Ферари подготвува ажурирања за Имола


 Ферари планира да претстави значајни ажурирања на својот болид на трката за Големата награда на Емилија Ромања во Имола, која ќе се одржи од 16 до 18 мај, пишува „Autosport“. Италијанскиот тим смета на построги контроли на свиткувањето на предните крила, со новите тестови кои треба да стапат на сила на Шпанското ГП (30 мај […]

Бурно на индиско-пакистанската граница: Уништени неколку бункери и позиции со ракети


Пакистанската армија одговори на провокациите од страна на индиската армија во граничната зона каде што двете армии се повеќе се судираат. Во неколку напади со противтенковски ракети и пешадиско оружје, голем број војници од двете страни беа ранети. Тензиите на индиско-пакистанската граница не стивнуваат, додека медиумите во двете земји објавуваат дека војната е неизбежна. Борбената […]

Сатја Грабулоски направи веганска јакна со ликот на Брајан Адамс – му ја подари по концертот во Скопје


Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски, кој е познат по изработката на уникатни и оригинални патики за светски спортски и музички имиња, ја однесе својата работа скалико погоре. Тој и неговиот тим составија и исцртаа веганска јакна со ликот на Брајан Адамс, која канадската поп-ѕвезда  ја доби по концертот во Скопје во неделата. На јакната, тимот на […]

Експерт открива во која година од животот сме најголеми оптимисти


За многу луѓе, се чини дека како што старееме, оптимизмот опаѓа. Сепак, дали е тоа навистина точно? Претходните истражувања покажаа дека розовите очила што ги носиме во младоста, односно оптимизмот, подоцна во животот се претвораат во цинизам. Но, најновата студија покажа дека оптимизмот се зголемува како што растеме и старееме. Некои луѓе се природно оптимисти, […]

„Културата и траумата- Писмо до бугарскиот пријател“ – нова книга на д-р Златко Крамариќ


Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата „Културата и траумата“ од познатиот македонист од Хрватска, д-р Златко Крамариќ. Воведниот текст од книгата  е во форма на „Писмо до бугарскиот пријател“. Како редок познавач на балканските состојби тој во овој прилог ја нагласува смислата за добрососедството и заемната почит меѓу државите, посочувајќи  дека  „еден од […]

Историска пресуда: Ова е првиот град во Европа кој забрани рекламирање на фосилни горива


„Општите здравствени интереси на граѓаните се повредни од комерцијалните интереси на огласувачите“, соопшти судот во Хаг, донесувајќи историска одлука за забрана на рекламирање на фосилни горива. Забраната за реклами за фосилни горива во Хаг ја потврди холандскиот суд, што според активистите е „историска одлука“ што може да ги поттикне другите градови да преземат слични мерки. […]

Меѓаши: Преку кампањата „Нема туѓо дете“ со родителите заедно градиме безбедна училишна средина


Кампањата „Нема туѓо дете“ започна како одговор на сè почестите проблеми со кои се соочуваат децата во училиштата – од емоционална запоставеност, преку врсничко насилство, до сериозни психолошки состојби. Оваа кампања се спроведува во рамките на проектот за Промоција на безбедна училишна средина, кој го реализира Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со Првата […]

Ако е ваква боја – не го купувајте: Еве како да изберете месо


Ако одлучите да купите претходно пакувано месо, добро погледнете го пред да го ставите во корпата Треба да бидете многу внимателни при изборот на месо, бидејќи не е секогаш лесно да се препознае кое е свежо и квалитетно, особено ако е мелено. Покрај информациите на амбалажата, треба да внимавате и на изгледот. Квалитетното месо, особено […]

Месечината е во Близнаци! Позитивни промени за три хороскопски знаци


Месечината во Близнаци симболизира љубопитна, жива и променлива емотивна природа. Месечината во Близнаци носи добри вести за Близнаците, Вагите и Водолиите. Кога Месечината е во овој знак, емоциите се изразуваат преку комуникација, размена на идеи и постојана потреба за информации. Луѓето со оваа позиција на Месечината често имаат силна потреба да ги изразат своите чувства […]

Почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал


На 54-годишна возраст синоќа ненадејно почина Николче Здравески, поранешен фудбалер на Победа од Прилеп. Здравески како фудбалер го предводеше прилепскиот клуб до првата шампионска титула, а потоа и како тренер со Победа ја освои втората титула.  Тој речиси цела кариера ја мина во Победа, кратко време беше тренер и на тимот на 11 Октомври, а […]

Трамп: Мислам дека Путин сака мир во Украина и покрај неодамнешните напади


 Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин сака војната во Украина да заврши и покрај неодамнешните руски напади. Американскиот претседател го изјави ова во интервју за Еј-Би-Си Њуз. -Мислам дека сака, одговори Трамп кога го прашаа дали мисли дека Путин сака мир. „Да не бев јас, мислам дека ќе […]

Фон дер Лајен до научници од целиот свет: Изберете ја Европа


 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика научници и истражувачи од целиот свет да работат во Европа, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го намали федералното финансирање за Харвард и други американски универзитети. Американските универзитети беа цел на администрацијата, главно поради начинот на кој реагираа на пропалестинските протести […]

Маск веќе не доаѓа во Белата куќа. Се очекува неговото заминување од ДОГЕ


Илон Маск ја напушти Белата куќа, барем физички, објави „Дејли Бист“. „Специјалниот владин службеник“ на претседателот Доналд Трамп повеќе не работи во канцелариите на Одделот за владина ефикасност (DOGE) додека се подготвува за заминување од администрацијата на Трамп и сè повеќе се фокусира на спасување на неговите компании на кои им се заканува колапс. „Наместо […]

Трамп: Тукушто почнавме. Сè уште не видовте ништо


Американскиот претседател Доналд Трамп го прослави 100-от ден од својот втор мандат со предизборен митинг во Мичиген, за време на кој му се потсмеваше на Џо Бајден во 90-минутен говор, лажно тврдеше дека ги добил изборите во 2020 година и ја бранеше одлуката за воведување царини. „Ништо нема да ме запре“, рече Трамп. Зборувајќи пред […]

Економскиот пад на Русија: Крај на постсанкцискиот бум


По години на неочекувана отпорност, руската економија покажува јасни знаци на забавување. Индикаторите укажуваат дека годишната стапка на раст паднала од 5% на речиси 0%. Високата инфлација ја натера Централната банка да ги задржи каматните стапки на 21%, а глобалните трговски тензии дополнително ги ослабуваат руските пазари, кои во голема мера зависат од извозот на […]

РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници


По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи и да се вози одговорно. Посочуваат дека во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките […]

Канадскиот премиер Карни разговараше со Трамп


 Канадскиот премиер и лидер на Либералната партија на Канада, која победи на парламентарните избори во понеделник, Марк Карни, разговараше вчера со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти канцеларијата на Карни. Беше објавено дека Трамп му честитал на Карни за неговата изборна победа. -Лидерите се согласија дека е важно Канада и САД да работат заедно – како […]

МКЦ-Битола ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот во Битола со концерт на Филип Динев Трио


Младински културен центар – Битола вечерва со почеток од 22 часот ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот во Битола со концерт на Филип Динев Трио. Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија – „Romann“ (2024) и „Szvetlo“ (2020). Париз, Будимпешта, Базел, Талин, […]

САД воведоа санкции врз субјекти со седиште во Кина и Иран за кои се тврди дека ја поддржувале ракетната програма на Техеран


САД воведоа санкции врз мрежа со седиште во Иран и Кина, која ја обвинуваат за снабдување на Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран со компоненти потребни за производство на гориво за балистички ракети, во услови на напори на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го зголеми притисокот врз Техеран. Во соопштението од Министерството […]

Вучиќ најавува дека во следните 3-4 денови, двапати ќе се сретне со Трамп


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека во следните три, четири дена ќе се сретне двапати со претседателот на САД, Доналд Трамп, јави МИА од Белград. „Ќе се сретнам двапати во различни пригоди во следните четири дена. Не држете ме за збор бидејќи ги помешав датумите и различните временски зони“, рече Вучиќ за време […]