ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп


 Царинските мерки на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијаат на глобалната економија и ќе предизвикаат големо забавување на економскиот раст годинава, но без транзиција во рецесија, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. И покрај несигурноста предизвикана од трговската политика, „нашите проекции за раст се во голема мера намалени, но не […]

Средношколките од Крива Паланка државни прваци во кошарка


 Средношколскиот кошаркарски тим на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка предводен од професорите по спорт и спортски активности, Ведран Белешковски и Виктор Петровски, денес се закити со титулата државен првак на Државното првенство во кошарка за средни училишта, чијшто домаќин беше општинскиот сојуз на училишен спорт на Крива Паланка и СОУ „Ѓорче Петров”. […]

Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива


 Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар, ги известува корисниците на вода за пиење дека може да ја користат  само со претходно нејзино превривање. -Ги известуваме корисниците, дека водата за пиење пред консумирање се препорачува да се преврива, поради сигурност на здравјето на граѓаните. Затоа бараме разбирање и внимание при користење […]

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат трговски преговори со неколку земји, вклучувајќи ги Мексико, Јапонија и Кина, и ги опиша како продуктивни. Како што јави Си-Ен-Ен, Трамп на мрежата „Трут сошла“ напиша дека разговарал со претседателот на Мексико и со највисоките трговски претставници на Јапонија, додека Кина, како што рече, е меѓу […]

НБ: Монетарната политика го задржува внимателниот карактер ‒ каматните стапки се непроменети


На 17 април 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето […]

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник – најпосакуван работодавач за 2024 година


„Алкалоид“ АД Скопје е прогласен за апсолутен победник во категоријата најпосакуван работодавач за 2024 година, трета година по ред, според анкетата спроведена од веб-порталот „Вработување.ком“.     На манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, беа доделени награди за компании во повеќе категории, врз основа на анкетен прашалник спроведен на национално ниво во текот на 2024 година.   […]

Десет години трансформација: „Филип Морис интернешенел“ го објави Извештајот за одржливост за 2024 година


Десет години кон иднина без чад – вака „Филип Морис интернешенел“ (Philip Morris International – PMI) одбележува една деценија стратешка деловна трансформација со објавувањето на својот шести Интегриран извештај за одржливост. Интегрираниот извештај ја опишува стратегијата на компанијата, бизнис моделот и резултатите поврзани со производите („што“ компанијата произведува) и оперативните перформанси („како“ работи компанијата). Извештајот […]

Трамп го критикува претседателот на ФЕД: „Неговиот крај не може да дојде доволно брзо“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот ги засили своите критики против претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, повикувајќи на негов „крај“ поради недоволно брзото намалување на каматните стапки. Неговите коментари доаѓаат еден ден откако шефот на централната банка изрече остро предупредување за ефектот на огромните царини на Трамп врз економијата. Рано утрото во четвртокот, […]

Тројца обвинети за уривањето на настрешницата во Нови Сад


Вишиот суд во Белград го потврди обвинението против Слободанка К., управителка за развој на инвестиции на АД „Инфраструктура Железница Србија“ со седиште во Белград, како и претседателот на Комисијата за технички преглед на железничката станица во Нови Сад, Милутин С. и член на таа комисија, Билјана К. што резултираше со уривање на настрешница на таа […]

За Русија историчарите се поопасни од војниците


Руската инвазија на Украина никогаш не беше само обид да се собори владата во Киев или да се освои територија. Тоа беше, исто така, војна против меморијата – суштински колонијален потфат на Владимир Путин, чија цел беше да го избрише украинскиот идентитет и да наметне верзија на историјата одобрена од Кремљ. За рускиот претседател, потчинувањето […]

По повод Велигден автобусите од ЈСП во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред


по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 18.04.2025 год. (петок) до 21.04.2025 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Работно време на билетарници и центри за персонализација Во сабота (19.04.2025 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок (18.04.2025 год.) […]

Охрид, Чебрен и Галиште, Попова Шапка… Што било на „менито“ на Мицкоски во ОАЕ


  Премиерот Христијан Мицкоски во изјава до јавноста денеска објасни што било на „менито“ во посетата на владина делегација која ја предводеше во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) изминатите четири дена. Како што вели во изјавата од Емиратите, пред инвеститорите биле презентирани повеќе инфраструктурни проекти, меѓу кои биле проекти од областа на транспортот, енергетиката, туризмот… Меѓу […]

Шеесет и втора жртва на пожарот во Кочани, двајца во критична состојба, уште 45 се лекуваат во странство


Пожарот во Кочани денеска ја зеде 62-та жртва. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови, веднаш е упатен на лекување во Воено – медицинската академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец, информираа надлежните на прес-конференцијата што се одржа попладнево во […]

Продаден штипскиот хотел „Гарни“


Општина Штип го продаде хотелот „Гарни“, кој се наоѓа во централното градско подрачје, потврдува за МИА секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова. Инаку ова е втор обид за продажба на овој хотел и новиот инвеститор го купил за 15,5 милиони денари. Хотелот е купен од страна на фирмата „Памвеј инвест“ од Штип. Хотелот „Гарни“ беше […]

Превирањата во ВЛЕН не се закана за владејачкото мнозинство, тврдат од ЗНАМ


Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија на синоќешната седница усвоило заклучок дека секој кој соработува  со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во коешто учествува ЗНАМ. Ова го соопшти денес портпаролот Никола Мемов. – Прво, Движењето ЗНАМ за наша Македонија смета дека случувањата во коалицијата Вреди […]

Кос: Македонија и Бугарија ќе постигнат договор!


  Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор за заштита на бугарското малцинство,  изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос, која е во посета на Бугарија. Според неа, за прв пат во историјата на проширувањето, Европската унија се соочува со надворешни сили кои посакуваат нејзин неуспех.Проширувањето е приоритет и тоа е најважно, додаде Кос, […]

Почина уште еден пациент повреден во пожарот во Кочани


  Министерството за здравство информира дека според информациите од Воено медицинската академија во Белград, денеска претпладне на повредите им подлегна Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во ВМА во Белград, кој беше интубиран и […]

Кавадарци изработи План за квалитет на амбиенталниот воздух


пштина Кавадарци изработи План за квалитет на амбиенталниот воздух, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Оттаму рекоа дека планот за квалитет на амбиенталниот воздух за Општина Кавадарци e изработен со цел утврдување на состојбите и дефинирање на мерки за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух на територијата на Општина Кавадарци. – Општина Кавадарци, […]

Марта Кос: Заморот од проширувањето на ЕУ заврши, направете ги компромисите


  Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска на форумот „ЕУ го среќава Балканот“ во Софија им порача на кандидатите за членство во ЕУ дека кога ќе ги остварат потребните реформи, таа ќе биде нивниот најдобар застапник во Унијата и нејзините членки. Кос рече дека не се сомнева дека и кандидатите и ЕУ ќе го искористат […]

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред


Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика. Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто – ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. […]