Меѓународен ден на џезот со концерти во МНТ и „Ибни Пајко“


Националниот џез оркестар денеска организира централен настан по повод Меѓународниот ден на џезот – 30 април кој ќе се одвива на две локации – Паркот “Ибни Пајко” и Македонскиот народен театар – Скопје. Во Македонски народен театар ќе се одржи Концерт на американскиот пијанист Брајан Марсела и неговото трио. Ова, велат организаторите, е настан со […]

САД одобрија продажба на ракети воздух-воздух на Полска во вредност од 1,3 милијарди долари


Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на напредни ракети воздух-воздух со среден дострел и сродни елементи, како и програмска поддршка на Полска, во вредност од околу 1,33 милијарди долари, објави вчера Пентагон. -Главен изведувач на нарачката ќе биде RTX Corporation, додаде Пентагон. 

Француското обвинителство бара четири години условна казна за поранешниот премиер Франсоа Фијон


Француското обвинителство вчера побара условна казна затвор од четири години за поранешниот премиер Франсоа Фијон, поради фиктивното вработување на неговата сопруга Пенелоп, јавија денеска локални медиуми. Обвинителот побара и парична казна од 375.000 евра, како и забрана за политичка активност во траење од 10 години за поранешниот кандидат на претседателските избори во 2017 година. Судењето […]

Театар Комедија ќе учествува на БОК Фест во Бјеловар, Хрватска


Театар Комедија ќе учествува на еден од најзначајните регионални театарски фестивали – БОК Фест во Бјеловар, Хрватска. Фестивалот, кој од 2003 година обединува врвни театри од цела поранешна Југославија, и оваа година ќе биде центар на театарската уметност од регионот, информираат од Театарот. Театар Комедија ќе настапи со две исклучително успешни претстави од својот репертоар […]

Предлог законот за работно ангажирање лица на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика


Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог на законот за работно ангажирање на лица, во второ читање, поднесен од група пратеници. За Предлог-законот поднесени се вкупно 24 амандмани. Тони Јаревски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, во името на предлагачите, на 16 април на јавната расправа појасни дека […]

Награди за најдобри стории и фотографии на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“


 Во Европска куќа – Скопје денеска ќе се одржи официјалното врачување награди за најдобри новинарски стории и фотографија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, објавени во  периодот мај 2024/април 2025 година, што ги доделува Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). СЕММ, во соработка со УНЕСКО, наградите ги доделува во пресрет на […]

Последен ден со ограничени маржи, власта се заканува со нови мерки ако има енормно зголемување на цените


Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки. Министерот за економија и труд […]

БРИКС отфрла „повторно заживување на трговскиот протекционизам“


БРИКС „категорично отфрла повторно заживување на трговски протекционизам“, изјави бразилскиот министер за надворешни работи Мауро Виеира во изјава по средбата со своите колеги од БРИКС во Рио де Жанеиро, во контекст на трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп. Дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на БРИКС не заврши со конечно соопштение, […]

Зеленски: Првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во своето традиционално вечерно обраќање, изјави дека првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје. -Тие мора да преземат јасни чекори кон завршување на војната, а ние инсистираме првиот чекор да биде безусловно и целосно прекин на огнот. Русија мора да го стори тоа, […]

Без вода делови од улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Сејфула“, населбата Топанско Поле со намален притисок


Поради поврзување на нова водоводна цевка со стара постоечка водоводна цевка Ф 200 мм. на Ф 150 мм. на улица „Кемал Сејфула“ бб прекинато водоснабдување ќе имаат  корисниците од улицата „Џон Кенеди“, дел од „Кемал Сејфула“. Намален притисок ќе има населбата Топанско Поле чија висока зона ќе биде без вода. Како што информираат од ЈП […]

Без струја делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево


Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево.  Како што информираат од РЦУК, од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат објектите на Полициската Станица и базата на БППЗ во Ѓорче Петров, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел […]

Утринава посвежо, во текот на денот сончево и потопло


Времето утрово ведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура […]

ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон


Фудбалерите на ПСЖ успеаја да забележат победа од 1-0 (1-0) над Арсенал на гостински терен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Французите водеа од четвртата минута од натпреварот со голот на Дембеле, што се покажа како доволен за голема предност пред реваншот на „Паркот на принцовите“. Француските шампиони одиграа маестрален […]

Загина српски воен падобранец


Припадник на 63-та падобранска бригада, виш водник прва класа Милан Станковиќ, почина вечерва во Воената болница во Ниш од повредите здобиени при скок со падобран на воениот аеродром „Михајло Петровиќ“ во Ниш, соопшти Министерството за одбрана на Србија. Во соопштението се наведува дека по слетувањето, Станковиќ бил итно реанимиран и пренесен во болница, каде што, […]

Околу 7000 работници фалат на охридско – струшката ривиера и оваа сезона


Масовна побарувачка на работници во хотелите и останатите угостителски објекти на охридско-струшката ривиера, пред почетокот на туристичката сезона. Проценките се дека се потребни меѓу 5.000 и 7.000. Нема објект, кој нема потреба од кадар. Во Центарот за вработување во Струга дневно стигнуваат и по неколку вакви барања од сопствениците на објекти.Се очекува таа бројка да […]

Франција ја обвини Русија за серија кибер напади од 2015 година


Франција денеска ја обвини Русија за серија кибер напади врз француски институции и настани, вклучувајќи ги минатогодишните Олимписки игри и изборите во 2017 година.  Франција ги осудува нападите и верува дека единица на руската воена разузнавачка служба, групата APT28, е одговорна за нив, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.   Оттаму наведуваат […]

Новите ЕУ-регулативи неповолни за сопствениците на дизел-автомобили


Европската Унија најави регулативи што ќе значат преголем товар, па повлекување на автомобилите постари од 10 години. Измените, меѓу другото, се однесуваат и на тн. филтри за дизел-честички (ДПФ-филтри). Имено, Брисел, со веќе предложените измени, во своите земји-членки, наводно, цели кон намалување на бројот на несреќи. Од друга страна пак, според мнозина познавачи, овој потег […]

Дојава за бомба во грчкиот Парламент


Преку бројот 112 за итни случаи, непознато лице околу 20 часот по локално време пријавило дека е поставена бомба во грчкиот Парламент, без при тоа да даде дополнителни информации или временски период, по што припадници на Единицата за деактивирање експлозивни направи спроведе проверка на објектот, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално, не било пронајдено […]

Ајфеловата кула добива уште еден слој боја: Ќе чини 80 милиони евра


Поради ‘рѓа на најпознатата туристичка атракција во Париз, Ајфеловата кула, градските власти одобрија дополнителни средства за нејзино отстранување за да ја заштитат од распаѓање. „Во неверојатна состојба е“, изјави во вторникот Жан-Франсоа Мартинс, раководител на компанијата што управува со ова париско обележје, непосредно пред завршувањето на обемното реновирање. „Кулата е исклучително цврста, а металот е […]

(Видео) Запален домот на Пандов: Се сомневам дека зад ова стојат криминалците!


Директорот на управата за извршување санкции, Александар Пандов, објави снимка, во која поосчува дека му бил запален домот во Зелениково односно Орешани. – Опожарена е викенд куќата на директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов во скопското село Орешан, потврдија од МВР . Од полицијата велат дека вечерва, во 18:45 часот во СВР […]