите и официјалните лица кои ќе присуствуваат на состаноците на ММФ и Светска банка следната недела во Вашингтон добија нови упатства слични […]