Ова е единствениот рецепт за француска салата што некогаш ќе ви треба


Француската салата е неизбежен дел од празничната трпеза, а често се подготвува  и за Божиќ и за Велигден. Иако многу луѓе ги прилагодуваат состојките за да одговараат на вкусовитеж на своето семејство, оригиналниот рецепт е единствен и познат на сите, а ние ви го пренесуваме рецептот за највкусната француска салата која ќе ги воодушеви сите […]

Младинците на Еурофарм Пелистер се пласираа на фајнлфорот во Лигата на шампиони


Историски успех остварија вечерва ракометарите на Еурофарм Пелистер во младинска конкуренција, обезбедувајќи пласман на завршниот турнир во Лигата на шампиони. До пласманот на јунскиот фајналфор младинците на Еурофарм Пелистер дојдоа со победа (37-36) над домаќинот Динамо во Букурешт со која го освоија првото место на квалификацискиот турнир што се одржа во романската престолнина. По одигрувањето […]

Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина


Русија и Украина утре треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите. Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници. За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 […]

Форд им најавил на дилерите дека цените би можеле да се зголемат во јуни доколку останат царините на Трамп


Форд ги предупредил своите дилери дека царините најверојатно ќе ги зголемат цените на автомобилите во наредните месеци, како влијание на давачките при увозот врз финансиите на Американците. Тарифите на претседателот Доналд Трамп од 25% за сите увезени автомобили стапија на сила на 3 април. Во белешката до дилерите на Форд за првпат објавена од Automotive […]

Роверот на НАСА пронајде нови докази за минатото на Марс


  Пронајдокот на минералот сидерит во карпите носи нови траги дека на Марс можеби некогаш постоеле услови за живот.   Минералот сидерит, кој е пронајден во изобилство во карпите што ги кршеше роверот на НАСА на површината на Марс, претставува нов доказ за потоплата и повлажна далечна историја на „Црвената планета“, кога, според научниците, имало […]

Изгоре автомобил во струмичкото село Банско


Попладнево во 17:50 часот изгоре автомобил во селото Банско кај Струмица, информираа од Територијалана противпожарна единица од Струмица. Според информацијата, запалениот автомобил го гаснеле четворица пожарникари со едно противпожарно возило. – Во моментот на пристигнување, пожарот беше во разгорена фаза. За кратко време е локализиран и ликвидиран, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари. Причинета […]

Надминат проблемот со системот за хлорирање на водата во Дебар


Водата за пиење во Дебар може да се користи, откако е надминат проблемот со системот за хлорирање, информираше Јавното комунално претпријатие „Стандард” кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар. – Ги известуваме водокорисниците дека по максимална посветеност и со голем труд успеавме да го ставиме во функција системот за хлорирање, се е во ред и […]

Кој бил човекот по кој е именуван најпознатиот тениски турнир во светот?


Ужен Адриен Ролан Жорж Гарос (6 октомври 1888 – 5 октомври 1918 година) бил француски авијатичар и борбен пилот за време на Првата светска војна, познат по неговиот придонес во раната авијација и воената тактика. Роден во Сен Дени, Реунион, Гарос ги надмина раните здравствени тешкотии за да стане пионерска фигура во воздухопловството, чие наследство […]

Русија направи електрична „лада“. За седум месеци продаден е само еден автомобил


  Рускиот концерн „АвтоВАЗ“ продаде само еден електричен автомобил, Lada e-Largus, од почетокот на нивното производство во септември 2024 година, покажуваат податоците на АСМ Холдинг, пишува „Москва тајмс“. Моделот е достапен само по нарачка, но нема побарувачка за него. Вклучително и поради трошокот, во кој е пресметан и попустот според државната програма. Единствениот e-Largus е […]

До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците


Трговците од денеска имаат обврска на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите. Цените треба да бидат објавени на нивните веб страници во посебен дел и да се ажурираат секој ден до 10 часот.  Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека трговците имале доволно време да се прилагодат на оваа нова законска обврска […]

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди


 Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, продолжувајќи со објавувањето на доверливите документи во согласност со наредбата на претседателот Доналд Трамп. Директорката на Националното разузнавање Тулси Габард рече дека објавувањето на документите поврзани со атентатот на Роберт Кенеди „ќе го впери долгоочекуваното светло на […]

Штипската модуларна болница ќе се адаптира за специјалистички амбуланти


Штипската модуларна болница, која по пандемијата Ковид 19 е празна и стои неискористена, ќе се пренамени во амбуланти за специјалистички прегледи преку „Мој термин“. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека постапката за преадаптација е речиси на самиот крај. Посочува дека планот е во првата фаза да се префрлат амбулантите од применото одделение, а […]

САД му понудиле на Путин олеснување на санкциите, Украина надвор од НАТО и контрола над заземените територии


  Соединетите Држави им претставија на своите сојузници план за прекин на огнот за Украина, кој вклучува задржување на руската контрола врз заземените територии, олеснување на санкциите против Москва и откажување од плановите за прифаќање на Киев во НАТО. Ова го објави Блумберг, повикувајќи се на европски претставници запознаени со ситуацијата. Според изворите на агенцијата, […]

18 април во историјата – Разорен земјотрес го уништи Сан Франциско


  На 18 април 1906 година, во 5,13 часот, земјотрес проценет на близу 8,0 степени според Рихтеровата скала го погоди Сан Франциско, Калифорнија, при што загинаа околу 3.000 луѓе и урна бројни згради. Земјотресот беше предизвикан од лизгање на раседот Сан Андреас во дел долг околу 440 километри, а ударните бранови можеа да се почувствуваат […]

Во израелски напади загинаа најмалку 17 лица во Газа


 Во израелските воздушни напади низ Газа рано денеска загинаа најмалку 17 луѓе, вклучително и деца, соопштија болнички работници. Меѓу загинатите има десет лица во Џабалија, вклучително и осум од исто семејство, соопшти болницата. Во јужниот град Кан Јунис загинаа седум лица, од кои една бремена жена.

Во Прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна


Во Прилепско пронајдени се неексплодирани убојни средства, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Конкретно, РЦУК Битола, известува дека од ДЗС Прилеп известиле дека по вчерашната пријава од ПС Прилеп за пронајдени НУС, биле излезени на терен и дека од страна на инспекторот и пиротехничар од ДЗС се извадени уште 13 минско-експлозивни средства, […]

Протече мировниот план на САД: Украина губи територии, не може во НАТО …


Соединетите Американски Држави им претставија на сојузниците нацрт-предлог за мировен договор меѓу Русија и Украина, вклучувајќи рамковни услови за прекин на борбите и постепено олеснување на санкциите кон Москва во случај на траен прекин на огнот, пишува Блумберг, повикувајќи се на европски претставници запознаени со планот. Плановите на САД им беа претставени на европските сојузници […]

Гугл повторно обвинет за монополска позиција на технолошките пазари во САД


Суд во САД синоќа пресуди дека Гугл незаконски држела монополска позиција на два пазари на технологии за онлајн рекламирање, со што се отвора пат американските антимонополски обвинители да побараат разделување на нејзините рекламни производи. Гугл е во сопственост на Alphabet. Судијка на Окружниот суд во Александрија, Вирџинија, го прогласи Гугл за виновен со тоа што […]

Јавниот обвинител стана слуга на власта, вели професорот Калајџиев


  Професорот по казнено право, Гордан Калајџиев, вели дека последните случувања со истрагата за трагедијата во Кочани ја потврдуваат тезата дека истрагата е контаминирана со дневна политика и селективност, а власта оди подлабоко и пошироко со истрагата во обид да се спаси од сопствената одговорност и да покаже ефикасност во остварување на ветувањето за борба […]

Јанез Јанша ослободен од сите обвиненија – приврзеници слават пред судската палата


Словенечкиот суд денеска донесе првостепена пресуда со која го ослободи Јанез Јанша, трикратен премиер и клучен опозиционер во земјата, и двајца наводни соучесници во обвиненијата за злоупотреба на службената положба и овластување и за корупција. Јанша, претседателот на главната опозициска Словенечка демократска партија (СДС), претходно го отфрли обвинението, нарекувајќи го обид да се отстрани од […]