Трамп одбива да го врати погрешно депортираниот човек и покрај одлуката на Врховниот суд


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп и претседателот на Ел Салвадор, Наиба Букела, јасно ставија до знаење за време на состанокот во Овалната соба дека маж од Мериленд, кој неправедно беше депортиран во Ел Салвадор, нема да биде вратен во Соединетите држави. Иако американскиот Врховен суд одлучи дека американските власти мора да го „олесни“ враќањето на […]

Азиските берзи пораснаа откако Трамп најави дека ќе ги коригира царините за увоз на автомобили


На азиските берзи денеска цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од пораката на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да ги коригира царините за увоз на автомобили. Азиско-пацифичкиот индекс на акциите MSCI во 7 часот порасна за 0,4 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред. Утрово јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,1 отсто, додека […]

Албанија го отвори кластерот за внатрешниот пазар во пристапните преговори со ЕУ


 Албанија  синоќа отвори кластер за внатрешниот пазар во пристапните преговори со Европската Унија. На четвртата меѓувладина конференција Албанија-ЕУ беше отворен кластерот 2, што ги опфаќа поглавјата 1 (слобода на движење на стоки), 2 (слобода на движење на работници), 3 (право на деловно престојувалиште и слобода на давање услуги), 4 (слобода на движење на капитал), 6 […]

Американски државјанин осуден на психијатриско лекување во Русија


 Рускиот суд синоќа пресуди дека државјанин на САД не може кривично да одговара за своите постапки во врска со нападот на полицаец и го префрли на лекување во руска психијатриска болница, соопшти Градскиот суд во Москва. Во соопштението објавено на апликацијата Телеграм, судската служба објави дека Џозеф Татер е ослободен од одговорноста во врска со […]

Отворен Кариерен ден на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип


Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денеска организира Отворен и Кариерен ден на просторот пред Ректоратот. На Отворениот ден за средношколци, како што информираат од УГД, присутните ќе имаат можност да ги истражат можностите за идни студии, да го запознаат факултетот кој им е од интерес и да искусат дел од студентскиот живот. На Денот на […]

Гувернерот на Сумската област потврди дека имало собир на воен персонал во украинскиот град Суми


Гувернерот на украинската област Суми, Володимир Артјух, потврди дека во градот имало собир на воен персонал за време на рускиот ракетен напад, но рече дека тоа не било на негова иницијатива, јави ДПА. Володимир Артјух синоќа за информативната веб-страница „Суспилне“ изјави дека бил поканет на собирот. Тој не откри кој ја иницирал средбата, истакнувајќи: „Тоа […]

Изложбата „Гумено време“ на Ана Ивановска отворена во КИЦ Истанбул


 Во организација на Македонскиот културно – информативен центар во Истанбул вечерва во галеријата на КИЦ Истанбул ќе биде отворена изложбата „Гумено време“ на македонската уметница Ана Ивановска. Како што информираат од КИЦ Истанбул, проектот „Гумено време“ е визуелно истражување на последиците од глобалните кризи – пандемијата, војните и политичките конфликти – врз индивидуалното и колективното […]

Книжевен портрет на Јордан Плевнеш во Македонскиот КИЦ во Софија


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи литературниот настан „Портрет на Јордан Плевнеш во Софија“ кој е замислен како средба со познатиот македонски писател Јордан Плевнеш. Како што информираат од Македонски културно-информативен центар во Софија, вечерта ќе почне со воведни обраќања кон присутните од страна на Александар […]

Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати


Владина делегација, предвидена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска ја продолжува официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Мицкоски, вчера, на првиот ден од посетата, се сретна со претседателот на ОАЕ и владетел на Емиратот Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан и како што изјави била истакната потребата од многу поблиски и поплодни односи. – […]

Во Собранието Иницијатива за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани


 Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е Иницијативата за одржување надзорна расправа за селективниот пристап во истрагата за трагедијата во Кочани. Основното јавно обвинителство Кочани вчера до Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен на кого […]

Дел од Ѓорче Петров без струја


 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Мечкин Камен“ и „Дубровничка“ во Општина Ѓорче Петров. Во периодот од 12:00 до 14:00 часот без снабдување со […]

Извештајот од антикорупциската проверка на закони по трагедијата во Кочани на седница на ДКСК


Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница ќе расправа за Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на одредби кои се однесуваат на издавањето на лиценци, одобренија, дозволи за работа на угостителски објекти и слично, како и за вршење надзор во Законот за угостителска дејност, Законот за заштита и спасување, Законот за инспекциски […]

Зеленски: Русија отворено одбива да се согласи на прекин на огнот


 Украина никогаш не сакаше ниту еден момент од оваа војна, рече претседателот Володимир Зеленски во своето вечерно видео обраќање, цитирано од украинските медиуми. Зеленски истакна дека тоа веќе стана навика на руската страна – да води војна против соседите, да извезува омраза и да уништува човечки животи. -Сите сакаме ова да заврши. Потребен е мир […]

Облачно со повремен локален дожд


 Времето денеска претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо […]

НАТО размислува за нова цел: 3,5 отсто за одбрана и дополнителни 1,5 отсто за цивилна подготвеност


 Членките на НАТО разгледуваат можност за утврдување нова цел за трошење средства – не само за воените буџети, туку и за цивилна одбрана и поддршка на Украина, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон. Многу земји од Алијансата ги зголемија воените расходи по руската инвазија врз Украина во 2022 година, но сега се под притисок од американскиот […]

Католичката црква го прогласи архитектот на Саграда Фамилија за „чесен слуга Божји“


Католичката црква денеска го прогласи каталонскиот архитект Антони Гауди (1852-1926), најпознат по величествената црква Саграда Фамилија (Светото семејство) во Барселона, за „чесен слуга Божји“, што е првиот чекор на патот кон светост, соопшти Ватикан. Во Римокатоличката црква оваа титула се доделува на починато лице кое постигнало одреден степен на светост, но сè уште не е […]

Кос: Албанија е успешна приказна на проширување на ЕУ, целта е членство во 2030 година


Отворањето на нов кластер во преговорите за членство во Европската Унија е добра вест за сите жители на Албанија како идни граѓани на ЕУ и тоа е резултат на решеноста на албанските власти да ги спроведуваат реформите, истакна вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос по завршувањето на четвртата Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Албанија, на која беа […]

„Умниверзум“ првиот АИ бесплатен тутор ќе ги учи средношколците математика


Во земјава пристигна „Умниверзум“ првиот АИ агент. „Универзум“ е АИ бесплатен тутор по математика во светот создаден целосно од студенти и професори на Бреинстер Некст колеџот и алумни студенти од Бреинстер академијата. „Умниверзум“ е бесплатен и достапен 24/7, а е наменет за сите средношколци кои имаат потреба од поддршка во учењето. На презентацијата која вечерва […]

Костова: Повикуваа на улични протести, а сега го фалат Коцевски


Кристина Костова, една од потпретседателките на СДСМ, во интервју за „360 степени“ прашува зошто министерот за внатрешни работи не поднесе оставка и како е можно во опсежната истрага за пожарот во Кочани да не бидат опфатени припадници на МВР кои биле на позиции и на служба на денот на трагедијата.Според неа, истрагата она штдо го […]

„Политико“: Трамп сака да го скрати буџетот на Стејт департментот за половина


  Администрацијата на Трамп сака да побара од Конгресот да ги намали буџетите на Стејт департментот и УСАИД за речиси половина, бидејќи продолжува со напорите за драматично намалување на владините трошоци, се вели во документот до кој дојде американското издание на „Политико“. Предлогот за фискалната 2026 година ќе додели 28,4 милијарди долари на државата и […]