Коринтијанс го отпушти тренерот


Бразилскиот фудбалски гигант Коринтијанс му врачи отказ на тренерот Рамон Дијаз по само четири кола од националниот шампионат. Под водство на аргентинскиот стратег, Коринтијанс минатиот месец го освои Паулиста, трофејот во првенството во сојузната држава, но имаше очаен старт во бразилскиот шампионат. Четирите бодови освоени во првите четири кола од бразилскиот шампионат и поразот од […]

Владата озаконува паушални фактури за струја, разликата може да биде и 8.000 денари по домаќинство, обвинуваат од Иженери на РМ


Инженери на Република Македонија (ИРМ), денеска упати апел до пратениците и Министерството за енергетика да ги отстранат, како што велат, некоректните одредби од предлог Законот за енергетика за да се обезбедат фер, прецизни и транспарентни фактурирања, исклучиво врз основа на реално измерена потрошувачка на електрична енергија. „Граѓаните не смеат да бидат жртви на проценки и […]

Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа


Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград. Според најавите на студентите, блокадата ќе трае се додека не се […]

Најсмртоносен американски напад врз позиции на Хутите во Јемен, најмалку 38 загинати


ајмалку 38 лица загинале во вчерашните американски напади врз пристаниште во Јемен, објавија медиумите на Хутите. Ова е еден од најсмртоносните денови откако САД ги почнаа нападите врз бунтовниците поддржани од Иран, пренесува БТА Вашингтон вети дека нема да ги запре големите напади што започнаа минатиот месец во најголемата воена операција на Блискиот Исток откако […]

Русија мора да прифати „итен, целосен и безусловен прекин на огнот“ во Украина, вели британскиот министер за надворешни работи


Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, по разговорите во Париз за Украина со неговите американски и европски колеги, изјави дека Русија мора да се согласи на „итен, целосен и безусловен прекин на огнот“, јави ДПА. Лами сподели неколку детали за серијата состаноци што се одржаа во француската престолнина, но нагласи дека разговорите ја нагласиле […]

Прекинот на огнот во Украина во моментов е „нереален“, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН


Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензија изјави дека прекинот на непријателствата со Украина во моментов е „нереален“, јави ДПА. Говорејќи во Њујорк, Небензија рече дека неуспехот на ограничениот прекин на огнот во енергетската инфраструктура покажува дека во моментов не е можен поширок прекин на огнот. – Имавме обид за ограничен прекин на огнот […]

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници


Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, соопшти дека денеска сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје, ќе работат во периодот од 08.00 до 16.00 часот. Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици денеска ќе работат со следниот […]

Велики петок – најтешкиот ден во годината


 Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 […]

Дел од Аеродром без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од Булеварот „Видое Смилевски Бато“, делот кај што се вкрстува „Фебруарски Поход“ карши „Рамстор“ во Ново Лисиче во Општина Аеродром.

Трамп очекува одговор од Русија за мировните преговори за Украина оваа недела


Американскиот претседател Доналд Трамп очекува одговор од Русија во врска со можниот мировен договор со Украина во наредните денови. – Ќе се слушнеме со нив оваа недела, всушност многу наскоро, и ќе видиме, рече Трамп за време на прес-конференцијата во Белата куќа по средбата со италијанската премиерка Џорџија Мелони, пренесува ДПА. Трамп, исто така, повторно […]

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно


Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. – На 18, 20 и 21 април граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ова исклучок се затворените паркиралишта Дилајла […]

Цените на сите производи од денес на Интернет: Ќе придонесе ли мерката за поголем ред


Од денеска трговците се должи на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Обврската произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките. Во Правилникот […]

Променливо облачно со локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо […]

Зеленски остро ја обвини Кина дека испорачува оружје за Русија


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Кина дека и доставува оружје на Русија. „Имаме информации од Службата за безбедност на Украина (СБУ)“, нагласи Зеленски, додавајќи дека Кинезите им испраќаат барут и артилериска муниција на Русите. „Мислам дека следната недела ќе можеме да објавиме детали за кинеските претставници вклучени во производството на оружје на територијата на […]

Најбогатиот Европеец: Брисел ќе биде виновен ако го префрлиме производството во САД


Францускиот милијардер и најбогат човек во Европа Бернард Арно предупреди дека гигантот за луксузни стоки ЛВМХ може да го префрли производството во САД во случај на трговска војна. „Брисел ќе биде виновен ако тоа се случи“, рече првиот човек на ЛВМХ за време на годишното собрание на акционери. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави […]

Трамп: Не сметам дека Зеленски е одговорен за војната


  На средбата во Овалната соба во Белата куќа на италијанската премиерка Џорџа Мелони и американскиот претседател Доналда Трамп Мелони беше прашана на италијански што мисли за тоа дека Трамп го смета Зеленски одговорен за војната во Украина. Таа имаше подолг одговор, исто така на италијански. „Беше толку убаво. Што… што рече таа?“, се насмеа […]

Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“ во Скопје


Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е добиена пријава за паднато дрво на улицата „Анкарска“ во Скопје кај  популарно именуваниот реон „Млечен ресторан“. Паднатото дрво има оштетено три автомобили, а при паѓањето има скинато и кабли од бандера, информираат од ЦУК.  Нагласуваат дека полиција е на […]

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“. Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во […]

Кабина од жичница падна во провалија – има мртви и повредени, се трага по уште 11 (видео)


Во Италија дошло до несреќа кога кабелот на жичарницата Монте Фаито во Кастеламаре ди Стабија, во близина на Неапол, денеска се откачил од системот и една од двете кабини паднала во провалија. #Castellammare. Paura sulla funivia del #Faito: si rompe un cavo e i passeggeri restano sospesi nella cabina pic.twitter.com/732IHFNbAQ — Il Mattino (@mattinodinapoli) April […]

Пукање во кампусот на Универзитетот во Флорида: Полицијата на нозе, има ранети


Најмалку четири лица се ранети во пукање во студентскиот дом на Универзитетот во Флорида (ФСУ). Претставниците на болницата потврдија дека четири лица се примени, но не дадоа детали за природата на нивните повреди или нивната состојба, поради почитување на приватноста на пациентите и точноста на информациите, според локалната ТВ WC. Очевидец пријавил дека видел помлад […]