Огромна неприлагодена брзина, најверојатно, причина за сообраќајката кај Кичево, вели Тошковски


Според првичните информации причина за вчерашната сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени е неприлагодената брзина на патот, изјави утринава министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е во посета на СВР Охрид.  – Во синоќешната сообраќајка, за жал, животот го загубија три лица. Согласно првичните информации што ги добив станува […]

Хрватска ќе треба да плати 200 милиони долари на унгарски МОЛ


Американскиот федерален суд во Вашингтон го отфрли барањето на Хрватска за отфрлање на наредбата на унгарскиот МОЛ за спроведување на арбитражната одлука од 2022 година, со што уште еднаш се потврди меѓународната правна сила на арбитражните одлуки и обврските на државите кон инвеститорите во согласност со меѓународните договори, пишува Вечерњи лист. Станува збор за компензација […]

Сопственост на моторни возила, историјат за возило – нови услуги на националниот портал uslugi.gov.mk


Министерството за дигитална трансформација денеска информира дека достапни се две нови услуги на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, кои се однесуваат на Министерството за внатрешни работи. Како што посочуваат од Министерството, станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот – Потврда за моментална сопственост на моторни возила […]

Во завршна фаза рехабилитацијата на патот од Охрид до Св. Наум


 Министерството за транспорт и врски информира дека во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри. Инвестиционата вредност е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Досега, комлетно е асфалтиран потегот од граничниот премин на Албанија до Пештани во должина од 19 […]

Вредноста на доларот падна трета недела по ред


  На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна минатата недела, трет пат по ред, бидејќи американската валута и натаму е под притисок поради трговската војна меѓу САД и Кина. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни валути, падна за 0,6 отсто минатата […]

Израел не исклучува напад врз иранските нуклеарни локации


Израел не ја отфрла можноста за напад врз иранските нуклеарни постројки во наредните месеци и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп му кажа на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека САД засега не се подготвени да поддржат таков потег. Ова го јави Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски функционер и уште две лица запознаени со […]

Подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење: Обвинителството за сообраќајката во која загинаа три лица, а осум се повредени


Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени. Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена […]

Врховниот суд на САД ја запре депортацијата на обвинети Венецуелци


Врховниот суд на САД и нареди на администрацијата на Доналд Трамп да ја запре депортацијата на Венецуелците обвинети дека се членови на озлогласена банда, според закон од 18 век. Одлуката доаѓа откако американското здружение за граѓански слободи (АЦЛУ) поднесе тужба против администрацијата на Трамп поради планираните депортации на Венецуелци кои се држат во притворен центар […]

Излегоа од печат стрип списанијата „Стрип креатор“ и „Стрип алманах“


Македонските стрип автори доминираат во најновите списанијата што ги издава Стрип центарот на Македонија – Велес, а кои се финансирани преку Годишната програма за издаваштво на Министерството за култура и туризам. Како што информира програмскиот координатор на Стрим центарот Томе Трајков, во бројот 37 од списанието „Стрип Креатор“ застапени се македонските автори Дарко Богданов, Александар […]

Зошто Велигден не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот


Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа? Временското растојание, од кога до кога […]

Ова е народната песна која Тито, наводно, лично ја забранил. Беше хит, но премногу е тажна


  Песната за која се раскажуваат најразновидните приказни и урбаните легенди на просторите на поранешна Југославија е народната песна „Белите дробови ми се болни“ (Pluća su mi bolna), чиј автор е Драгиша Недовиќ. Оваа тажна балада е компонирана во 1950 година и ја отсликува личната борба на поетот со туберкулозата и чувството на неизбежна пропаст. […]

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје


Руските сили извршија нови напади со дронови врз источниот украински град Харков во текот на ноќта, насочени кон станбени области, соопшти денеска градоначалникот Ихор Терехов. ДПА пренесува дека нема други дополнителни детали. Нападот дојде само еден ден по рускиот ракетен напад врз градот во кој загина еден човек, а повредени беа најмалку 50 други. И […]

Русија и Украина ќе разменат 500 воени заробеници


 Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите. Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници. За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 […]

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден


Оваа година и православните и католичките верници го слават Велигден на ист ден – 20 април. Ваквото поклопување не се случува често, бидејќи источната и западната црква користат различни календари (јулијански и грегоријански), но годинава датумите се совпаѓаат. Двата најважни празници во христијанството се Божиќ и Велигден, денот на раѓањето и денот на воскресението на […]

Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението


Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од […]

Нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, многу прашања се уште чекаат одговор


Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.  Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за […]

Од попладне посебен сообраќаен режим во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром поради верскиот празник Велигден


По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопшти МВР, во периодот од 18 часот во центарот на Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” […]

Сончево и топло со локална облачност


Во земјава денеска ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува  слаб до умерен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 11, а максималните ќе […]

Тројца загинати и осуммина повредени во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар


Сообраќајката што се се случи меѓу Кичево и селото Трапчин Дол, во непосредна близина на „Сеферов Бунар“ однесе три жртви, а дури осум учесници се повредени. Три лица се загинати, а осум се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва во 20:55 часот се случила меѓу три возила на патот Кичево – Гостивар, информираат од Секторот […]

Прекин на сообраќајот меѓу Кичево и Гостивар поради сообраќајка


Прекин на сообраќај: Поради сообраќајна незгода на магистралниот пат А2 Делница Кичево – Гостивар, во непосредна близина на „Сеферов Бунар„ меѓу Кичево и с.Трапчин Дол, сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила. Тројца загинати и осуммина повредени во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар