Поглаварот на ИВЗ Фетаи: Смртта на папата Франциск загуба за мирот во светот


Поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи изрази сочувство на социјалните мрежи по повод смртта на папата Франциск. -Веста за смртта на Папата Франциско не потресе и го дочекавме со жалење и тага. Католичкиот свет и човештвото загубија голем човек со исклучително влијание во развојот на светските настани. Тој […]

Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за билатерална процедура за разговор за ненапаѓање на цивилни цели, мислел на преговори конкретно со Украина. – Можна е дискусија, кога претседателот рече дека е можно да се разговара за прашањето за ненапаѓање на цивилни цели, вклучително и билатерално, конкретно мислеше на […]

Швајцарија на врвот, Полска на дното: Погледнете каде се највисоките и најниските просечни плати


Истражувањето на платформата Numbeo, објавено од порталот RankingRoyals, ги открива најновите податоци за просечната месечна нето заработка во светот за 2024 година – односно износите што ги добиваат вработените по одбитоците за данок. Податоците откриваат значителни глобални разлики, а очекувано, најголема заработка е забележана во развиените економии на Западот, додека многу земји се уште се […]

Четврти неуспешен обид за конституирање на парламентот на Косово


Денеска повторно, по четврти пат, пропадна обидот за конституирање на косовскиот парламент, бидејќи кандидатката за претседател од Самоопределување, Албуљена Хаџиу, не доби доволен број гласови, пренесе Бета. Пратеникот од Самоопределување, Глаук Коњуфца, изјави дека тие и понатаму го предлагаат истото име, Албуљена Хаџиу, и нагласи дека, со оглед на тоа што другите партии се изјаснија […]

Уште едно мало дете каснато од куче во Битола


  БИТОЛА – Детенце на возраст од една година и седум месеци е каснато на лицето од куче скитник на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Немилиот настан се случил вчера на Велигден, после пладне, кога детенцето во присуство на повозрасното тригодишно братче и родителите си играло на скалите од споменикот Филип Втори на плоштадот „Магнолија“, кога […]

Путин го ратификуваше стратешкиот договор со Иран


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за ратификација на договорот за сеопфатно стратешко партнерство со Иран. Со договорот се утврдува правната рамка за понатамошен развој на соработката меѓу Москва и Техеран, пренесе Бета повикувајќи се на руски медиуми. Тој го гарантира статусот на Русија и Иран како стратешки партнери и ги покрива сите сфери, вклучувајќи […]

Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите


 Европската унија е одлучна да го примени својот дигитален правилник во целост без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите како Х, Мета, Епл и ТикТок или во која земја се наоѓаат, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – Правилата што ги изгласаа нашите законодавци мора да се спроведуваат. Затоа […]

Мицкоски: Папата Франциско беше глас на совеста во време на глобални предизвици


 Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по повод смртта на папата Франциско во кое посочува дека тој како духовен водач зад себе остава неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет. -Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или […]

Јокиќ меѓу тројцата номинирани од НБА за најкорисен играч


Познати се номинираните за титулата најкорисен играч на регуларниот шампионат на НБА во сезоната 2024/25, објави прес-службата на лигата. За наградата номинирани се Шаи Гилгеус-Александер од Оклахома Сити, центарот на Денвер, Никола Јокиќ и ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо. Јокиќ претходно три пати беше прогласуван за најкорисен играч во НБА. Гилгеус-Александар и Антетокунмпо никогаш […]

Папата веројатно почина од мозочно крварење


  Мозочното крварење е можната причина за смртта на папата Франциско, наместо респираторните проблеми кои произлегуваат од неговата неодамнешна пневмонија опасна по живот, објави италијанската агенција АНСА повикувајќи се на добро информирани извори. Неговата смрт настапила ненадејно утрово во 7 часот и 35 минути и, како што се наведува, не била директно поврзана со болести […]

Во САД отвараат нова платежна мрежа со крипто, конкуренција на Виза и Мастеркард


Компанијата Circle, издавач на стејблкоинот USDC (крипто валута со фиксен курс поврзан со американскиот долар), најави отварање на глобална мрежа за исплати и трансгранични трансакции а како можен конкурент на гигантите Visa и Mastercard. Свеченото отварање на мрежата е закажано за 22 април во седиштето на компанијата во Њујорк, каде извршниот директор Џереми Алер ќе […]

Ватикан: Првата јавна молитва за папата вечерва на плоштадот Свети Петар


 Првата јавна молитва за папата Франциск, кој почина денеска на 89-годишна возраст, ќе се одржи вечерва на плоштадот Свети Петар, соопшти Ватикан. Молитвата ќе се одржи во 19:30 часот по локално време. Молитвата, на која се очекуваат илјадници верници, ќе ја предводи италијанскиот кардинал Мауро Гамбети, соопшти прес-службата на Светата Столица.

Во Аргентина седумдневна жалост поради смртта на папата


Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј прогласи седумдневна национална жалост поради смртта на папата Франциск, соопшти денеска претседателството на земјата. „Претседателот прогласува седум дена жалост за смртта на светиот отец, напиша портпаролот Мануел Адорни во кратка порака на мрежата Икс. Папата Франциск, аргентински папа, почина денеска на 89-годишна возраст. Милеј претходно во порака на Х изрази длабока […]

Светските лидери изразуваат сочувство за смртта на папата Францискo


 Голем број светски лидери ја изразија својата тага и изразија сочувство за смртта на папата Францискo. Кралот на Велика Британија Чарлс Трети: „Длабоко сум тажен поради смртта на папата Францискo. Изразувам искрено сочувство и големо сочувство до Црквата на која тој служеше со таква одлучност“. Франк-Валтер Штајнмаер, претседател на Германија: „Во лицето на Францискo светот […]

Почнуваат пролетните средби на ММФ и Светска банка


Пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка ќе започне денеска во Вашингтон и ќе трае до 26 април. Главните теми ќе бидат глобалните предизвици како што се забавувањето на економскиот раст, должничките кризи, климатските промени и трговските тензии. Пролетниот состанок во Вашингтон ги собира гувернерите на централните банки, министрите за финансии и […]

Кристен Стјуарт се омажи за долгогодишната девојка


Кристен Стјуарт се омажи! Ѕвездата на „Самрак“ (35) се омажи со сценаристката Дилан Мајер во Лос Анџелес во неделата, 20 април, според ТМЗ. Изданието известува дека двојката си разменила завети дома пред интимна група најблиски – вклучувајќи ги Ешли Бенсон и нејзиниот сопруг Брендон Дејвис – откако добиле дозвола за брак во судот. Стјуарт и […]

Кој ќе биде новиот папа? Еве кој има најголеми изгледи


По смртта на папата Франциско, светот чека да види кој ќе го наследи додека кардиналите се собираат во Рим на папската конклава. Папата Франциско, кој почина утринава во Ватикан, беше првиот папа од Латинска Америка, а тоа сигнализираше поширока промена во католичката црква, по што се очекува поглавар на Римокатоличката црква да биде „првиот црн […]

Европа се соочува со предизвик: Како да се задржи работната сила во земјите со пониски плати?


Додека работниците од Источна Европа продолжуваат да мигрираат на Запад во потрага по повисоки плати, регионот останува соочен со двоен предизвик: како да се одржи конкурентноста на пазарите со пониски плати, а истовремено да се спречи заминувањето на квалификувана работна сила? Очигледно е зошто многу професионалци и занаетчии од источноевропските земји избираат да се преселат […]

(Галерија) Ова се пораките на папата Франциско од Скопје до светот и до македонските граѓани


Утрово, на 88 години, почина папата Франциско, кој ќе остане запаметен и во нашата историја како прв поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил Македонија. Тој беше 226-от римски бискуп и шеф на државата и суверен на Ватикан. Ја водеше Католичката црква од 13 март 2013 година. Секуларното име на папата е Хорхе Марио Бергољо […]

Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан


Погребот на папата Франциск ќе се изврши најдоцна за девет дена, а во рок од еден месец ќе биде свикана конклава за избор на неговиот наследник, соопшти Ватикан, цитиран од италијанската новинска агенција АНСА. Поглаварот на Римокатоличката црква изутрината на 88-годишна возраст, откако имаше тешка билатерална бронхопневмонија, за која беше потребна привремена хоспитализација во февруари. […]